Леле, има нова сезона сакате да кажете? Почнав да плачам од среќа. Колку се израдував, не сте свесни!
Нели? Љубов ми е серијава. Леле еј и Џејми ми е љубов. Ваков краш у фиктивен лик од средно не сум имала. Како да дојде побрзо март? И стварно ми треба серијава у овие стресни корона времиња. @Kitten Го виде трејлерот? Пошо гледам и ти си се опседнала ко јас.
Не! Одма го најдов и го гледав откако те прочитав Нон стоп ми стигаат на телефонов некакви вести поврзани со серијава и глумците, но како е можно трејлерот да сум го утнала, стварно незнам И ја сум нестрплива, мислам дека ќе си ја пуштам од почеток, март е далеку
Не да вреди... Предобра е серијава, мене ниту една сезона не ми беше лоша, ја обожавам. Едвај ја чекам следнава сезона.
https://flixtor.nu/watch/tv/3170243/outlander/season/6/episode/1 Новата епизода излезена е, лелелелеле
Ја има ли оваа серија на НВО? Многу позитивни коментари, па да и седнам да ја изгледам многу сакам вакви жанрови.
Мислам дека ја нема. Симни си ја најубаво. Или стрим. Спојлер Леле Марсали жениште, одлична ми е сезонава. И жал ми е за Фергус многу, ме насолзи сцената со Џејми, среќа на време го виде. Не ми се допаѓа насловната песна што ја смениле, машкиот глас ми е тотално непотребен некако. .
Гледам дека има само 8 епизоди сезонава, ќе заврши за некој ден. Кога мислите дека би ја ставиле на Нетфликс сезонава, колку време би им требало?
Си излегуваат епизодите како што се по распоред. Секој понеделник има нова епизода и одма ја има на платформата.
Аууууу Спојлер Се изнаплакав на крајот. И Бриана што заминаа, па пожарот, тоа музиката ме дотепува. Како може ова да е последна сезона, не е фер, не можам да се помирам.
Штета, зар немаше 9 книги серијалот? Не го тераат до крај изгледа. Јас сум на претходната сезона, да ја завршам ќе пишам.