Дојдов да се пожалам за тушот на Гош со дебела четка. Порано бев презадоволна, мат туш што не се пресликува. Не го користев неколку години и сега решив пак да го купам и се разочарав. Воопшто не остава црно, изгледа како со водена боичка да сум поминала на окото. И три пати да поминам пак нема убава црна боја. Џабе фрлени пари.
Провери да не е поминат рокот? Бидејќи викаш дека си го користела порано па може и да е сменета формулата.
Не е до рокот. Кога ќе се проба на рака е ок ама на око е друга приказна. Или ја имаат сменето формулата или згрешена серија.
Го користам тушот на ГР , убаво остава црно ама не е водоотпорен и одма и да се допрам се размачкува. Ми треба препорака за добар туш , што стои цел ден и не се размачкува?
Пробај го новиот од Голден Роуз, Vinyl eyeliner. Баш е со тие карактеристики кои ги опиша и има многу убаво и прецизно четче што би било супер и за почетничка и за испраксана рака. Дефинитивно не се пресликува и на масни очни капаци и цената му е супер, 179 денари беше мислам.
јас го купив 18 долари во САД, незнам колку е кај нас. Инаку јас немам мрсни капаци и не можам да ти кажам со сигурност дали се пресликува, ама мислам дека не се пресликува
Јас сакам да ве прашам дали некоја го користела ајлајнеров на Аура? Сега се навикнав на вакви ајлајнери во вид на фломастер и не би земала од течните го користев на Кат вон д , ама викам да пробам и нешто друго , не ми се дава секогаш 21 евро @marama можеби го имаш користено? http://www.aura.co.rs/rs/ajlajneri/398-tecni-ajlajner-u-olovci-matteskinny
Нормално дека да Имам два фломастери и двата се многу добри иако по тоа како изгледа овој дефинитивно повеќе го користам . Многу е флексибилна четката, бојата се нанесува рамномерно и трае додека не се измијам. Цената е некаде околу 300 денари.
Да, дури многу поубаво стои дирекно на капаци него со сенки. И јас имам масна кожа, плус очите ми се осетливи и често ми солзат ама тушот не ми мрда.