Лежење во кадаа дефинитивно...Прекрасно е посебно кога има миризливи свеќички и морска сол(многу е убава има посебен мирис и боја и опушта)...Ја полнам кадата ставам пенлива купка и морска сол и се опуштам.Кога ке завршам ставам Ши млеко за тело....Кожата ја прави како на бебе...
Лежење во када..уххх обожавам Ама немаме када дома, туку туш.. здравје се надевам кога ке одиме во др. стан ке има када
Сега туш. Порано додека имавме када знаев да лежам, посебно летно време ама сега и да сакам неможам бидејки имаме туш кабина
Ние имаме две купатила - моето и на сестра ми со када, а на моите со туш и секогаш скоро во нивното се бањам мразам када!
Неможам да проценам ама важно и двете ми се потребни секојдневно , туш праам кога се туширам или па набрзинка а во када лежам кога имам време или кога се капам целосно а тоа ме релаксира , така да јас би одбрала лежење во када . Ама кадата да биди со пена и чиста .
И двете! Во зависност од времето, добар туш си го прави своето, а вечерно време лежење во када со сите пропратни детали...
Па би сакала да имам повеќе време ни да се опуштам во када со некоја миризлива купка, ама за жал за капеше одделувам околу половина час, може некога и повеќе, пошто секогаш имам некој обврски. Ретко знам да си ја наполнам кадата и да се опуштам максимално.
Во последно време-туш.Немам време за лежење, а ни нерви за да ја чекам кадата да се наполни.Иако сега многу ми треба едно маратонско лежење во када да ме опушти...
Ахх обожавам лежење во када ама за жал кога го реновираа купатилото ставија само туш-кабина така да...
Немам када но знам понекогаш да си ја наполнам туш кабината-длабока е, и да ми послужи како када...Последниот пат кога добив желба да се излежавам без светло само со свеќи, демек да се опуштам малку, почнаа да ми се вртат страшни филмови во глава-гледав некои хорор сцени претходно, а бев сама дома, и ништо...завршив со легачењето за минута...За понатаму строго само со придружба. Најчесто туш.
Јас повеќе сакам туш, но бидејќи го немаме она горе, што би го држело тушот за да можеш да си станат си легнувам во кадата. Останувам најмалку 2 часа, додека не олади водата. Не дека правам нешто посебно, тоа што треба го извршувам за 15тина мимути но ладно ми е да излезам од вода, затоа.
Обожавам да лежам во када, но матрејалната ситуација не ми го дозволува тоа ние сме 3 жени дома јас и моите 2 керки, и замислете секоја од нас да испушти по 1 бољер вода за да ја наполни кадата, струјомерот ке полуди. Затоа јас обично се туширам на брзина а лежењето им го оставам на керките, бидејки пред се се трудам тие да бидат задоволни, и среќни барем онолку колку што можам да им овозможам. Инаку не сваќам кога велите гадно ми е да лежам, т.е да седнам во кадата. Па од кого се гадите од вашите родители кои ве израснале? од вашиот брат или сестра? Мислам не сваќам навистина.
Лежење во када тоа го обожавам...ама дома имам туш кабина за жал..но сигурно кога ќе имам свој дом кога ќе се мажам ќе биди када да можам да си лежам и да се опуштам
И јас го имам слушнато ова од една личност - гадно ми е да лежам во када. То го сфакам во смисла им е гнасно да лежат во када, а тушот е похигиенски. Абе аман Ако некој сака чистота до толку ќе чисти и туш и када и секаде ќе му е исто, ако се гнаси од нечисто и тушот ќе му е гаден. Ова испаѓа ко тушов чистење немора ич, а да лежам во када така нечисто ми е гадно, ама да ја чистам па сега неможам... Или туш кабината демек нема микроорганизми, хемикалии, нечистотии и прашини?