Зошто беше обвинета за неверство и инцест со брат и.Тоа не беше точно но,се е по заслуга на тој секретарот/советник на кралот незнам како се викаше.
Како што знам од историјата он ке има многу жени но никоја нема да може да ја сака како што ја сакал ЕН ..па ако сум грешка поправете ме...
^ Па и не би рекла баш.. На почетокот да, очигледно чувствувал страст, штом го кренал цело кралство на нозе за да може да се ожени со неа, ама понатаму не ни сакал да му ја спомнуваат. Се што ќе се рече или напише за неа морало да биде во негативен контекст. Плус каква љубов е тоа да наклеветиш некого за инцест и за блуд и да го обезглавиш откако претходно ќе го изругаш пред народ? Тој велел дека единствена што ја сметал за законска жена и што ја сакал била предвреме починатата Џејн Сејмор, очигледно зашто само таа успеала да му роди син. Побарал дури и покрај неа да биде погребан. Ама кога ќе размислиш, да не се разболела и да останела жива, кој гарантира и со неа што ќе се случело понатаму. Незгоден карактер имал, цел живот го поминал размазено и во потрага по адреналин, се брзо му здосадувало, по се изгледа така и жените.
Морам да се согласам, одамна ми стоеше во компјутер и никако да почнев да ја гледам. Кога го прочитав твојот коментар, си викам добро нели во прашање е вкус, ама не е можно да е до толку лоша. Ах, али си била во право. Моментално јас сум на 3 сезона, ама ја гледам онака.. колку да кажам сум ја изгледала. Значи да не ги повторувам веќе кажаните зборови, ама навистина и фали динамичност. Една работа се оптега една цеееллааа сезона. За актерите, девојка што ја глумеше Ана Болејн, мене лично не ми беше ништо посебно на лик ама најдобро си ја одигра улогата. За останатите немам некој посебен коментар. П.С Чарлс, некако ми беше срцка во 2-рата сезона. Демек вика созреал..
Се согласувам дека едно исто се влече цело време, црквата против реформите, но таква е замислата на оние кои ја создале. Но и во тој случај, сепак фали динамичност и емоција. Од ликовите неколку се само добро развиени, кралот, Ен, Кетрин и толку. Јас сум на трета сезона која ми е најлоша и најдосадна.
Се то па то ..се се жене се се остава се други сака се нешто некои се карат..серијава е досада на квадрат...више неја гледам 1 месец мош..се то па то...
Па сега тоа се случувало, реформација и бракови, со тоа е обележано владеењето на Хенри VIII.. Уште малку остана, ако ви се остава при крај оставете ја сега што да ви кажам.. Ама да беше прикажано точно онака како што било, не знам дури тогаш колку ќе ви беше интересно. Што знам мене ми се допадна кога ја гледав и првиот пат, можеше да биде и подобро, ама и вака е солидно. Историскиве настани во серијава се воглавно веродостојни и по хронолошки редослед. Забелешка имам за некои карактери, не се доловени баш онака како што е посведочено дека биле, повеќе како да ги прикажуваат од денешен аспект. И четврта сезона ја завртеа малку накај сапуница. Ликот на Чарлс Брендон, војводата од Сафолк некако ми е вишок, историски не ни имал некаков голем удел во настаните, тука е издвоен како еден од најбитните ликови, во сите епизоди се јавува и во сите четири сезони. Исто ја претеруваат малку и со експлицитноста на секс сцените, може од денешна гледна точка е смешно, ама мислам знаеме дека менталниот склоп тогаш им бил таков што тие освен тоа дека мажот треба да рипне врз жената тешко дека се разбирале од нешто друго, за нив се било грев а повеќето од нив биле и тешки верски фанатици. Така да, малку нереално ми е она слободно однесување во амбиент во кој летаат глави. Ама добро, таков решиле да биде концептот. Инаку, кога спомнав фанатизам, дури и жените на Хенри, сите освен Кетрин Хауард биле 'забегани' по религија. Катарина од Арагон поминувала уште од мала ден и ноќ над Библија, била цврст католик а така ја воспитала и ќерка и, тешко за верување ама и Ен Болејн била тврдокорен протестант, под тоа мото кога станала кралица ги терала жените во дворецот да се облекуваат конзервативно Спојлер добро таа и од други причини го правела тоа со облеката, не била глупава ама на крај се и било џабе, за жал Џејн Сејмор во серијава беше прикажана како 'швалерката' а они легнале прв пат дури после бракот, инаку некаде прочитав дека Хенри неа ја викал мала калуѓерка од што била така наивна (денес би се рекло смотанка). Историчари тврдат дека Ана од Кливс не била така грда колку Хенри што си увртел во главата, само била побујна, имала големи гради и широка половина, а тој преферирал вити жени со помомински изглед, плус и тенот не и бил блед како што барал. Последната жена Кетрин Пар била можеби и најрелигиозна од сите, пишувала молитви и верски книги. Неколку нејзини пријателки биле и спалени на клада како протестантски еретици, за малку и неа ќе ја погубеле ама кралот се премислил зашто била многу грижлива и добра со него, а и покорна. Во серијава за разлика од тоа остава впечаток на малку лицемерна и опортунист. И покрај тоа што физички не одговара на ликот на Хенри, на Џонатан не планирам да му наоѓам маани.
^^^не да ги кратат абе додека се свртеш таканаречената епизода завршува....едвај 20 минути траат, а во оригинал една епизода е околку 60мин..па и повеќе... јас ги добив сите сезони на усб и ќе си гледам отпочеток се пак...
Заврши серијата во средата на Канал 5. И не ми фали воопшто. Немаше нешто посебно по што ќе ја запамтам и ќе ја сакам многу, фалеше нешто, возбуда, емоции.