1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тјудорови (The Tudors) [2007-2010]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од poison.ivy, 11 ноември 2011.

  1. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Сте ја гледале ли серијава, ви остави ли впечаток?

    Мене ми остави многу силен и ми е едноставно прекрасна, барав да гледам што повеќе серии и филмови за Ан Болејн, така налетав на серијава и дефинитивно не погрешив, многу е добра.

    За што се работи? За кралот Хенри 8-ми и неговите шест жени (од кои, претпоставувате, фаворит ми е Ан :)) Има љубов, омраза, интриги и се што е поврзано со Хенри и неговото владеење во Англија во 16-тиот век. Историски до некаде е точна, има некои работи што воопшто не се случиле, но главното гледале да го прикажат точно како што се случило. Многу е моќна серијата, глумата е на врвно ниво, ако сте заинтересирани да научите нешто историја, да слушате англиски со британски акцент, или едноставно ве интересира Тјудор династијата, силно ви ја препорачувам :) Нема да зажалите, а и Џонатан Рис Мајерс дефинитивно е вреден за гледање :)

    [​IMG]

    http://www.imdb.com/title/tt0758790/

    Поздрав, па ве очекувам со дискусии за серијата :P
     
    На crazylady, Sara123, loola23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    Јас сум обожавател на вакви историски серии, филмови...и скоро сите ги имам гледано ама оваа некако не ми се погодија снимките и се изнервирав и не ја симнав.Инаку посебно ме фасцинира Британската историја, а овој дел за кралот и неговите љубови и афери ми е омилен.
    Па би те замолила да споделиш линк од каде да ја симнам цела сезона(или сезони колку се)
    Фала :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.194
    Пол:
    Женски
    И јас сакам вакви серии, ама ја прекинале серијава? не била гледана? Според годиниве само три сезони се снимени. :wasntme:
     
  4. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ 4 сезони се, толку беа потребни за да се прикаже целиот живот на Хенри :) Не знам зошто не им текнало да продолжат, Тјудор не е само Хенри, можеле да снимаат сезони и за Мери, Едвард, Елизабет... и тие исто имале интересни владеења, ама ај :)

    Јас ја симнав серијата од Замунда со добар квалитет, еве ти торенти од таму. Пиши дали се добри линковите.

    http://www.zamunda.net/download.php/105 ... TV.torrent

    http://www.zamunda.net/download.php/129 ... iD.torrent

    http://www.zamunda.net/download.php/212 ... TS.torrent

    http://www.zamunda.net/download.php/225 ... ET.torrent
     
    На 1209 и RainBow им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја гледам серијава и ќе прокоментирам неколку работи...ликови.
    Прво ми се допаѓа серијата, интересна ми е посебно затоа што ја сакам историјата на Британија, мада морам да признаам нема кој знае како квалитет, искрено филмовите и сериите што сум ги гледала за тоа време, за кралеви, имаат каде каде подобар квалитет.
    Ликовите:
    Хенри од се што имам гледано и читано за него ми е лош крал, одвртен и омразен, но не го замислувам како Џонатан Рис Мајерс, да актеров е прекрасен ама улогата на крал не му лежи некако, мене не ми се допаѓа.
    Чарлс, ах Чарлс ми е со вистинско благородничко лице, прекрасен е, шармантен и секси, мислам дека повеќе нему ќе му лежела улога на крал...Во бесрамната сцена во првата епизода беше неверојатен како се понашаше како ништо да не било :D
    Кралицата има благородничко лице, убава ми е и нежна, и добра актерка.
    Ана и Мери Болејн не ми се ни малку привлечни, дали поради филмот Другата Болејн девојка каде што беа играни од страна на Натали и Скарлет, дали поради тоа што не се ни малку шармантни, не ми се достојни за благороднички.Имаат некои детски лица посебно Мери, и не ми се убави воопшто, може Ан има некоја симпатична црта.Но тоа не е битно дали се убави или не туку како глумат, па да кажам дека не ми се допаѓа ни нивната глума.
    Тоа сега за сега имам за коментирање, кога ќе ја изгледам прва сезона ќе коментирам понатаму.
     
  6. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ За Џонатан и јас се согласувам дека воопшто не му одговара улогата на Хенри, ама претпоставувам дека го одбрале заради телото, лицето, популарноста, whatever :)

    И Чарлс, ах да, пресекси е, и шармантен... глумецот е во подем сега, допрва треба да се чуе за него :)

    Инаку, за Ан баш мислам дека Натали Дормер добро ја одглуми, а и симпатична е. Не ја замислувам таква, можеби Натали Портман подобро ја отсликува физички. Ама секој различно ги гледа работите.

