добив када па сега сакам да купам па ме интересира дали знаете каде се продаваат едни како топки што се фрлаат во вода и ја прават целата шарена освен во lush? и ме интересира кај има купки за во када за убав мирис и која е цената?
Пред гoдинa денa јa извaдивме кaдaтa и сегa ептен жaлaм дa ви кaжaм. Тoчнo е декa кaдaтa зaфaќa пoвеќе прoстoр, aмa не мoже дa се зaмени уживaњетo сo туш. Пoрaнo ќе нaпрaвев пенa сo шaмпoн и тaкa ќе лежев, a сегa немaм кaде.
Сакам некогаш да ја наполнам кадата и да се опуштам, али сепак преферирам туш, многу е побрзо и поедноставно.
Када е добра опција, но треба време, онака опуштено, а се’ ми е на брзање, обврски еден куп. Сепак тушот е порационална работа.
Незнам дали е соодбжветно прашањево за ваа тема , но од каде може да се нарачаат добри паравани за туш со цокле?
Често ми се случува да ги практикувам двете во ист ден: Туш кога брзам и кога имам потреба од брзо расонување, наутро. Лежење во када по долг напорен ден, за опуштање. Чаша вино и музика за атмосфера. Класика
Када е поубаво за уживање, ама поради немање време, туш врши работа попрактично и брзински ми е. Јас лично не би ставила туш кабина, и двете може, ако бирам би ставила када.
За чистење и дезинфекција на када што користите? Скоро каде што живеам, има када, ама не знам на колку луѓе е издаван станов пред мене и некако ми е шубе, дали само доместос би било доволно? И пенлива купка од која сте задоволни?