Повеќе сум за туш, поубаво ми е. Во када не се сеќавам дали сум се бањала, имавме во вц када ама никој не ја користеше и ја фрливме нова.
Претпочитам кадааа! Пушташ филмче, лаш бомба внатре, винце во рака маска на лице и уживанци. Мада и туш си има своја убавина зависи дал е брз или од подолгите.
Најчесто туш. Додуша сега немам ни када, али кога имав речиси воопшто не ја користев за лежење оти многу брзо ми се ладеше водата и то ме нервираше, а и моите ги нервираше зашто цел бојлер топла вода трошев.
Туш, порано имав када, ама ем целата топла вода ќе ја потрошев, и пак бргу ќе се изладеше па само се нервирав . Ја не знам како седат со вино, книги и чуда долго време, па ја има да смрзнам. Вака ми е тамам.
Туш, цел болјер го трошам при едно бањање, повеќе вецето го бањам отколку што се бањам себеси. Знам знам.
И јас тоа се мислам, и колкав болјер имаат, треба многу вода. Последно во када бев кога бев дете. За зимно време па 3 бојлери не ми стигнуваат.