    Мене лично ме изнервира што во филмот „Другата Болејн девојка“ тотално ги извртеа работите, Ан ја прикажаа како вештерка, а Мери светица, ма дај те молам. Лично ја сакам Натали Портман во другите филмови, ама во тој филм не можам да ја смислам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Престанав да ја гледам многу рано, неколку епизоди и се откажав. Дефинитивно ова е најлошата историска серија на која имам налетано а добро сум запознаена со филмови и серии од тој жанр бидејќи најмногу ме интересира.
    Можеби и ќе и дадев шанса на серијава, но што можам да очекувам понатаму од неа кога прво и основно го утнале кастингот со главниот лик, ова е најлошиот англиски крал во историјата на филмот и телевизијата |( . Јас Хенри Осми воопшто не го замислувам вака. За таа улога потребен е актер кој остава впечаток на моќен, авторитетен, цврст маж и владетел... Овој ако го бидува за нешто, тоа би била улога на некој градинар кој се плетка со напалената му богата и постара шефица, нешто од типот на Очајни домаќинки. Сериите со ваква историска позадина бараат поголема драматичност, од таму потребна е и поголема актерска професионалност и посветеност на ликот. Овој Џонатан Рис Маерс... whatever... и остатокот од екипата пилиштари тоа не го поседуваат.
    мене лично овој ни како маж не ми е згоден и привлечен за гледање...
    Да не испадне само за актерите дека се бунам, едноставно на приказната и недостасува динамичност, драма, емоции... Тој некој носталгичен шмек кој би те натерал да копнееш по животот во минатото, по малку и да жалиш за времиња во кои не си ни живеел. Овде тоа го нема. За љубителите на историјата, серијава е премногу бледа и не може да го пружи она што еден таков гледач го бара.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ Не знам зошто, ама мене баш тоа што го опиша ми го пробуди серијата, да видам како е да се живее во тоа време :)
    Искрено, не сум гледала многу серии и филмови за тоа време, можеби ако видам повеќе, ќе ја видам појасно вистинската вредност на серијата, ваква мене ми беше одлична.
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ^ ОК, секој со својот вкус. Од се што сум гледала поврзано со династијата Тјудор, оваа серија ми е најлоша. Мене првенствено глумецот ме одби уште од старт.
    Е онаков ако бил Хенри Осми, тогаш не сакам да живеам во тоа време :D
    Баш пред година дена гледав еден серијал посветен на владеењето на Хенри Тјудор, доста точен историски, ама не ми текнува како се викаше, ниту глумци знам, ништо. Ако го најдам ќе го постирам. Сега актерот не беше некој лепотан, малку постар беше :D (е за чудо жените му беа поубави него ли овие :^) :D ) ама серијата делуваше далеку пореална и повистинито беа прикажани настаните.
    едит И Хенри Осми уште пред да излезе филмот за Булејн некако многу слично го замислував како Ерик Бана што го претстави потоа, и физички и карактерно, мислам дека ликот беше многу добро доловен од негова страна. :)
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    37.833
    Пол:
    Женски
    И јас го имав истото мислење на почетокот кога почнав да ја гледам серијава и првите 5 епизоди ми беа нединамични и тапи.Како обожавател на Британската историја можам да ти гарантирам дека ако ги изгледаш сите сезони и ако продолжиш да гледаш ќе видеш дека не е се така црно :D Натаму станува интересна и динамична серијата.За кралот се согласувам си кажав и јас ама станува доста интересно натаму ти ветувам нема да зажалиш.Мислам не те убедувам да ја гледаш само сакам да кажам дека има доста малку вакви добри историски филмови, па јас што стварно ја обожавам историјата ќе се каам ако не ги изгледам сите до еден филм или серија. :)
     
    На antilla и poison.ivy им се допаѓа ова.
  11. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Дали Хелена Бонам Картер глуми во оваа серија за која правиш муабет? Баш пред некое време налетав на неа, и си реков да ја симнам, ама се загледав по другиве и уште ми стои на листа :)
     
  12. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Не се само првите епизоди, туку и трејлерите и сцените што сум ги гледала за понатака не ми оставија некаков впечаток. Сега добро, може грешам, ако не сум ја изгледала цела не можам да знам точно за да тврдам. Сепак не е ова сапуница чиј (не)квалитет лесно може од прва да се процени, туку е прајм-тајм серија, па самиот концепт тука е поинаков. Само зборувам од она што го видов.
    Ќе ја земам во предвид препораката, некогаш можеби, кога ќе имам време, ќе и дадам шанса на серијава. :)

