Форумџика на годината

Тјудорови (The Tudors) [2007-2010]

Discussion in 'Серии и емисии' started by poison.ivy, Nov 11, 2011.

  1. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Joined:
    Aug 6, 2016
    Messages:
    111
    Likes Received:
    265
    Gender:
    Female
    Интересна серија е. Од постарите, ама ја гледам сега, порано мала бев:D Од една страна го мразам кралов премногу, како може така да ги прогласи децата за нелегитимни ,душички ;( И покрај се, негови деца се. Ѓубре!
    Од друга страна пак, гледав документарец за него, тој е така воспитан дека е крал и сите негови одлуки се одлуки на Господ и дека не греши кога наредува да се погубуваат невини луѓе.
    Ана Болин, не беше цвеќе за мирисање, многу лошо се однесуваше со Мери ама Мери ми беше царица кога и кажа "Не познавам друга кралица освен мајка ми, ниедна љубовница на татко ми не е кралица"-Храбро и достоинствено девојче, и јас би и го рекла истото, да ми поставува услови дека ќе биде добра со мене, ако ја прифатам за кралица! Е нема! Сепак не заслужи да и летне главата, срцето ми се кинеше на тие сцени. Како достоинствено одржа говор, и солза не пушти, а којзнае колку и беше страв на сиротата;(;(;( А малата Елизабета беше само мало детенце, кое не заслужи таков суров третман. Важно на крај таа станала една од најдобрите кралици на Англија.