Јас бев многу задоволна, но сега ајлантерот го правам доста потенок, па го користам водоотпорниот на Есенс во форма на пенкалце. Инаку овој е баш црн и не се пресликува воопшто.
Јас го користам овој на ГР од 7мо одд. (значи 7 години веќе) и најдобар ми е. Не знам некој друг што го сака ко мене хахаха. А инаку, сум пробувала со многу на Есенс, Авон, Малена, Аура и никој не ми се допаднал толку.
@Mishela истиов одговор и јас го давам, ама мене ми се размачкува само во близина на надворешното ќоше од окото (не знам како да се изразам поинаку) кога ми солзи окоти.
Видов. Нема врска и мене ми беше корисен тагот - ги погледнав предлозите од последната страница зашто и мене ми фали туш. Ќе пишам што ќе се одлучам да си купам.
Јас овој го употребувам, веќе трет ми е по ред. Четката ако не се погоди - се е џабе. Овој е со стапче, ама некако не е баш тврдо , софт е.
Уште не сум купила. Го користам тој што го имам, фломастерот од Голден Роуз. Штом уште не се исушил (купен ми е од пред пола година сигурно), има потенцијал. Многу ми се свиѓа каков е, не беше толку убав на почетокот кога го купив па ќе го дотрошам и ќе видам каков ќе си купам следно.
Јас го купив тој водоотпорниот на есенс со сино капаче и многу тешко се вади четкичето од тубата и башка е искривена четката. Не знам дали така треба да биде или мојата е дефектна.
Мене ми е предобар. Претходно еден со сребрено капаче на есенс користев ама го немаше и го земав овој за замена и супер е. Не ми се размачкува воопшто, може цела шминка што се вика да ми се распадне ама тушов не мрда