    Не, не. Оваа серија беше во десетина продолженија. Го знам и филмот со Хелена Бонам Картер, ама тој е во два дела. :) Ехе, актерката што ја играше Ана Болејн беше десет пати поубава од Хелена Бонам :D Само немам поим каде да ја најдам по интернетов, изгледа од деведесеттите дека беше и немам баш успех. Случајно ја начекав на локална телевизија, само знам дека еден викенд беше и по 4-5 епизоди дадоа во две ноќи. Оттогаш не сум ја гледала, а многу убав впечаток ми остави.
     
  13. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ја изгледав лани мислам првата сезона со внимание, а втората без внимание :) Мислам дека се 4 сезони од сеијава, а можи и грешам.
    не знам што се случи откако и со Ен Бјулен ќе се разведе, знам само дека кралот ќе полуди (информацијава според историјата на Тјудорови
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Имам пратено 2 сезони од серијава,ја даваа на хрватска Нова.
    Баш интересна серија,си ги сакам овие историскиве.
    Ја имав подзаборавено,сега со Султан Сулејман се присетив баш на неа,ќе си ги симнам останатите сезони да ја изгледам :)
    Иначе сакав да кажам ,кралов Хенри и султан Сулејман ми имаат многу слична животна приказна,нели?
    Само што Сулејман ќе остане со Хурем,а Хенри ќе ја остави Ен Болејн ко што знам :lol:
     
  15. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Не само што ќе ја остави, туку и
    главата ќе и ја отсече.

    Инаку, оние што ја гледале/гледаат серијата, би сакала да ве прашам која од жените ви е омилена? :) :P
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Последната епизода што ја гледав беше кога се случи ова Ајви што го кажа...Омилена ми беше Ен Болејн,интересна ми беше,иако со лоша улога. Можи ќе ја побарам да ја симнам,пошто многу ми беше убав филмот :)
     
  17. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ Па не би рекла дека Болејн има лоша улога, едноставно беше жена со став која не се плашеше гласно да го каже своето мислење. Не знам зошто скоро сите ја гледаат така, за мене далеку е од тоа.

    Нејзиното семејство ја искористи како пион да си ја подобрат општествената положба, можеби и самата таа сакаше да се издигне високо на скалилата во општеството, но тоа не е битно, на крајот на краиштата и таа испадна жртва на тиранинон Хенри (само затоа што не успеа да му роди машко дете), баш како и другите 5 негови жени (добро Џејн Симур умре, но сигурна сум дека ќе бараше начин и од неа да се отараси од кога ќе му здосадеше).
     
    На 1209 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  18. loola23

    loola23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    29
    Само што сакав да направам нова тема за оваа серија видов дека имала публика на форумов :) ја симнав пред неколку дена и веќе ја изгледав првата сезона, на ред се останатите. Одлична е. И незнам зошто сите го критикуваат кастингот, а посебно кралот. Тоа е поентата, дека кралот Хенри бил убав човек и голем заводник, имал многу љубовници и се женел дури 6 пати. Не мора секој крал да биде грациозен и да изгледа кралски. Тој дошол на власт многу млад и неискусен, бил практично затечен од неговата нова функција и токму поради таквиот негов статус на „љубовџија“ :) бил многу критикуван. Кастингот според мене е супер иако не сум гледала други серии од истиов период. И посебно ми се допаѓа тоа што приказнава е малу пореална односно не го прикажува кралот како незнам што туку и неговите лоши страни, за разлика од турците на пример кои Султанот го прикажуваат како најголемиот праведник на светот кој ако се водиме според филмот ќе испадне дека бил безгрешен
     
  19. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ Хенри бил убав на млади години, после од кога подостарел и станал крал се улежал, се здебелил и тоа инфектираната нога особено му доаѓала до израз. Знам некаде читав дека една од жените велела дека не можела да го поднесе мирисот од ногата. Сакав да кажам дека воопшто не бил згоден и убав како Џонатан, ама сепак во серијата сигурно нема да донесат актери кои реално го отсликуваат него и неговите кралици, сепак ние како публика сакаме да гледаме поубави лица :)

    Мене лично не ми пречи многу кастингот, освен тоа што мислам дека можеле да донесат подобар од Џонатан, шо знам.
     
  20. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Го даваа на Нова :) Зошто кај нас не даваат вакви серии?
     
    На poison.ivy му/ѝ се допаѓа ова.