На Есенц со плаво капаче, смешна цена има а квалитет вреден. Исто и на голден роуз dipliner со црно капаче и тврда четка.
Јас користам од авон, задоволна сум, многу природно делува, прецизно можеш да го нанесеш и не се суши четкичката а плус од другата страна има коректор за бришење. Мислам дека не е повеќе од 300 денари
Види на ФБ nama.mk мислам беше страната, имаат едно како мачка, не знам како да ти објаснам баш за таа намена е. Јас имам вакви и воопшто не ми помогнаа, ама со редовна употреба на туш и сама ќе научиш да го нанесуваш.
Може ли да ми препорачате туш за почетници, само да не е на Golden Rose (по неколку користења почнува да се суши и треба да повторувам многу пати за добра црна линија).
Овој е многу добар, добра пигментација, не се размачкува и брзо се вади. Љубов на прво користење, сигурно 5-6 имам потрошено. И четкичето е многу прецизно, не е многу тенко ниту многу дебело.
И јас му се вратив на тушов после сто години. Неколку пати по ред го купував тој на Евелин со златно капаче, ама последниов пат ми се погоди скроз исушен и се изнервирав па го зедов овој на Есенс. Сè уште ми е истиот, четката е многу згодна за раката и прелесно оди извлекувањето на опавчето.
Девојки, препорачајте ми добар туш за очи да не е со класична четкичка.. Моментално го користам на артдеко овој туш, четката му е направена од тенки мали влакненца, значи не е сунѓераста, ако знаете некој ваков со поприфатлива цена докај 500,600 денари кажете ми
Јас наизменично овие два ги користам, водоотпорни се, црни, не се размачкуваат, тој на Аура би требало да е поевтин од NYX
А дали го имаш пробано на катрис тој it's easy black? Тој мислам не е водоотпорен ми фати око, зашто избегнувам водоотпорни