Форумџика на годината

Туш или лежење во када?

Дискусија во 'Тело' започната од marama, 30 октомври 2011.

?

Што повеќе преферирате?

  1. Туш

    266 глас(а)
    62,7%
  2. Лежење во када

    158 глас(а)
    37,3%
  1. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Па има ден во месецот, особено ги избирам овие поладниве денови, кога ќе дојдам изморена, само се поминувам прво со вода да не влезам нечиста во полна када, пуштам музика, полнам када и се релаксирам и стоплувам. Уживанција-Франција :)
     
  2. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Аууу, на прсти се брои колку пати сум лежела во када во животов!Не е тоа за мене, премногу сум темпераментна за тоа, после 2 минути станувам.А и сакам многу врела вода (што воопшто не е здраво инаку!) и во када водата многу бргу ми станува ладникава.Туш ми е мене закон!
     
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Во зависност од денот и мојата психичка состојба одлучувам дали ќе се бањам во када или набрзина под туш... Секако повеќе сакам излежување во када, да си пуштам музика, да ставам маска на лице и мир....

    Но, не секогаш имам време за ова, па туш набрзина ќе ми заврши работа.. :) Морам да кажам дека најчесто на зима одам под туш зошто ми е ладно а јас сум зимурлива а преку лето на долго и широко се пружам во кадата... :)
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Тушот се нуди како побрзо решение, така да почест е тој.

    Када многу ретко, ептен.. Иако е далеку поубаво, признавам. :)
     
  5. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Во када лежам само кога ми треба голем одмор. :tmi:
    А туш практикувам почесто.
     
  6. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Туш најчесто :)
     
  7. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    И јас сум за туш!
    Влегувам,се соблекувам и директива под туш.Уживам 2-3 минутки во топлата вода,а потоа со шампонче се помазам по целото тело и пак со вода.Уживам така.
    Никогаш не сум била за лежење во када и тие глупости.Мислам за некои е задоволство да се излегуваат во када,а за мене тоа е губење на време а и немам живци јас ..незнам одбивно ми е.Толку :lol:
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Туш дефинитивно!
    Не наоѓам задоволство во лежењето во када со часови...
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Јас ако лежам во када, ќе пукнам од досада. :drunk:
    Плус додека ја наполнам кадата, ми треба минимум пола час. :^)
    А да не зборам за тоа дека додека лежам, водата ќе се излади.

    Јас сум за туш дефинитивно.
    Ем побрзо, ем нема да потрошам цел бојлер за едно капење. :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Аххх повеке сакам када-ама немам! Имам туш кабина добро не дека не ја сакам, ама би сакала да имам и када, да легнам во неа и да се опуштам со некоја добра купка и миризливи свеки. Чувството е прекрасно и релаксирачко нели? Ај ке си ја набавам некој ден! :D
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Досадно ми е да лежам во када, практикувам понекогаш да ја наполнам и да се одморам, ама повеќе ми се допаѓа туш и топло креветче...
     
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Женски
    мн нормално туш...ја и пред да влезам да се туширам ако е нечисто морам да исчистам убаво а тек пак да лежам во када неможам некако језиво ми е
     
  13. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Туш ,бидејки дома имам туш кабина ,ма да би сакала да се одморам во една убава топла када понекогаш :)
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Мене желбата за релаксација во када ми поминува кога и да ми текне дека ми требаат два часа да си го средам купатилото и кадата по мој вкус :D Да е стоплено, да има два бољери :D , да ставам се што ми треба околу мене, па да се излежавам и да припуштам жешка вода на пет минути |( :D Не, тушот ми е ем попрактичен ем поубаво ми е кога водата се слева по мене. И онака туширањето ми одзема доста време, ги правам сите ритуали што сакам, се средувам, и стоплена и измасирана излегувам :) Кадата само џабе фаќа место, се ближи денот за да ја сместиме во отпад :D
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Едночасовно бањање попратено со сите можни ритуали.
    Масирање на скалпот со бадемово масло, пилинг на тело и лице, шампонирање два пати, ставање маска за коса, по потреба и депилација, средување на петите со камен или турпија, а некогаш додека се киснам во купка знам и да си се лакирам на нозете :wasntme:
    Одмор ми е бањањето, не е само хигиенски ритуал за разубавување. Летно време бидејќи секојдневно се туширам, некогаш и по два пати, знам да ги прескокнам сите тие марифети. :)
     
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Повеќе почнав да практикувам туш. Пред една година речиси секогаш лежев во када.
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во 95% од случаите се туширам, а само 5% лежам во када.
    Од тие 5, 3% се романтични моменти, Петко ќе ја наполни, со морска сол и многу пена, свеќи, чоколадо и винце. А останатите 2% некогаш, иако ептен ретко ми е мерак да се опуштам и да поуживам, или доколку сум настината се топлам во када :) .
    Но за лежење во када треба време, додека наполниш и спремиш, па да лежиш, па после да се истушираш, исушиш, средиш летнале 5-6 саати.
    Вака влегувам под туш, шампонирам прво коса, потоа тело и за 15 до 20 минути сум готова, некогаш некоја минута плус кога правам пилинг. Сушење коса, мачкање млеко, облекување се на се саат, максимум два, со влечкање.

    Се си има своја убавина, но според мене тушот е попрактичен.
    Дома кога лежев во када, мајка ми стално ми викаше како не ми било гнасно да лежам во своите прљавштини. :doh:
     
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    обожавам да си лежам у када ,али скоро никад немам лежено ,сегад се туширам ,
    а колку мн ми треба лежење у када со миризливи свеки за релаксација :)
     
  19. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Лежење во када секако пружа поголема релаксација, ама гласав за туширање од проста причина што е похигиенски и побрз начин, а и почесто го практикувам. Долгото време поминато во када знае да и штети на кожата, а и сум чула дека може да настане проблем во внатрешноста на гениталиите, бидејќи нели водата стои во место и всушност се капеш во сопствената нечистотија на некој начин. А вака со туширање сето тоа паѓа од тебе, просто кажано. :)

    Во када сакам да се капам само кога сум сама дома. Но и да сум, не мора да значи дека задолжително се капам во када. Воглавно, тогаш нема кој да ме брза пред вратата на бањата и можам да се опуштам во топла купка со пријатен мирис :) Но, по уживањето секогаш го полнам бојлерот пак и се туширам набрзина :?: Што знам јас, по сите прочитани статии некако немам многу доверба.
     
  20. lady-red-riding-hood

    lady-red-riding-hood Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Лежење во када дефинитивноооо :D