Многу интересна серија е кога имам време ја гледам слична е ко Сулјеман ) https://www.facebook.com/Tudorite
АЈ ако можеш да ми објасниш некои историски факти, малку ми е нејасно што очекува Вулси од разводот на Кралот? Знам дека претендира да стане папа, но што со разводов ќе добие? И сега каква била тогаш поврзаноста меѓу Папата, Англија, Римското царство? Малку тоа да ми го објасниш од првава сезона.
^Вулзи главно ја поддржуваше одлуката на кралот за да не ја изгуби неговата наклонетост, зашто во спротивно знаеше што го чека. За другото..па не знам што конкретно те интересира, вака општо.. Англија тогаш била католичка земја, нели црквата била многу влијателна во тој период. АМА, случувањата околу разводот направиле Хенри да ги прекине врските со Ватикан и да го отфрли нивното влијание. Подоцна формира нова англиканска црква, се прогласува себеси за нејзин поглавар, па така Англија полека ќе стане протестантска држава (што и е денес). Светата римска империја била територија во Средна Европа и на нејзино чело папата го поставувал најмоќниот и најспособниот западен владетел и го прогласувал за Свет римски император, во случајов Карло Петти, шпански крал, па така тој им бил нешто како 'претпоставен' на останативе кралеви и имал главен збор за важните прашања, особено за воените походи. Со ова што Хенри се развел од Катарина и ја заменил со друга жена од не толку важно потекло, па уште и протестантка, им се поткопало единството, затоа никој однадвор не сакал да го прифати тој брак. Е сега, политиката во тој период била превртлива, постојано правеле сојузи па ги растурале, во зависност од лични интереси. Размислувале дури и да ја нападнат Англија, ама не го направиле тоа затоа што биле зафатени со војни со Османлиите. Инаку, ако некој не знае, вчера заврши првата сезона.
Прекрасна серија со прекрасна содржина! Повеќе ми се допаѓа овааа отколку Величествениот! Има и една друга историска серија BORGIAS и таа е многу интересна, сеуште се снима. Трет пат ја гледам сега на телевизија. Ах Џонатан колку е само прекрасен!! И Брендон не е за фрлање, но со подолга коса ми е некако погрд
И мене Чарлс Брендон и Хенри ми се поубави со кратка коса. Каква Величествениот, не се споредуваат. Само кралов стварно ме разочарува, не дека Ен е цвеќе за мирисање, но мораше ли одма да легне со таа Елизабет штом виде дека Ен му роди девојче. Исто и Чарлс Брендон не останува верен на жените, додека умираше сестрата на кралот, он ја изневеруваше со друга. Преубава серија
Ја пратам серијата, на почетокот повеќе отколку сега. Кралот, овај Џонатан, воопшто не ми е лик за на крал. Не дека не е добар актер, али некако, ја нема таа фацка, многу нежно лице некако за крал. Најубав од серијава ми беше Чарлс, али сега откога му порасна тоа косиштето, ко цела лепота да ја загуби.
Ве проколнувам да пишувате во спојлери! Само што дојдов на темава и ми се расипа серијата. Знам дека заврши 2010 ама сигурна сум дека има неколку феминки вклучувајќи ме и мене што дури сега почнале да ја гледаат.
^Не е откриено ништо посебно. Работиве и онака се познати од историја. Некој и без да ја гледа серијава ги знае.
E...V...I...L, убаво си напишала. Некој и без да ја гледа серијата ги знае. А на останатите што не знаат им ја расипувате забавата. Впрочем не знам како и зошто си сфатила дека коментарот се однесува за тебе. Прелистај ги првите страни и ќе видиш.
^ Па и не е дека помислив дека се однесува на мене, онака само напишав. Мислам, кога се работи за програми базирани на историски личности и настани, спојлерот е дискутабилен. И енциклопедија да отвориш, таму се е напишано, не дека креаторите ги измислија основните дешавки во серијава.