Одсекогаш сум сакала када,арно ама никако да ги убедам моите да купат...Така да од ко знам за мене се капам со туш...
обично со туш ама знам некогаш после напорен ден да си ја наполнам кадата со вода и да се излежувам најмалце еден сат...
Туш, навика ми е! Сакам и излежување во када, амам не паметам кога последен пат ја наполнив кадата со миризлива купка, запалив некоја миризлива свеќа и се препуштив на задоволството! Најверојатно тоа е од времето кога ,,си бев мома кај мама,,! Сега ми е во навика набрзинка еден туш, а и време немам баш за излежување во када!
Туш набрзинкаи готов си. За када треба вишок на време,да се опуштиш ,убавини.. Затоа туш,15 мин и готов си.
Хмм када... ми треба време додека да ја изрибам детално, не би се осудила да легнам така. Па ќе ја наполнам со вода, и уп празен болјер, па уклучи го пак, па лежам саат време, додека да се излади водата, истовремено да се стопли пак болјерот, па после коса да измијам, тело, ритуали, едно друго и сето тоа=ВРЕМЕ, што дефинитивно го немам баш, така да дефинитивно ТУШ Убаво си беше времето кога си бев малечка и кога мама ќе ја изрибаше кадата за мене, па ќе си легнам јас и ќе си уживам, се додека мамичка не дојде да ме избања хахахахах. Ех времиња од детството, што за жал никогаш нема да се вратат
Еднаш неделно обавезно си ја полнам кадата и се излежавам 1 саат , а другите дена само се туширам на брзинка.
Најчесто преферирам туш,иако понекогаш знам и да си направам бања ама не ми причинува големо задоволство
Бидејќи немам када, практикувам само туш, (30 минути минимум). Се прашувам колку време би трошела ако би имала када Веројатно не помалку од 1 саат.
Неможам сега да се излежавам во кадана,тушот и ајт,толку. Кога бев мала си се легачев в када по 1 час,сега не.
Обожувам лежење во када, тоа е добро за организмот да се опушти и секако подобро се чисти кожата за разлика од туширањето.Со тушрањет колку и да трае водата само поминува низ телото, а со лежењето во када се отвораат сите пори и полесно се исфрла нечитотијата од кожата. Ќе се зачудите колку нечистотоја останува на вашата кожа доколку не практикувате лежење во када барем 1 неделно. Направете експеримент со нозете, измијте ги под туш(додека се туширате) а потоа ставете ги во леген, нека отстојат 15 минути, ќе се зачудите колку нечистотија и изумрени клетки остануваат на вашата кожа. Исто така при туширањето вашите гениталии ги миете само надворешно и тоа многу површно, со лежењето во када и со правилен избор на разни купки, со навлегување на водата во вашиот полов систем, ги отсранувате темелно сите непријатни мириси, кожата поприма од мирисот на купката(затоа што подолго време се задржува на кожата за разлика од туширањето)и се чувствувате по свежо, подолг период. Под туш, се мие кожата само површно за отстранување на мирисите, додека со лежењето во када, сета кожа темелно се чисти. Не џабе се измислени тие 2 поими туширање и бањање, туширањето е нешто што го правиме секојдневно набрзина, а бањањето е темелно чистење на кожата кое треба да се прави најмалку 1 неделно. Уште една мала забелешка ако смеам да си дозволам за крај, без лоша намера. Не разбирам како некои велат немам време за лежење во када т.е немаат време за своето тело а имаат време да пишуваат на форумов, да гледаат турски серии, да прават долги бесцелни муабети на мобилен..... Поентата ми е не разбирам како може да се нема време за своето тело, кое е осноен столб, за се понатаму. Неможеме да немаме време за да го очистиме телото, да појдеме на лекар..... Овде сме релативно млади луге, и не верувам дека некој од нас толку е зафатен за да неможе да си посвети време на сопственото тело. И, да е така, попрво би ускратила 1 час од сонот за да направам нешто корисно за моето тело, а со самото тоа и за себе.