Гледав само 5 епизоди, се надевав на мнооогу повеќе, но искрено ме разочара малку серијава. И почетокот е малку конфузен, можеле барем да ја започнат серијата од стапувањето во брак на Хенри и Кетрин. И да, можеле да најдат подобар актер за Хенри. Еве на пример Чарлс (Хенри Кавил) 100 пати подобро ке го изиграл ликот, фаца ми е типчето Сепак планирам целата да ја гледам, може понатака подобра да е серијата Омилена од жените ми е Кетрин од Арагон
Лелеее супер,ќе ги даваат на канал 5! Јас само една сезона гледав,после не ги продолжија,така да супер ќе биди.
Имаше најава на Канал 5 дека ќе почне, се надевам интересна ќе биде.Интересни ми се вакви историски филмови и серии, башка и среден век, а и глумецот. Само во некој разумен термин да ја стават.
И јас ја видов најавата на Канал5, но не знам точно кога ќе почне. Заинтересирана сум и многу љубопитна за серијава. Се надевам дека нема да ме разочара. Ако некој има подетални информации за тоа кога ќе почне нека пише.
Јас пред некој ден,ја видов најавата на тв, како и останатите феминки, едвај чекам да почне серијава, бидејки страшно ме интересира Но, незнам кога ќе почне, само најавуваат.Јас ја заглдеав првичната најава на серијава, па гледам да фатам кога ќе ја најават пак, а еве и тука сега ко видов, се израдував Исто и мене ме интересират кога и во колу часот ќе ја даваат, оти подготвена сум да ја гледам А чекам и Борџии да ја дадат на сител, само најавуваат, а кога не се знае Таман начекав и сега уште не ги даваат серииве Нестрплива станав
Ја имам изгледано пред некоја година ми се чини. Не е лоша.. Има и да се научи нешто. Не толку за животот на Хенри Тјудор што во серијава беше малку исфилуван, колку за на пример Томас Мор, Кардинал Вулзи, Франсоа I, Карло V и други од тоа време.
Не ми се верува да ја стават во разумен термин, серијата има многу слободни сцени посебно во првите сезони.
Пред некој ден ја видов на рекламите, и ми изгледа како интересна серија. Многу ме потскеќа на серијата `Величествениот`. Ваљда од понеделник ќе почне.
Инаку Сулејман Величествениот и Хенри Тјудор биле современици. А како серии, не може да се споредуваат. Тјудорови е неколку класи над Суљо и неговите жени. Спојлер Не дека треба да е којзнае каква серија за тоа
Потполно се согласувам со тебе.Мислам дека сосем погрешиле кога го одбрале овој глумец да го толкува ликот на Хенри, не дава впечаток на човек каков што бил Хенри.За сега не можам многу да кажам за серијава, се уште ја гледам, но не е доволно добро обработен тој дел од минатото, самата серија прави некако да е одбивна, да сака човек да се откаже да ја гледа, истата не прави да е привлечна, да го натера човек да се внесе или конкретно соживее со тогашниот начин на живот.Изгледа како да е ради реда направена, како со сила.Тоа е тоа што мислам за сега за серијава, за понатаму ќе видам, иако се сомневам дека би ја изгледала цела.
Започнав да ја гледам на Канал5. Многу интересно, обожавам вакви серии. Не ја гледам секој ден затоа што терминот не ми одговара но кога ќе фатам гледам. После секоја епизода си викам ај можеби другата ќе успее повеќе да ме заинтересира, можеби ќе биде поубава. И секогаш така и давам шанси на серијава. Во секој случај серијава ми се допаѓа содржински но верувам дека можело многу подобро да се доловат некои моменти од тоа време. А за актерите, супер си се - добар избор според мене.
целосно се согласувам со тебе а и самата историја кажува дека бил како што е прикажен и немало баш некоја романтика ова е историски филм а не приказна, бајка, инаку ги имам изгледано сите сезони на ХБО на времето и стварно добар филм малку катерин не ми е погодена улогата зошто баш е типчна англичанка по изгледот, нема некој црти што ги обележува шпанките физички,ама затоа она ејн или како беше, втората жена на хенри целосно и одговара улогата
Преубава серија, не пропуштам епизода. Хенри и Брендон ми се омилени ликови. А Кетрин е Шпанка, а роднина на римскиот император. Римскиот император како што сфатив е исто така Шпанец? И не е оваа серија која се гледа еднаш два пати неделно, историска е и со многу факти и содржина, бара внимание.
Да, Карло V бил внук на Катарина и бил шпански крал, a oд страна на папата бил прогласен за Свет Римски Император. Инаку не знам колку го гледаш Величествениот, ама тоа е оној истиот што таму го викаат Шарлкен.
Терминот остана после Ифет, или го сменија?И секој ден ја даваат? Никако не можам да ја фатам, баш терминов не ми одговара.