лежење во када наполнета со топла вода и додатно некој ароматизирашки гели или лосион например со мирис на чоколадо рози лаванда мед и млеко ммммммммм обожавам да седам со саати во неа но за жал тоа мн ретко се случува кога мојте не се дома
Да, меѓутоа кога се има време. Кога си посветувам внимание, тоа е максимално и вецето,ходникот од кај мене докај вц е зафатено хахахха... Со брз туш за 10 минути сум готова, ама затоа кога имам време цел саат си лежам во када, еднаш заспав хахахахахахахахахха
За жал кога ја реновиравме бањата поради просторност моравме да ставиме туш-кабина. А толку сакам када...толку сакам да си лежам во некоја купка со арома на овошје. Ајде се тешам дека еден ден ќе се опуштам во некоја добра купка...
Не се сеќавам кога последен пат сум наполнила када. Моите ми ја полнеа како мала - ... и толку А и не би. Најпрво од хигиенски причини и од непрактичност. И онака кога се туширам трошам повеќе од пола бојлер тинтрајки се, а не па да ја наполнам цела када... Отиде цел од одма Бездруго тушот ми е преродувачки, а имаме и завеса (најлон) така да кај не прскаш околу, дури и сауна се ствара
Порано многу повеќе сакав да лежам во када. Сега повеќе практикувам туш, ама некогаш кога имам повеќе време и кога сакам да се опуштам знам убаво да си ја наполнам
Поќе користам туш. Ама ко ќе имам време легнувам во када и се релаксирам. Често се заборавам кај и да сум и под туш и во када. То ми е навика уште од мала. Влегвам и заборавам да излезам дури не почне да ми течи ладна вода па така секогаш ме остават последна да се бањам хихихи
Јас дома имам туш и мислам дека тушот е многу попрактичен: -Кога некогаш се брзаме немаме време да чекаме да се наполни кадата... -Зафаќа помалку место во тоалетот. -По хигиенски е. Ама и кадата е понекогаш добра: -Можеш да си лежиш а притоа се бањаш. -Се ослободуваш од грижите. -Се одмараш. P.S Еднаш кога бев во хотел каде имаше када решив да видам како е...беше супер ама кога излегов од кадата неможев да стојам.Мускулите ми се опуштиле.А чувството не беше пријатно...
Јас мислам дека кадата е по практична,па и во када може да се тушираш, а кога сакаш повеќе релакс наполни ја со некоја убава купка и супер е... Мислам нема поголем релакс од опуштанје со добра пенлива купка да си лежиш во када мое мисленје
Неможам да сватам зошто на секое мислење го користите зборот похигиенски е со туш отколку када што е тотална глупост. И, едното и другото доколку неправило се одржува може да биде подеднакво нехигиенски и обратно. Ако одиме според тоа рацете се нај нехигиенски а со нив јадеме. Еве ви пример со тие исти раце фаќаме се и сешто, си го бришеме газот, се чешаме секаде, менуваме улошки итн и на крајот со тие исти раце јадеме. Е, сега ќе речете па рацете ги миеме. Да, ги миеме а исто така и покрај миењето останува еден куп бактерии под ноктите бидејќи е невозможно после секое идење во ВЦ или извршување на било кака прлава работа темелно да ги исчистиме рацете. Значи постојат средства со кои нормално во секое нормално семејство се одржуваат кадата, ВЦ Шољат итн. И ве молам некористете го терминот похигиенски е бидејќи се треба да се одржува без разлика дали е туш ии када, а се што се одржува правилно е и хигиенски и здраво. Каде ви стои четата за заби, на повеѓето во ВЦ така? А дали е хигиенски потоа со таа иста четка да миее зами. Дали е хигиенски кога практикувате орален секс или да речеме етинг кога ве допира партнерот долу? Сигурно прво го терата темелно да измие раце па потоа нели? Мислам правите копи пејс на мислењата и без да размислите пофторувате едни те исти фрази