Се туширам од практични причини - немам време за секојдневно излежавање преку недела, а како што знае и може тушот да ме освежи, стопли во зима, дигне на нозе, да ми ги разбуди сите сетила дури и кога сум најуморна - не може ништо. Туширањето ми е на машки сленг изразено Спојлер д*кање Е сега ако е тоа тушот, лежењето во када ми е бре долг секс со повеќекратен оргазам Обожавам да лежам во када. А и греотка е да не ја искористам кадава за такви хедонистички ритуалчиња на комплетно опуштање на целото тело. И го правам тоа барем 2 пати месечно. Нема ништо поубаво. Имам секакви глупости за бањање од миризлива сол за опуштање па секакви ароматични меурчиња и пени. Кога сум комплетно истоштена си ја полнам кадата, гасам светло и од страна на самата када редам еден куп миризливи свеќи, земам чаша винце, книга и буквално уживам. Другарка ми ми даде идеја и филмче да си пуштам - таа и лаптопот си го носи и си го става на машината за перење - јао идеја! Само не знам како би ја извела. Нејсе. А када за заедничко бањање со партнерот, па со сунѓерот ви го мие грбот, ве гали, ви прави палавштини под вода, ве масира, па вие си го масирате и гребкате, му го грицкате увцето и си го миете како детенце, одлична предигра бре! Зошто кога ќе се испушти водата и кога ќе се избришете, ништо не завршило па и празна када може да се искористи за секакви безобразлуци. Плус пред огледало абе...да не се доискажувам поарно да си создавам мачни мисли моментално. Када е институција бре! Извор на релакс и добро расположение. Така да туш е на секојдневното мени, ама кога ќе се заинаетам знам да си приуштам и малку убавина и бегство во друг - филмски свет со романтично бањање. Ма мераци!
време за лежење во када=о немам време бе девојки немам. Затоа стопли водиче удри туш брзо и едноставно и завршена работа, чиста, бањатка и намирисана
Ги сакам и двете,но со тушот побрзо ми е,набрзина влегуваш и излегуваш Bо када влегувам 1-2 месечно,прво ме мрзи да ја исчистам доста голема е,плус водата дури се наполни,така да кога имам време и кога сакам да сум сама,да одморам телото и главата си влегувам в када,ке ги пуштам масажерите и седам дури ми се олади водата. Cакам да сум сама,нејкам со маж ми,тоа не ми е опуштање некако A за сексот мене па во вода не ми е убав
Дефинитивно туширање под туш ! Ем побрзо, ем потопло. Оддамна не лежам во када, не е препорачливо од хигиенски и вагинални инфекции лежење во када па од ко ми се појави бело прање немам лежено во када долго време како што знаев некогаш да правам, по еден саат во када. Како помала омилено нешто ми беше тоа лежење во када, се случуваше лежејќи да ја потрошам водата и ајде пак во када чекај топла вода па измрзнував чекајќи и не мрдав од легната положба додека не се подстоплеше водата. И во зима каде-каде е поладно лежењето и капењето во када.
И Туш и лежење во када,тушот е за побрзо, ама кадата е мераци уживам кога ке си ја наполнам кадата па купка па свеки ке си запалам и тогаш се осеќам многу убаво Абе мераци
би се сложила со мислењето на nicol тушот е толку практична работа за брзо бањање,ама затоа кадата ммм просто поубава релаксација од тоа нема, купка,морска сол мммм милина ( и уште да заспиењ во неа)
Туш не памтам од кога не сум лежела во када (а и мала ни е кадата) ама никогаш не сум имала толку желба за тоа. Туш си е туш и по хигиенски и поекономично
Сакам да се излежавам во када, но за жал речиси никогаш немам време. Тушот ми е попрактичен Е сега, некогаш се случува да си ја наполнам кадата и да си ставам купка и да дремам дури не се олади водата, чисто заради уживанција и опуштање.
Лежење во када е кога треба да се опуштам.. да се излежавам..коа ке имам време!!! аа тушот ми е за бањање за 10 минути!! попрактично е..кога треба да идам некаде а каснам!!(штос е случува секогш)
Од практични причини туш, од хедонистички причини када. Незаменливо е чувството кога ќе се испружиш, олабавиш, ќе ги затвориш очите, а татко ми има оставено радивце па си го пуштав да ми свири.. убавини..
туш најдобро најбрзо и најздраво,не можам да лежам во када, тоа е од кога паметам засебе , не паметам мама како ме капеше дали туширање или во када ама за женските сметам дека колку и да е чисто од разните купки што содржат хемикалии не е едноставно хигиенски и здраво па затоа подобро туш
Обожавам да лежам во када Најчесто во зимно време си дозволувам да си подлегнам и да се опуштам, а на лето само брзински се тиширам Па и кадата ми е мала неможам убаво да се оптегнам
Ме опуштаат и едното и другото , меѓутоа обожавам да се излежавам во када. Па си ставам миризливи масла , разноразни купки, добра музика , романтично светло и некогаш знам дури и некој пијалак да си земам со мене. Уживанција до бескрај. Секое сетило ми работи , мозокот ми лета ко Каспер и мислам дека во тој момент апсолутно ништо не може да допре до мене. Мх мх мх ... треба да си подготвам пак едно такво задоволство
Ние имаме одделна бања од баба ми, така да понекогаш (најмалку еднаш во месецот) се опуштам во полна када, но тоа најчесто во лето кога е топло. Инаку да имам време би се бањала почесто лежејќи во када, но тесниот распоред ми дозволува само една брза туширанција.
Јас имам туш-кабина но за разлика лежење во када е многу порелаксирачки , романтично таман да ти спаднат маките или тагата :]
Дефинитивно туш. Во када немам лежено од дете, од кога ме бањала мајка ми . А тоа е веројатно едни добри 15 години. Некако покрај што немам време искрено се гадам , таква сум ептен чистотлива. Не дека не ја чистиме кадата ама самата помисла ми е одбивна. Некогаш посакувам да можам да легнам и да се опуштам, ама после 5 минути се одвраќам од идејата
Туш дефинитивно. Порано знаев да лежам во када и по два саата, али сега гледам што побрзо да се избањам сепак имам и други обврски
Од овие две би избрала туш. Не можам нешто со саати да правам, макар и тоа било релаксирање Всушност, повеќе време ми се фаќа во местење на кадата, отколку во лежење. Еднаш така решив да се релаксирам, па дури ја наполнав, дуи направив пена, дури се сместив почна да се лади. И таман си се опуштил, топлината бега. А јас ја сакам водата ептен жешка. Па ајде после пак туширање... не, не. Си влегувам, си се туширам, си излегувам. Почисто, посвежо, попаметно