1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туѓинка (Outlander) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Abeja, 18 јули 2015.

  1. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    50.029
    Пол:
    Женски
    Јас стигнав до 4 епизода, сега за сега супер е :)

    Многу ми падна жал кога му ја пресекоа рака на Фергус ;( за ништо му ја пресекоа ;(
    а многу слатко детенце е, посебно косата :inlove:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Oдамна се немам загреано вака за некоја серија. ^_^
    Ја открив благодарение на предлогот на @Someonespecial и не зажалив. Сѐ е толку совршено вклопено, од избор на историска временска рамка, до приказ на култури, актери, костимографија, ..Нема здодевни сцени, или конверзации без поента. Сите настани имаат фин тек, со умерена доза (не)извесност.

    Сума сумарум, немам многу замерки за првата сезона.
    Детално ја обработиле со сите финеси.
    Иако, во почетокот ми пречеше што помалку го покажуваа Френк, и што немаше буквално никаква интеракција меѓу него и Клер по нејзиното заминување, но подоцна по крунисувањето на врската со Џејми, сфатив дека поголема штета отколку корист ќе направеа доколку црвените не ја спречеа да се врати низ камењата во моментот кога доби шанса да избега на Craigh na Dun. Единствено механизмот на казнување за да не ја повтори грешката од Џејми ми беше too much, крајно несоодветен и неприфатлив, дури бев и на добар пат да се откажам од гледање кога се случи тоа, но некако со добра волја стиснав заби и продолжив.

    Следно нешто што сметам дека беше грешка во првата сезона е што премногу некако одоговлекуваа со клановите. Сите тие семејни проблеми и перипетија беа малку непотребни, и сметам дека тоа можеа малку повеќе да го симплифицираат зошто на почетокот гледачот малку се губи во смислата на серијата, и е тешко да се сфати кој клан е кој и на чија страна припаѓаат членовите. Clan Meckenzie, па Clan Fraser, па обвинувањето на Џејми дека е предавник, барањето на неговата глава...
    Сметам дека овие дејствиа можеа да се поедностават, за подобро да се сфатат непорамнетите семејни сметки од минатото меѓу Дугал и неговиот брат.

    Околу позитивните страни, им стискам рака на режисерите како успеаа да го извлечат најдоброто од Tobias Menzies уште попознат како Frank/Jack Randall, истовремено претставувајќи го и како негативец и како лик со меко срце. Иако, некако како негативен лик ми беше посимпатичен пошто одлично се држеше во улогата, но од друга страна пак не потфрли ни како сопруг на Клер. Дури и поврзувањето на приказната со роднините, односно бабата на Френк (Мери), како и братот на Џек беше феноменално вклопена и во прилог на настаните кои претходеа. Само неговата смрт (како Френк), ми беше стварно разочарувачка и депримирачка. Мислам еј, човекот заслужуваше едно искрено благодарам додека беше жив од Клер зошто ја прифати со дете кога се врати, и во ниту еден момент не се откажа од неа и Бријана. И беше одличен татко на Бријана и добар сопруг на Клер. Неговиот лик нема никогаш да го прежалам, дури ни на Блек Џек. Толку инзвонреден актер немам запознаено на филмското платно веќе долги години наназад!

    Патем, мора да го спомнам и ликот на Гејлис. Подобар прототип на "вештерка" не можеа да најдат. Портокалова коса, акцент, начин на држење тело, говор, абе сѐ. Дури и носењето кон кладата после Witch Trail-от, разголена. Единствено ми пречи што немаа прилика да си кажат со Клер дека двете се патнички од иднината. Мислам дека тука можеше да се развие eдна приказна која можеше да послужи и за подоцна, но во ред..

