Дефинитивно туш! Абре толку ми е убаво кога ќе го ставам тушот со силен млаз над глава и така се заборавам мислејќи си којзнае што. Немам време за легачење у када, макар што порелаксирачки е да, ама како што ми лета денот брзо, луксуз ми е тоа
Јас бирам лежење во када (веројатно бидејќи дома имам туш кабина) За хигиената ќе се согласам со сите вас, но по лежењето во када секако можете на крајот да се исплавите/истуширате. Ахх.. Понекогаш копнеам по една таква релаксација.. Жешка вода, многу пена, купки, морска сол, свеќи и тивко музиче..
Романтична душа сум, мечтател, и не давам ни пет пари ако не било хигиенски. Секогаш кога имам време си ја чистам кадата, си ја полнам со вода, додавам купка и си лежам. Нема поубаво чувство од тоа.. Туш кога брзам или сакам накратко да се освежам. Но барем, три пати неделно практикувам лежење када.
Најчесто туш,но многу сакам и кога ке си ја наполнам кадата,ке си направам убава купка,легнувам и уживам!
Туширање скоро секогаш би одбрала. Во када, иако имаме дома, еднаш годишно дали влегувам и тоа кога ептен немам што да правам. А и 9 месеци не сум си дома, така да, тушот е поарна опција.
Лежам во када само кога сакам да се релаксирам и доколку претходно во текот на денот се имам истуширано. Значи кога веќе сум истуширана во текот на денот си правам некогаш купка со ароматични соли да се ослободам од стрес и да се опуштам.
Во када легнувам дали 3 пати годишно, а толку е убаво чувството- се релаксираш, не мислиш на ништо... Абе уживанции! Сега кога се потсетив сигурно ќе си уживкам во скоро време во када. А туш, тоа е вообичаено и сепак е побрзо почисто и поефтино.
Их јас секогаш би лежела во када, ама додека исчистиш, средиш, напраавиш да ти помине ќеифот...повеќе практикувам туш.. побрзо е и не бара многу одвоено време