Користам туш пенкало од Авон, ама моментално нема да можам да порачам, па зедов од парфимерија на Импала ама не ми се допаѓа. Препорака за туш пенкало што не се размачкува освен Импала и She?
Околу 250- 300 денари, не сум сигурна. Имаш и на есенс околу 200 денари ама не сум сигурна како се викаше.
На аура и јас користам, околу 300 денари беше. Супер е ама повеќе ми одговара со четкичка. А со четкичка, дефинитивно најдобар на есенс околу 150 денари е.
Имаш на есенц од тие малите. Има црн,кафеав и сребрен. Пробај може ќе ти се допадне. Исто така имаш и на nyx течни може малку се поскапички ама разгледај.
Мене на Bell ич ама ич не ми се убави. Одма се бришат а бе ги снемува од очи и покрај тоа што ставам Artdeco база за очи..
Зависи кој од Бел, имам користено три, два ми се одлични. Intense што е во форма на пенкало и precise liquid кафениот ми се супер.
https://www.dekorativaklasik.mk/product/bell-perfect-dolgotraen-moliv-za-ochi/ @buba4e89 пробав и со Римел и со NYX, I so Colour pop и без база не бре .. И на крај водоотпорно моливче од Римел се погоди ненормлано добро. А за Туш најдобар деф на Colour Pop ! Ги нарачувам онлајн..
@nena2010 не помнам овој дали сум го пробала ама конкретно intense го имам препорачано на многу луѓе и 90% од тие што го купиле се задоволни. Секој бренд има добри и лоши производи така што не може да се каже за еден бренд дека е лош ако не ни се погодиле два, три производи.
https://colourpop.com/products/numero-uno Golden rose да ама Esence не сум пробала. Од Princess lashes маскарата многу ме печеа очите и заобиколувам од нив се за очи што е. Генерално се што ми е од козметика од странство нарачана а ја има истата тука е далеку поквалитетна. Кој знае што класа ни носат кај нас.