Значи иам hooded eyes, и едвај се научив да ставам туш. Едното око, обратното од раката со која пишувам ми искача ТОП, левото око ми е загреф. Коа ми се отворени очите не се глеа разлика. не можам да се глеам Како да се извештам убаво и еднакви да се?? Од надвор личат еднакви, ако мижам или глеам надоле… страшно
Здраво, дали можи да ми предложите туш во кружно паковање шо оди заедно со четче? И од каде да набавам? Мислам дека убо објаснав
Мислиш на туш во кремасто пакување па со четка да го оставаш? Закосените четки? Со четка немам сретнато, обично одат посебно.
Ми се испробува некој нов туш. Овие што ги имам се добри ама сакам нешто ново и да го има по продавниците, да не го порачувам. Некоја препорака за мат туш за очи, што нема да се распадне на топли температури? Наизменично користам и со мека и со тврда четка така да сеедно ми е околу тој дел. Читав неколку страни со мислења претходно дека Aura имаат добар туш во пенкалце, па ако уште се произведува најверојатно ќе го пробам.
Препорака од мене за овој туш на L'Oreal. Пигментиран, постојан, единствен што не ми се размачкува и пресликува, врв е.