Дечки, го видел некој тушов за очи? Да не има негде залихи уште? Совршен беше, долготраен и со прецизен врв, не се размачкуваше воопшто при екстремни температури. А, сега овој новиов, катастрофа ми е, има интензивна црна боја, да, ама се размачкува уште ненанесен целиот, башка врвот е ужас, долгнавест и ич непрецизен.
@senza.parole Леле јас го земав овој на Мејбилин вториот , катастрофа , и со база ми се пресликува на капаците
Со години го користам водоотпорниот туш на Есенс, но сега почна да ми пука на некои места. Ми треба туш кој ќе биде мат и нема да се пресликува со сигурност. Не сакам во форма на пенкалце бидејќи имав 3 такви и ми се истрошија за неполн месец.
Мене овој не ми се размачкувал, ама не е туш туку диплајнер. Како сакаш,можеш и таму да пробаш тестер.
Винил лајнерот е добар, не се размачкува кај мене. Диплајнерот, а и обичниот туш што им е најевтиниот со тенка четка мене ми беа утка. Џабе се евтини, кога не стојат. Винилот е и водоотпорен, не пука, не се брише, за 180-190 денари е одличен.
Туш ајлајнер на аура е многу добар,мат,не се пресликува а ни размачкува,ми стоеше се додека не го избришав околу 15 сата
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRS...campaign=01&year=19&index=01&zoom=0&type=core горе лево, нешто приближно Инаку да, тоа што го имав го нема во овој број.
Со овој туш се чувствувам како про во туш ставање, из прва. Предобар. Го нанесов од 17.30 часот и не ми е изваден уште и изгледа како сега да е ставен.