Не сум видела вакви, не знам. Јас би ти рекла да ѕирнеш во Базаро, Минисо или во прпдавниците се за 99 и во тие може да има нешто вакво.
Предлог мат туш кој нема да ми се размачка, преслика и сл? Имам мрсни капаци и секогаш го имам тој проблем. Ги користев на Есенс водоотпорните со години, потоа Винил на Голден роуз, но сјаен финиш имаат и тоа не ми се допаѓа баш. И никако Малена, тие ми се размачкуваат одма.
Јас го имам користено вториот, остава убава црна боја и самото пакување трае бесконечно.. Јас го фрлив затоа што несакајќи ми се скрши инаку ќе го користев уште
Каде може да се најде eyeliner во боја, но вибрантни бои како розева, жолта, портокалова? (нешто како neon, значи да се познава)
Едно време nyx имаа вакви лајнери во боја, во некои вакви бои какви што сакаш. Мислам дека колекцијата се викаше vivid brights, види дали можеби ги има во Александар козметикс. Мене нивните лајнери ми се супер, имам користено само црн, ама и овие обоените изгледаа супер на рака, ги пробував во Сефора поодамна.
Јас го порачав овој од sminka.mk и поголем ужас немам видено ! Црна боја 0 , а четката кога го отворив беше како цвет едно влакненце таму едно таму .... до мојот е таков ми се погодил или генерално е лош производ стварно незнам
Вистина е ептен лош туш. Пред 4 години го имав земено, ни боја оставаше, некоја светло црна бледа никаква, четката исто дно, па како се размачкуваше, никаков беше. Катастрофа. Никад веќе не ми текна туш да земам на ГР.
Многу не ме бидува за да си ставам туш. Препорачајте ми,советувајте ме со што најлесно ќе можам да се нашминкам. Некои ми велат со тврдо четче ама пак имам спуштени капаци и не ми е убо . Совет...
Земи некој од тие како фломастери. За почеток супер се. Тој од Голден Роуз е убав и не е скап, околу 200 денари. Мене ми беше одличен, ми траеше многу долго време.
Пробувај повеќе пати да се црташ со туш. Само со вежбање можеш да се научиш. И јас сум пробала со секакви техники за да се нацртам ама ништо не ми успеа, се научив само од тоа што пробував повеќе пати да се шминкам и со секој нареден пат беше се подобро и подобро.
Јас користам туш/пенкало од Фармаси и многу е добар. Се суши за 10 секунди и не се размачкува. Има со тенка и подебела четка, јас го имам со потенката..
Од голден роуз тушот го користам веќе една година. Пакувањето е црно,на него пишува диплајнер,за мрсни капаци е. Убаво се суши и трае.
Добро со што го бришете тушот на Аура, белиот Wing It? Значи многу сум задоволна не мрда и по 10/12 часа, прецизна четка, ама нема бришење после. Користам маслен отстранувач на heimish, па и со мицеларна дочистувам ама капаците ќе си ги откорнам додека искочи. И сабајле пак некое црнило ќе се појави. И есенс е водоотпорен ама лесно ми искачал со маслен секогаш. Дури не повторувам само еднаш поминувам со четкичката.