    Втората сезона беше релативно добра, но концептот за Франција генерално, не ми се допадна баш. Приказот на Париз како разуздан град без вредности, кој не може да функционира подалеку од канџите на блудот и развратот и не беше така добра идеја. Иако, ако забележавте горе доле тие концепти на "разврат" патријархат и сексизам горе - долу доминираа во сите дотогаш прикажани култури, пошто нели 18-19 век, мора да се доловaт тие целини за да биде поинтересно.
    Меѓудругото, додека сум сеуште тука кај негативните критики од втората сезона, сметам дека и забременувањето на Клер како и подоцнежниот абортус беа вишок во целата приказна, ставени само за да ги пополнат празнините во серијата и лош обид да ги замаскираат проблемите во сексуалниот живот на Џејми и Клер.

    Разделбата исто така ми пречеше. 20 факен години поминуваат, двајцата водат некој мизерен живот, за на крај со истиот изглед да се сретнат и одново да почне нивната авантура..Мислам, ту мач сајнс фикшн. :D

    Како и да е, стојам на тоа дека не мораа да ја убијат Гејлис, и патем можеа да вдахнат подлабока мистична суштина со оставањето на магусот во игра, но добро.

    За третата сезона сеуште нема да коментирам бидејќи е во тек...

    Едит: Некој да им каже на режисерите дека го научивме секој дел од телото на Џејми и Клер, па не мора толку живописно и детално да продолжат со сексуљавите сцени. Као океј, знаеме дека е љубав за сва времена, па време е да дадете нов пар цицки, алат.. 8)
     
    Последна измена: 23 ноември 2017
    На Lianna Anna, Jane Lane, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Фасцинирана сум од серијата. Завршив со првите две сезони и ја почнав третата. Вечерва следува втората епизода од истата.

    Првите две сезони:

    Колку многу треба некого да сакаш, за да го пуштиш да замине? Да ја жртвуваш љубовта што ја чувствуваш, за да ја заштитиш саканата и детето твое што го носи? Па дури и да ја турнеш во прегратките на друг, заради тоа што знаеш дека таму ќе биде сигурна. А не со тебе, оти ти се сметаш за мртов човек. Се предаваш пред почнатата битка, оти таа, саканата ти ја кажала иднината. А ти безусловно и веруваш. Не сакаш да ризикуваш да и биде наштетено. И затоа се откажуваш од неа, за да биде таа на сигурно. Ова не е ни малку себично. Секоја чест, на таквата храброст, да се осудиш себе си на таква агонија, знаејќи дека саканата ти е со друг. Ама длaбоко во себе знаеш, дека тебе те сака. Oва е Џејми, во најкусите црти, а за него има да се пишува многу.

    "Ye are Blood of my Blood and Bone of my Bone. I give ye my Body, that we Two might be One. I give ye my Spirit, 'til our Life shall be Done." Џејми.

    Љубовта е една од позначајните сегменти во серијата. Но не се сведува се на истата. Всушност, опишана е на многу различни начини. Љубовта кон темнината, војните, смртта, татковината. Убаво се доловени и верувањата на луѓето, погубувања, вербата во вештерки и нивните судења, како и нефункционалниот правен систем.

    Посебно ме фасцинира Клер. Нејзиното знаење и на правилен начин искористување на истото, за да ги избегне интригите околу неа. Ме фасцинира и фактот колку добро се вклопува во средина во која воопшто не припаѓа, а иронично, уште не е ниту родена. Ми се допаѓа начинот на кој ги употребува своите медицински знаења. Ми се чини дека и тоа е еден од основните фактори за нејзиното прилагодување и статусот кој го ужива. Односно, како другите гледаат на неа.

    Малиот Фергус ми е еден од омилените ликови. Во омилените, не можам да не го споменам Џон Рандал. Да, добро читате, не Френк, ами Џон. Пред се ради фасцинантниот начин на кој ја доловува темнината која го опседнала, па се до неговата нај светла точка, кога се обидува да го избегне бракот со Мери, затоа што не сака да ја повреди.

    Она што до сега го заклучив од серијава, е дека и покрај многуте обиди за промена на историјата, сепак се завршува така како што е запишано.

    Делот со вештерките ми беше еден од омилените. Особено кога доаѓа Џејми да ја заштити Клер. На разделбата и кажа дека ако ја осуделе, ќе горел заедно со неа на клада.

