Иууууу кадаааа ме асоцира на нешто валкано, нехигиенски и полно со бактерии, без разлика колку и да е чиста истата. Воопшто не практикувам да лежам во када иууу Само туширање во туш кабина.
Туш-доколку треба да излезам негде набрзина,ако нешто во момент излдегло... А инаку практикувам лежење во када кога имам време на располагање,сакам да се излежавам во кадата ,така се опуштам дури понекогаш си мислам да е ова кревет би заспала за секунда време...И после тоа туш што е нормално
Јас преферирам полна када! Зошто? Има ли нешто поубаво од тоа да си легачиш во када, музиче од телефон и цигарче... Убавини... Понекогаш и си забегувам по малку со ова капењето во када. Имено, додека живеев во Скопје, како студент со дечкото, кога тој беше на работа јас ќе земев ќе си запалев свеќи, ќе ги наредев околу кадата, а сијалицата ќе ја изгаснев. Во кадата покрај купката сун ставала и млеко, па дури и листови од рози (што сум ги украла претходно од нечиј двор). Па не можете да си замислите колку убаво изгледа водена кожа на светлината на свеќите. Ќе си се воодушевувате самите на себе....... За туширање ретко се туширам. Треба ептен да немам време за да влезам под туш. Смрт ми беше еден период каде што седев под кирија и немаше када туку туш кабина! Едвај чекав да се вратам за викенд во родниот град за да си ја наполнам кадата
Лежење во када е најубаво нешто, особено после напорен ден ама за жал кога се нема толку време за када, тука е побрзата варијанта - тушот
Гледам барем еднаш неделно да најдам време за долгоо излежување во када. Доста ме опушта и ми помага , барем на кратко, да се тргнам од секојдневието. Инаку секојдневно туширање, затоа што немам многу време.
Лежење во када + џакузи. Јас и кога се туширам едно пола саат ми лета. Кога ќе влезам во купатило сите ме прашуваат '' Отиде да се тушираш или да пливаш '' ?
Повеќе се туширам.А кога имам премногу слободно време знам и по час или 2 да си лежам во када и да си уживам
Лежење во када. Па сакам да ставам разни глупости во водата, купки, морска сол итн. А се туширам почесто, се поретко имам слободно време.