Туш - затоа што е похигиенски.А од време на време лежење во када со сите марифети онака баш за опуштање,време само за себе
мислам дeка туш e похигиeнски затоа што кога полнимe вода во када ситe бактeрии си сeдат у водата. Баш и на гинeколог ми рeкоа дeка нe прeпорачуваат лeжeнјe посeбно ониe што ималe сeксуални односи
Со оглед на тоа што сега каде што привремено седиме има само туш а и на местото каде што реновираме ќе има само туш, така да тоа. Ама јас повеќе сакам лежење во када, некако повеќе ме опушта и ми е поубаво. Порано седев и по два саати во када, тоа ми беше право уживање. Па уште кога ќе си ставев миризлива купка, цело шише трошев на едно бањање.
Туш дефинитивно! Поекономично е, а и побрзо. Со лежењето во када, ние жените имаме поголеми шанси да добиеме инфекција, па дури и ако пред да си залегнеме кадата е чистена со средство.
Јас обожавам лежење во када, ама за жал во текот на школската година немам време доволно да се излежувам по два саати како порано. А и треба да си купам купки, миризлива сол, да биде со сите марифети де, не сакам јас само така. Па си ставам и шампонче за пена да има малку, абе мераци. Ама вака секогаш користам туш, ем е поекономично а и заштедува време. А за хигиенските причини, да ви кажам право и не сум размислила баш ама знам дека секогаш кога сум лежела во када, кадата била претходно исчистена со средство за чистење, така што бактериите сигурно биле намалени на минимум. Ама си ветувам сега кога ќе завршам со школово, ќе одвојам еден ден кога ќе бидам сама дома и убаво ќе си се изналежам во вода. Ама ќе гледам да изберам некој ден кога е поладничко, зашто не би да лежам во топла купка а надвор +40 степени.
Туш, бидејќи имам туш кабина. А колку само посакувам када...нема поубаво нешто за релаксирање од полна када со пена, музика, пијалок...
Туш. Моментално имам туш кабина, ама и кога имав када, само неколку пати ја имам искористено за лежење и релаксирање (со свеќи и убаво музиче). И еднаш - два пати за романтика
Преферирам туш, ама во моменти кога не се чувствувам убаво и сум тажна или имам некои маки ( ) повеќе сакам да си лежам во када и да си слушам музика. Уживанција ми е и колку толку успевам да се опуштам.
Туш , некако похигенски ми е. За да легнам во када треба да се утепам од чистење прво. Во секој случај ,фино би било повремено да се практикува када-опуштање. Имам туш-кабина и немам услови за лежење во када.
Поише сум за туш! Имам када дома али немам време за лежење а и брзо ми се здосадува и отиде јабана цела вода што сум ја стаила (а мора да биде полна кадата да се долови моментот )