Мене исто ми се случи па во канта заврши Од дрогерискиве од Аура тоа во белото пакување, поарен не сум нашла. Не мрда Јас дојдов да прашам за предлог за водоотпорно црно моливче, за tightlining ми треба, ама да не ми станува smokey eye за пола саат
Предлог за добар туш што трае, воопшто не се размачкува и тешко се вади? Ми скисна, кој и да го купам по саат време избришан или измачкан го наоѓам
@Tan4ence на Аура си ги пробала? Моментално овој го користам А сум ги пробала и овие два , сите три се сигурно водоотпорни. Пред да нанесуваш туш , ти препорачувам да користиш база за сенка
Малена. Мене барем ми е совршен, 3г го користам само тој. За 100ден, ем седи цел ден, не се пресликува, ни размачкува, а и црна јака боја е, ем лесно се нанесува. Ако го немаш пробано, пробај го.
Јас пред туш обавезно ставам на капакот камена пудра, пудра во прав или мат сенка и нема мрдање Голден Роуз обичниот со тврда четка ми е незаменлив, околу 150 ден.
Мене ми брка работа самоостречкото од Авон веќе 15 години само таков користам, blackest black нијанса. Не мрда.
Можеби 2 години не сум користела туш, па ми треба предлог за некој што лесно се нанесува, пошто ич не сум спретна+ имам спуштени капаци. Само да не е тој од Есенс со плаво капаче.
На Малена. Ептен е тенко четкичето, јас така се научив да ставам туш, благодарение на тоа четкиче. Плус и спуштени капаци имам и не ми се пресликува.
Јас го користам тушот од Голден роус со тврда честка и задоволна сум и пушта црно и плус можеш да го нанесеш зашто е потврдо четкичето и трае.
Го имав порано, не ми беше нешто убав. Ми се пресликуваше и размачкуваше. Но, спуштени капаци имам може затоа шознам... Некои тука читав го фалеа. Може така ми се погодил.
https://m.aliexpress.com/wholesale/...N65kkXT3_2G-cf0PMG2anqc5Otj7snc4aAgwcEALw_wcB https://m.aliexpress.com/item/32832...N65kkXT3_2G-cf0PMG2anqc5Otj7snc4aAgwcEALw_wcB znae nekoj kaj nas kade mozam. da najdam vakvi i pod koe ime? nebi da naracuvam sega od aliexpres a nemozam nikako da naucam pravilno da stavam tus pa ova bi mi bilo od pomos