Туш,секогаш туш. Не знам ама немам таква навика да лежам во када.Можеби затоа што мајка ми кога бев мала не ми дозволуваше (најверојатно ја мрзело да ме чека,па на брзинка да ме истушира ) Не памтам кога воопшто сум лежела во када.Единственото лежење при капење што го памтам т.е го гледам на сликите е кога сум била бебе во коритце.
Не можам да ја поднесам мајка ми и нејзиното мрчење што следува после лежењето во када . Ама кога ќе живеам сама најверојатно ќе го практикувам ова Мада исто се фаќа , јас и овака не можам да искочам а да остане во болјерот топла вода
па иекрено сакам лезејне во када али поради пареата и топлата вода не мозам да седам мн така да повеке практикувам тус
Када дефинитнивно. Така се одмарам, миризливите купки ме опуштаат и сум поспремна за учење, пишување итн.
Дома имам туш кабина и си немам лежено во када одамна.Повеќе се релаксирам лежејќи во када ама туш си е туш
Туш. Туш. Туш. Мислам дека никогаш не сум лежела во када. Ама туш е поинтересно, барем за мене. Кога ќе завршам, ќе почнам да прскам се околу. Прво завесата од кадата ја мијам, и таа се цеди доле. После тоа сите шампони, па после плочка по плочка. Имам и таков ко песок, за лежечки, ама несакам.
Туш. Не дека повеќе сакам, но тоа практикувам. Секако дека сакам да се лежам еден саат во ароматизирана када да си се опуштам, но за тоа време би можела нешто друго да завршам, а и со туш помалку се троши вода. Во када се немам бањато и лежено уште од мала
Никогаш не сум лежела во када, немам таква навика, плус не ми се допаѓа. Така што секогаш користам туш, но тоа не значи дека не лежам во када. Спојлер За мене ова важи (само што јас лежам, не стојам )
Туш, но со саати се туширам, уживам, како дете обожавав да лежам во када, навистина има релаксирачко чувство, но сега повеќе ми одговара тушот и секогаш се туширам со жешка вода, ко сауна ја правам бањата, но секогаш завршувам со ладен, тоа ми е ритуал.
Сакам да си полегам во кадата понекогаш но тоа се случува се поретко бидејки други фаци ми го прават распоредот Задоволна сум кога ке ме остават на раат да се истуширам
не практикувам лежење во када, најчесто се туширам набрзинка и тоа е тоа само кога сум напната и под голем стрес си ја полнам кадата со морска сол и топла вода и уживам во мирисот на ванилените стапчиња кои си ги палам додека ја подготвувам кадата
Туш. А да не се разбереме погрешно, ја сакам идејата за лежење и уживање во када, ама идејата. А практично прво ќе треба со 2-3 средства по 3-4 пати да исчистам и дезинфицирам, а претходно во леген да си ги измијам нозете на страна, или па пред полнење каде капење, чистење када па влагање внатре. Бог да ме чува воопшто не бев ваква а сега мн загадлива сум.
Долгометражно туширање, секогаш без исклучок. Не само од аспект на штетните ефекти кои ги предизвикува лежењето во када, туку мене лично ме опушта само млаз вода кој е во движење не и лежење во статична миризлива баричка (така јас ја гледам кадата ноу офенс за љубителите на истата), плус постапката од истите ритуали започнувајќи од пилинзи и груби масажи со сунѓери на критични целулитни зони до финиширање со ароматераписки гелови ми е уиграна и потребна навика од која не верувам дека би се откажала.
леженје во када, дефинитивноо обожавам во ладно време да си га наполнам кадата со топла вода и ке ставам пола шише шампон така да имам пена два тона си пуштам тивка музика и пијам леден чај уфф мерак на топло време па ке си легнам во ладна - млака вода и ке си земам еден сладолед узиванцијаа
Најчесто туш, но еднаш месечно знам да си ја наполнам кадата, да се опуштам во некоја миризлива купка, да си пуштам музика.. уживанција
Хм..сакам лежење во када повеќе Да си се излежавам она ова,али бидејќи немам када,имам туш,така да туш си користам А,и добро што немам када Иначе немаше излегување од вц