    Не сакав да ја запалат убавата црвенокоса вештерка Гејл. Ама тогаш, веројатно Роџер не би бил роден, оти детето ќе останеше со Гејл, па текот на настаните можеби ќе трпеше промени. А тоа засега, се покажа како невозможно.

    Клер, се обидуваше да го смени и текот на настаните кои би ги споиле Алекс и Мери, ама целата поента била, Мери и Алекс, сепак да завршат заедно, за да може да се оствари бракот меѓу Џон Рандал и Мери. Како што реков, невозможни обиди за промена на минатото.

    Сцената со Џејми и Џон во затворот, ми ја наежи кожата. Морам да признаам дека пуштив и некоја солза. Исто беше и кога Клер го изгуби бебето. Да бидам искрена, и јас како неа, го обвинував Џејми, оти не можеше да стои на зборот и да чека една годинa за да го убие Рандал. Ама повторно, се покажа дека минатото не може да се смени.

    Разделбата беше срцепарателна. Навистина. Кој не би сочувствувал со таква тага и болка на двајца што се сакаат, а мораат да се разделат. Ама 20 години? Навистина премногу и за мене крајно разочарувачки. Имаа опција да побегнат, иако веројатно ќе беа спречени, оти настаните не се менуваат. И втората опција беше разделба. Ама Клер, тотално ме разочара што цели 20 години не се обидува да дознае што се случува со Џејми за време на битката и по битката. Можеби, ќе се видеа скоро повторно. Се врати во своето време со заклучокот дека Џејми е мртов, а истиот потхранет од другите, со тоа да не лови духови, ами да ја живее сегашноста. Сериозно?

    Бријана и Роџер можат да го слушнат звукот кој доаѓа од камењата. Заклучувам дека можат да патуваат. Клер го слуша истиот при патување. Но не и Џејми. Кога сме пак кај него, мислам дека е тој духот на кој налетува Френк, уште во првата епизода. Многу ме интересира интригата околу ова.

    И така. Цела серија ви ја раскажав. Не мора да ја гледате. :wasntme: :rofl:

    П.С
    Mark me. Требаше да го отепаат кралот уште во Франција.
     
    На Kitten, Someonespecial, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Мислам дека главната причина што воопшто не бараше беше дека секако не можеше да се врати, не со мало бебе, дете, за кое и си отиде всушност. Дури и сега кога Бриана е возрасна и беше тешко да ја остави. Знаеме дете како се сака.
    Не знам како е во книгите, дали порано го барала, но мене и вака ми држи вода. Додека порасна Бриана години поминаа, имаше живот потоа...

    Има ли некој торент за новата епизода? Не отвара пајратбеј.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Не знам како се одвиваат настаните во третата сезона, за да знам дали сеуште би била на ова мислење или можеби би се вратила тука со друго.
    Ако Џејми и натаму е прогонуван, сосема оправдано што Клер не се обидува да дознае нешто повеќе или да се врати. Но таа не може да го знае тоа. Исто како што не може да знае дали Бријана би поминала успешно низ камењата. И навистина, можеби и затоа одлучува да ја живее сегашноста. Бријана би можела да помине, само додека е носена од Клер. Тоа е сигурно. И само ако мојата претпоставка од горе е точна. Верувам дека во книгите причините за изгубените години се убаво објаснети.

    Ја свиѓам и твојата теза. Всушност истата ми е утеха за разделбата.

    П.С. Ајде бе луѓе да ја размрдаме малку темава. Многу слабо коментари.
     
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Лиана, последниов спојлер со ова "mark me" ме насмеа. Секојпат кога ќе го прочитам некаде ме потсетува на акцентот на кралот и гестикулацијата со прстот нагоре. :D

    Сега малку да се надоврзам со тебе..

