@shz, па оваа сеа што е у тек е трета , излезени се до сега 11 епизоди и има уште две. А ќе има и четврта, да
Опасен спојлер во најава. Кој не сака да си ги уништи епизода 12 или 13 та беше не знам, од трета сезона, не отварајте. Видов по нетов. Оти таква сум јас, нестрплива. Спојлер Гејлис е жива. Преживеала. Знам и како, ама нема да кажам. Прво ми беше многу мило, ама после видов дека опасно ќе се срчнат со Клер и се разочарав. Со ова ми падна теоријата од претходните коментари.
Ви реков ли дека ќе се врати? Спојлер Океј..не реков дека ќе ја вратат, ама реков дека ми е омилена и дека сакам повторно да ја видам. Стасав до првата сцена кога излегува од кадата со крв. Превозбудена сум!
Вчера ја завршив 12 та епизода. Спојлер Значи крајот пак некако тапа ми беше. Ми се чини дека во оваа сезона, Џејми и Клер се повеќе разделени од кога и да е. И на крајот, љубениот мој, пак во затвор завршува. Се надевам оти тука гувернерот ќе се замеша и дека ќе му помогне. Гејлис, убавата вештерка, конечно назад. Ме разочара фактот, што морала да го моли Дугал за да го потплати чуварот и да ја спаси. Мислев е љубов во прашање. Гејлис, ме разочара кога не и кажа на Клер за младиот Ијан. И тука мислев оти другарство е во прашање. Еднаш, живот за неа ќе дадеше. Него оваа, пророчица Маргарет, дали на крајов испаѓа дека не е луда, ами стварно предвидува? Ја немам гледано, ама некои сцени кои ги дадоа како промо од сезона 3, епизода 13. Спојлер Има место на Јамајка каде може да се патува низ времето. Се надевам дека Клер, нема повторно да направи глупост и да замине. Жал ми е што има само уште една епизода.
Девојки, го гледавте ли финалето? Предобро, напнато и полно со емоции... Спојлер Отиде јабана уште еден интересен негативен лик (барем таква испадна на крај) – Гејлис. Не успеа Клер да ја вразуми, забега скроз со мистицизмот, жртвувањата и такви чуда, и тоа баш посегна по Иан и најлошото – сакаше да ја убие Бријана. А искрено, кога се врати се надевав дека ќе се обнови нејзиното пријателство со Клер, сепак и покрај тоа што имаше и во првата сезона некои сомнителни и мрачни моменти – на крај ѝ го спаси животот, ама ете... И јас како Лиана помислив да на крајот на таа сцена во пештерата, да не ја повлече базенот оти стварно ептен ќе беше безвезе После бурата ми беа како Роуз и Џек од Титаник Многу емотивни беа направени сцените, за среќа Клер се спаси. Кој ќе чека сега година дена...
Епизодава беше... Хммм... Спојлер Последната сцена ја утепаа со музиката. Да, ја сфаќам поентата, Од на Бриана периодот, бла, бла, беше исто толку збунувачки за нас колку и за ликовите што беше ситуацијата, ама не. Не ми се допадна и ми ја уништи емоцијата во сцената. Остатокот беше океј, лошиот баш беше симпатичен на почеток, со самото тоа што Хејес не беше толку виновен ги натера да помислат (а и нас исто) дека и другите можеби се за нешто ситно осудени. Сепак, интересен почеток, Клер и Џејми се се уште одличен пар.
Можеби скокнав со коментари за претходните сезони, ама мене серијава сеуште не ми губи од убавина. @Nigredo Odor зошто ме разочара дека не била добра четврта сезона, мене ми е баш симпатична. Добро малку претеруваат со тоа сексањето ко да се сексаат прв пат у секоја епизода и многу им се неспонтани позите. Па и овие Бриана и дечко и, се вратија двеста години и одма почнаа со оралки, стварно ту мач. И цело време имав чувство дека татко и ќе ги начека, дека сакаше да оди кај Муртаг.
Абежа, зошто почна тапа сезоната. Немаше никаков заплет, тек, динамика. Беа потребни цели шест епизоди за серијата да добие малку живот и елан. Сега е во ред, нека продолжат така. Спојлер Нај заебан дел беше моментот на запознавање меѓу Џејми и Бријана. Џејми само неколку секунди пред прв пат да ја запознае ќерка си..уринираше. И со истите тие немиени раце подоцна ја погали по лицето.
Дури во февруари следната сезона ќе излезе, еееее, кој ќе чека, не е фер. https://deadline.com/2019/08/outlander-season-5-premiere-date-starz-1202707494/
Новата сезона на Нетфликс ја има, ама уште ја гледам четвртата. Со задоцнување јас, многу бавно ја гледам ко ќе најдам време. Да ја активираме темата малку, пишувајте импресии кој ќе почне да ја гледа.
Мене ми е одлична сезонава. Спојлер Најмомент ми беше кога го плесна Џејми. Како му се испушти дека е сепак жена еј, на Клер, која е женетина. Ама добро надокнадија после. Ме нервира Роџер многу, не можам да го сварам никако и ич не ми е а Бриана. А оној Бонет, уф, најодвратно створење, се надевам брзо ќе му дојде крајот.
Зошто не ја открив серијава порано!? Или можеби во моја корист е што можам да изгледам сѐ наеднаш Отварам сезона 4, поминаа само 3 недели откако ја почнав Значи симбиоза со телевизорот направив! Дали следнава сезона 6 што ќе ја снимаат ќе биде последна?