Предлог за црн туш со тенка четка? Кој е подобар на Есенс, голден роуз или аура? Од која марка се исплати да се купи?
Туш во форма на пенкалце кога знаете дека е потрошено/кога го фрлате? Кога веќе прекинува црна боја да пушта има или одреден временски рок?
Кога нема да пушта боја рамномерно, туку почнува да прави прекини. Секако ќе ти се потроши пред да му помине рокот.
Брзо се сушат, ќе приметиш кога ќе почне бојата да станува побледа или воопшто веќе нема ни да функционира.
Си имаат рок на траење, и да црта убаво ако рокот веќе истекува треба да прекинеш да го употребуваш. Ама генерално, ваквиот тип на тушеви мене брзо ми се расипуваат, прекинуваат убава линија да прават и тешко е да ги нанесеш.
Девојки да ми предложите некој туш што нема да се размачка и преслика на мрсни капаци? Одамна се откажав од тушеви дека сите ми се пресликуваа ама ме фати мерак пак да испробам. Ги сетирам секако со пудра во прав ама на крајот на денот сите секогаш ми се пресликувале.
Здраво јас може да ти го препорачам овој каџал. Предобар е многу црн и делува како ѕуш иако не е туш. Може да го користиш и како туш и за сенчање на окото за изглед на smokey eyes Aко те интересира имам и видео со ефект од производот и начин на употреба