    Откако се врати Клер во своето време, таа не знаеше како функционира тајм травелот. Не беше сигурна дали сегашноста и минатото имаат ист временски тек, во смисол дали годините врват и таму во ист интервал како овде. Ама се согласувам дека многу сериозно го сфати советот на Мs. Graham, да не копнее по духовите од минатото. Освен тоа, сети се на писмото кое го пишуваше Френк пред да ја одведе Клер во болница, каде се обидуваше да дознае некаква информација за Џејми..

    Патем, постоеше уште една опција за да се одиграат работите без воопшто да има разделба меѓу Џејми и Клер. Ако се сеќаваш, или уште не си дојдена до таму не знам, (ако не си сметај го ова за мини спојлер :lol: ) Клер и Џејми уште еднаш ќе се видат со неговата сестра во Лалиброх, и таму неа ќе и раскажат една верзија околу тоа како дошло до нивна разделба, односно бидејќи е Џени скептична, они двајца се обидуваат да смислат што е можно по автентична верзија за да ја натераат да им верува околу тоа зошто и како Клер се вратила токму сега после 20 години во нивните животи. Откако ќе ја чуеш таа верзија на приказната ќе сфатиш дека во суштина токму така и можеле да одиграат. Клер, само требала да фати било каков превоз и да замине од Кулоден. Да, точно е. Не постои начин за да се осигура дека она и Бријана ќе бидат на сигурно, но во секој случај ќе беше посигурна опција дека повторно ќе се сретнат, или еве доколку на пример Џејми навистина умреше тогаш Клер ќе можеше повторно да се врати низ камењата. Крај краева, сите сме сведоци колку пред тоа ризикуваа еден за друг, па можеа и овојпат..

    Друго..

    Добра примедба околу Бри и Роџер. Дури мене ми падна ѝ на памет дека они двајца би можеле да се појават подоцна во минатото и да има некакво дејствие. А околу духот кој го сретна Френк, јас па мислам дека тоа беше Ангус, судејќи по облеката. Нели тој во почетокот беше чуварот на Клер, следејќи ја насекаде? Не знам, повеќе ми има логика да е тој, иако не знам ќе видиме.

    Пропуштивме еден интересен момент, а тоа е од каде идејата на Гејлис дека мора да се принесе жртва при временско патување, плус таа шема на цртежот? :D Мора да признаам, јас бев речиси уверена дека она не е вештерка се до trial-от кога не ѝ рече на Клер ,,I believe in 1969" пред да ја запалат. Подоцна кога видов дека ја има истата цел, да ја промени историјата на Јакобитите, (а следствено на тоа и на Шкотска), сфатив дека Клер и Џејми не биле единствените кои се обиделе да го сторат тоа. Всушност, работеле на иста цел со Гејлис, со мали варијации. Инаку еве, види во прилог, тука Гејлис ја прашува Клер зошто е овде, (мислејќи на тоа зошто минала низ камењата), и се чуди кога Клер вика "by accident''.. Мене тогаш не ми беше јасна сценава, и како меѓусебно се разбраа Гејлис и Клер за што станува збор, но подоцна се се расветлува..Освен ЕДНА РАБОТА! А тоа е како Гејлис знаеше дека е Клер патник на времето со оглед на тоа дека во иднината Клер и покрај обидот да ја спречи Гејлис да замине, не успева? :devil: Tука или режисерите имаат пропуст, или оставаат материјал за понатака. Во секој случај останува да видиме. Видеото -

     
    Последна измена: 27 ноември 2017
    На Someonespecial и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Јас се запрашав исто за временските интервали. И натаму не знам како минуваат годините. Иако сеуште не сум стигната до делот кој го раскажуваш, ако постоела опција и тоа добра, да не се разделат, ќе се разочарам пак. Како и да е, сметам дека што и да беше направено, немаше да вреди, оти историјата еднаш веќе е испишана.

    Воопшто не ми падна на памет целта на патувањето на Гејл, се додека не стигнав до делот, каде ги држи предавањата по историја. Сега со видеово, ги потврдив сомневањата. Оти моментот, кога го гледав истото, чинев е небитно.

