Види од тој на Golden rose како фломастер што е, за кој што пишува членката под твоите мислења, имаше плав/тегет и зелен. Види исто на Golden rose од тие dip liners мислам имаше и во боја ама не сум сигурна за тие
Ќе ве мoлaм дa ми препoрaчaте туш, сo мекa четкa, црн пo бoјa, штo не се брише зa крaткo време, нo дa не биде вoдooтпoрен. Гo кoристaм oвoј пoдoлу нa сликaтa нo не сум бaш зaдoвoлнa.
Го имам на аура тушот , со мека четка е добар е и не се пресликува и не се брише одма. За овој зборувам.
Да ми предложите туш за очи со тврда летка, кој не се пресликува и не се брише за брз период? Пишете ми кој и каде може да го најдам. Фала
Двата ми се погодиле ептен, првиот е баш пенкалце, а вториот е како со сунѓерче, не е толку цврст апликаторот како на пенкалце. Ги има во ДМ и Еликсир.
Мене почна да ми се пресликува и винил лајнерот од Голден Роуз. Немам баш масни очни капаци, сенките си стојат без проблем, а тушот за никаде. Ќе пробам со прајмер следен пат, иако сè си мислам дека пак ќе се вратам на тушот на Мислин, ако уште го има.
Јас дојдов по не знам кој пат да му искажам огроомна љубов на тушот од есенс во сино-црно пакување. Јас и за до продзавница ставам туш, така да имам многу сменато али на овој стално се враќам. За цена од 170ден се добива трајност, интензивна црна боја и ептен прецизно исцртување. Притоа како шо ќе го ставиш така стои, не се мрда. Потпишувам со две раце за него.
Драги феминки, дали би ми препорачале некој кафеав гел лајнер (brown gel liner) и каде можам да најдам освен во Мак?
Во потрага бев по некој каков било туш кој НЕМА да се преслика по неколку часа носење и сосем случајно нарачав еден обичен лајнер со тврда четка од Фармаси. За 159 денари, испадна и повеќе од одличен. Има и со тенка четка, ќе го пробам и него кога ќе го потрошам овој.
Ај стави слика од него ако сакаш да знаеме кој е точно, има еден како пенкалце, еден со подебелко пакување