Туш кабината ми е и со када Често се туширам само кога ќе останам некогаш дома, ќе ја наполнам кадата
Во едното купатило имам туш, а во другото када. Е сега обично на зима практикувам опуштање во када, уживам во многу топла вода, а на лето бидејќи обично сум навака натака практикувам туш и тоа што е можно по ладен. Милина
Туш најчесто, знаев понекогаш за да се изрелаксирам да наполнам када и да уживам, ама откако имав ешерихија коли и ми рекоа дека и од лежење во када може да ми е, наоѓам нови начини на опуштање
лежење во када кога имам време посебно на зима жешка вода,купатилото цело пареа од водата, музиче убавиниии , а инаку кога се брзам туш дефинитивно
Дефинитивно када најубаво е за релаксирање после напорен ден. Наполни кадата пушти си музика запали си свеќи мзокот на пасенје и уживај. Убавини. Факт е дека се нема многу време ама за себе секој мора да најде па барем по неколку саати
Иако имаме каде , а не туш кабина, јас туш повеќе обожавам... некако ми е нај ок... брзо завршуваш работа и тераш со други работи... незнам можеби добро е и во када ама напразно губење време ми е....
Убаво е лежење во када, ама кога ќе ми текне дека треба да ја рибам со солна киселина пред да легнам (иако е чисто сепак шубе ми е), се решавам секогаш за туш
Лежење во када. Не лежам во када, ама можеби би легнала понатака. Во када можеш да се опуштиш, а во туш-кабина не. Не сакам туш-кабини.
Отсекогаш сон ми било да легнам во када, баш како на филмовите, преполна со сапуница, да одморам од се околу мене, да земам тајм аут на кратко... Никогаш не сум пробала, а навистина сакам. Ама, сепак, мислам дека тоа не е за мене. Ќе треба цел ден да го поминам во чистење на кадата, и на крај, пак ќе мислам дека не сум ја исчистила доволно добро. Грозно ќе ми биде. Затоа, подобро туш, сонот нека си остане само сон.
Туш. Зашо велат дека лежењето во када предизвикувало несакани инфекции таму долу поради хемикалиите во купките, сапуните, гелот... Не знам колку е точно али јас би одбрала туш.
Обожавам да лежам во када во топла вода со сапуница,така да си го опуштам телото. Но,обично се брзам за некаде па почесто е тушот опција. Чудно ми е дека велите ви е грозно да лежите во када,па не живеете со комшиите туку со своето семејство. Незнам од кој ви е грозно али ок. Секој различно.