Ретко користам туш и секогаш го имам истиот проблем, 2-3 ставања и после фрли го пресушен. Предлог за некој што ќе ми трае подолго?
Види поназад имам пишано за еден на Катрис со златни букви, го користам повеќе од два месеци сигурно и сум презадоволна.
Никогаш не научив да ставам туш. Или немам трпение или стварно не ме бива. А инаку убаво изгледа ако е прецизно исцртано.
На аура matte & skinny е подобар од овој на сликата. Двата сум ги користела и од тој сум позадоволна.
Ovaj go zedov od Schatze mi go preporacaa deka so tvrda cetka barav. Vodootporen e ne mrda od okoto ama i taka nemam mrsni kapaci.
Девојки да ми предложите некој туш ама сакам гел туш во кутивче, барав во дм ниеден не најдов ни на лореал немаше. Не знам на која друга фирма има? Да не е екстремно скап само не го користам за секој ден.
Има во дм од essence и аура такви, околу 200-300ден се. Лореал е поскап околу 800 мислам. Провери во повеќе дм продавници.
Девојки најдобар туш што ми траел и до 48 часа без да мрдне и го препорачувам на секого е од Лореал нема шанси да ви се исуши пошто е гел туш и трае вечност . https://images.app.goo.gl/Rnwf5mHDpEnChNdz7