    Навистина се надевам дека и Бријана може да патува, оти замислувам средба меѓу неа и Џејми. Би сакала да ги видам заедно. Татко и ќерка што пропуштиле толку многу време заедно. Бидејќи звукот, го слушаат само тие што можат да патуваат. И тоа е напоменато редовно, кога патниците се приближуваат до каменот.

    Духот, може да биде и Ангус. Не би ме чудело. Но на фото робот сликата, ми наликуваше на Џејми. И мислам дека истиов поседува некоја моќ. Нешто налик на патувањата на Клер, но не и телесно.
     
    На Someonespecial и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе, заборавате дека Клер знаеше дека нема преживеани во битката. Зошто би останувала, зошто би патувала сама таму во минатото, трудна, беспомошна? Нормално дека најсигурно беше да се врати.
    Не секој може да помине низ камењата, можеби Бриана немаше да може. А и зошто дете би влечкала во едно такво несигурно време?
     
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Можеше да земе во предвид дека не е сигурно она што го знае од историските книги, и сепак да остане за да се осигура. Или дури можеше да се врати во Лалиброх. Постоеа опции. Дури можеше и да го излаже Џејми дека заминала, а во суштина некаде одалечена од битката да чека, па дури отпосле кога ќе се осигура дека е така да се врати. Џени и сама кажа ,,Јас онаа Клер која ја познавам не одеше никаде без тебе" Као серија е, можеа да направат нешто подобро од ова..Патем, ако има преживеани на Кулоден, (а евидентно е дека има) тогаш заклучокот е дека сепак постоела шанса да се промени историјата на Шкотите, а Клер Џејми и Гејлис не го дале најдоброто од себе, што значи е уште повеќе разочарувачки.

    Тупам со Френк, ама ајде еве уште еднаш..Не требаше така да умре човекот, многу без врска направија, како да немал никаков удел во настаните.

    Во втората сезона Магусот и рече на Клер дека има сина аура. Оттогаш не го видовме, со што остана неразјаснета неговата реченица. Ми се допадна таа мистична компонента и сакам во иднина да ја разработат некако, макар во две сцени само за да видиме што точно мислеше со тоа.
     
    На 1209 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Предобра е. Цел викенд ненаспана како зомби сум денес само зашто заглавив со неа. :D При крај сум со прва сезона, вечер ќе ја довршам :$
     
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Кој ти ја препорача да чујам. :devil:
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    ТИ. :D ме зарази. :emo:
    Најсмешно ми е Џејми што ќе тресне после с.кс :D:D:D
     
    На Someonespecial и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Што всушност и се покажа на дело дека историјата може да греши, оти, детето на Мери беше на Алекс, а не на Џон, како што историјата напишала и како што Клер веруваше.

    За останатите промени не сум сигурна, бидејќи, се што направија и покрај обидите да сопрат, заврши со неуспех и онака како што е запишано во книгите. Клер во иднината, не успеа да ја сопре, а ниту да ја предупреди Гејлис кога минуваше низ камењата.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ќе ја бараа таму, жена на Џејми беше, за него колку им досаѓаа и по толку време. Мене вака најмногу ми се допадна и најреално ми беше. Секако не сакаа да го жртвуваат ова дете, не по тоа што му се случи на првото и по таа загуба. Пак ќе кажам, сама жена да патува во такво време, по таква војна, едноставно ми е незамисливо и тогаш баш серија ќе ми беше. :)
     
    На Sanjichka007 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Мораа некако да ја вратат во своето време, сите знаевме дека кога тогаш мора да се случи тоа, зошто во спротивно ќе се изгубеше смислата на серијата. Ама пак мислам дека ова не беше идеален тајминг, и можеа поинаку да го осмислат, плус да ги акцентираат способностите на Френк поврзани со неговото знаење за историјата. Вака ептен без врска испадна, го убија во двете свои улоги во најкус можен рок. Иако, ако одат на подолга стаза да снимаат уште сезони голема е веројатноста дека ќе го вратат, па дури можеби и Гејлис. А Бријана и Роџер исто мора да ги вклучат, ама за сето тоа понатаму, ова се само претпоставки.

    П.С. Ова со Гејлис ми е повеќе желба, нема шанси да ја вратат. :D
     
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Малку е да кажам дека изгледам како зомби, оти вчера заглавив со серијава. Станува се подобра и подобра. Не можам да престанам да гледам, а не сакам ниту да завршам со гледање. А кај и да е, ќе се случи, па ќе почнам да ги читам книгите.

    Тагата ме уби во текот на епизодите што ги гледав.

    Навистина ладнокрвно му ја отсекоа раката на малиот Фергус. Ама тоа мало дете будалетинка, не знаеше да престане на време. Провоцираше многу погрешни луѓе. Многу ми беше жал. Не очекував таков момент и се мислев дека Џејми нема да го дозволи тоа. Разбирам и зошто не го направи тоа. Премногу ми беше очигледно, па доживевав изненадување. Џејми, повеќе не е истиот Џејми. Жал ми е за неговата болка, неговото страдање.
    Ми се допаѓа начинот на кој се разви пријателство меѓу Греј и Џејми. Еден момент кој чинев е неважен во минатите епизоди, му ја дари на Џејми слободата. Во неколку наврати. Џејми секогаш се спасува во 5 до 12. И секогаш има повредена рака, уште од првата епизода. Овој пат, го изоставија вториов дел. Џени, како мисли живо дете да крие, навистина не знам. Ама ете, можеби веќе нема да има проблеми, оти Џејми заврши во затвор. И таа сцена ме уништи. Страшно е тоа да биде 3 години окован, да нема на што да се радува, ниту една светла точка во неговиот живот. Само споменот на Клер му остана, ништо друго.
    Посебно ми беше мило, кога го доби Вили. Драго ми беше што одбра да остане и да гледа дел од неговото детство. Заслужи. Иако не на начинот на кој навистина заслужува, ама имаше барем нешто на кое може вистински да се радува. Сега, уште повеќе сакам да се сретне со Бријана. Со ќерката на неговата никогаш непрежалена љубов. Имаше само мал дел од детсвото на неговиот син. И тоа е навистина многу тажно.
    Наспроти Џејми, Клер имаше убав и многу поедноставен живот. Ја има Бријана, белег и потсетник на нивната љубов. Иако и самата минува низ болка, не е прогонувана во време невреме, ниту осудена да живее во пештера, сокриена, или пак со уценета глава. Сега почнувам да разбирам зошто мораше да замине, иако не можам сеуште да се помирам со фактот 20 години разделба. Сакав Клер да го прекрши ветувањето што му го даде и да не поминува низ камењата.
    Френк, сметам дека изигра многу нефер. Иако ја разбирам и неговата болка. Клер побара развод и не го доби. Се согласија да живеат секој свој живот. Ама на крајот, испадна дека Клер е таа што го држи, а не беше така, а судејќи по говорот кој го имаше Сенди, кога и кажа на Клер, дека би дала се, за само уште еден ден со него. Ме разочара начинот на неговата смрт. Не очекував такво нешто. Не ја очекував неговата смрт воопшто. Мислам дека требаше да го остават да ја одигра својата улога во среќата, која сепак и тој ја заслужи. Тажно беше да се гледа каков живот живее со Клер. И двајцата всушност.
    Еден момент од епизодите, со старецот чиј наратив го преведуваше Џејми во затворот, се прашувам дали има некоја натамошна улога. Му рече дека белата вештерка бара храбар човек и дека ќе се врати кај него. Дека таа го има златото. Не знам дали се однесуваше на враќањето на Клер или на нешто сосема друго. Јас го поврзав со првото. Ама, како старецот би знаел? Од каде таков говор, извор на информации? Не знам ниту дали е некој лик кој се појавил претходно, оти не се сеќавам.
    Стигнав до повторната средба. Џејми се онесвести. Е таква ранливост не очекував. Изненадување всушност. Не се малку 20 години. Уште му се гледа љубов во очите и евидентно беше неговото изненадување кога виде дека Клер уште го има прстенот. Се прашувам, дали ќе бидат и натаму исти после нивната средба? Дали ќе се сакаат на истиот начин? Дали ќе бидат доволно храбри да не градат ѕид меѓу нив и секогаш да си ја кажуваат вистината меѓу себе без разлика на се. Очекувам Џејми да и каже за Вили. Очекувам повторно да блескаат во она што некогаш го имаа.
     
    На shz и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Пак јас. Доаѓам со првото разочарување што го доживеав од Џејми.

    Лири? Сериозно? Очекував да има друга жена и друг живот. Ама не таа што сакаше да танцува на пепелта од Клер. Нема оправдување, а изговорот му беше прилично слаб. Истото можеше да го има со друга. Можеле нешто бољи да смислат.

    Па, изгледа само јас ќе си доаѓам на темава и кога ќе заборавам некој детал, ќе си ги пречитувам моите мислења. :rofl:
     
    На Kitten, candy.cane, shz и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Колку убаво вака да си ги гледам само моите мислења цело време и да си се гледам сама себе на аватар. Многу сум си убава. :devil: Мислење под мислење. Само мое. ]:)

    Вчера сакав да пишувам уште, ама не можев да дочекам да ја гледам наредната епизода.

    Некако чувствував ѕид меѓу нив кога се сретнаа. Имаше некоја празнина и не бев сигурна дека љубовта ќе биде како претходно. Нормално, после 20 години и не може да има веднаш близина. Во текот на епизодите ми се докажа дека уште трае љубовта.


    Кога течеше приказната меѓу Клер и Џени, а и меѓу Џејми и Џени, а во врска со заминувањето на Клер, се убедив себе, дека навистина сум била во право и дека Клер можела да остане и избере друга опција, наместо да се врати во своето време и да чека долги 20 години, со кои, секако дека уште не можам да се помирам. :worried:

    Иначе Џени малку ми ги крена нервите и да бев таму ќе ја шлапнев жими се. :rofl: После навивав да и залепи некој една, на пример Клер. Ама ништо од тоа. Напротив, Џејми, завршува со повредена рака. Пак.

    Доволно е сега. До вечер, сигурно ќе наминам пак. :rofl:
     
    На candy.cane, shz и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    :D @Lianna Anna, е ај па да не ја красиш стварно темата, и со аватарот :makeup: и со анализите :bow:
    Иначе,
    тоа вчера што те читнав за Лири, потполно се согласувам. Баш бев непријатно изненадена кога се појави пак, па и во таква улога. Ептен никаков лик ми е, кој не создава дури ни weird симпатија и воодушевување за доловувањето на улогата ко за психопат-негативец (као Блек Џек) :D Среќа што изгледа толку ќе е од неа, ваљда :?:
    Туку, уште само 2 епизоди има од оваа сезона :| Уште сеа го осеќам тоа I don't know what to do with my life чувство :( :D
     
    На candy.cane и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    50.029
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial навистина има уште две епизоди од оваа сезона? :(
    Баш се навикнав на нив, колку време чекав и сега ќе заврши. Требало бар уште епизоди да има некако малку ми изгледаат.

    Jас мислев дека нема да биде како порано бидејќи во првите неколку епизоди кога дознав дека Џејми има син со друга жена, дека има сопруга и се разочарав малку.
    Помислив дека љубовта меѓу Џејми и Клер исчезнала, но сега во последната епизода се уверив дека ништо не се сменило, дека изминатите 20 години не можеле да ја уништат нивната љубов.
    Не ја сакам ич Лири од каде ја најдоа пак бар некоја друга да била, антипатична е, а и нејзината ќерка исто не е воопшто убава и го заборавив името.
    На Фергус требало да најдат поубава девојка.
    Сакам да се појави синот на Џејми кога беше малечок многу сладок беше. :inlove:

    Прочитав ќе имало 4 сезона :dance: се надевам дека е вистина.
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На Lianna Anna и Someonespecial им се допаѓа ова.