1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УГД или УКИМ?

Дискусија во 'Образование' започната од GirlRose, 19 ноември 2018.

?

Подобар универзитет?

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј"-Скопје

    63 глас(а)
    61,2%
  2. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

    40 глас(а)
    38,8%
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Ја разлистав цела категорија и најдов само една тема слична,но беше само конкретно за медицина.
    Која варијанта за вас е подобра и зошто?Дали вреди да си од источен регион и да одиш во УКИМ?Кои поволности ги нуди УКИМ,а кои УГД не(или обратно)?Дали е вистина дека дипломата на УКИМ ја признаваат низ цел свет,а на УГД не ја признаваат?
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Не студирам тука и не знам колку нуди факултетот. Ама сепак споредено со факултетот во Штип или бугарските факултети па и некои од Словенија мислам дека скопскиот е најквалитетен.
    Ако треба јас да избирам меѓу фармација или медицина би избрала медицина, бидејќи за жал со фармација во Македонија работата се сведува само продавање на лекови.
     
    На Lady D ❤️, S.W.A.G и Lolli им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Хм..
    Јас како што имам разбрано подобро во странство.Пример,најдеш работа во странство.И сега,со диплома од македонски универзитет треба да преполагаш некој си испит пошто не сме во ЕУ.Додека,ако студираш во Словенија и Бугарија,тоа не потребно пошто се веќе во ЕУ.
    Колку е точно ова?Појма немам.
    Квалитетен,мејби јес,мејби ноу.
    Барај си тоа што ти е интересно.Утре цел живот ќе го работеш тоа.
    Квалитетот е секако приоритетен,но за секој студент мислењето за квалитетен универзитет е инвидуално и различно.
    Секаде има учење,не дека во Штип,Бугарија или Словенија по цел ден спијат и од небо и паѓаат оценки.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство, бев кај ''доктор'' специјалист што и додипломски студии и специјализација заврши во Бугарија и покатастеофално не сум поминала. Докторот ништо не знаеше. Воопшто не ми помогна. Ми кажуваше работи од општа култура што секој ги знае. Поради овие причини и големата '' стручност '' на дотичниот '' доктор'', знам колку се квалитетни факултетите во бугарија. После ова бев кај доктор специјалист што заврши во Скопје и веднаш ја реши ситуацијата, од еднаш што бев. Веќе никогаш не би идела кај некој што нема завршено во Скопје.
    Јас не реков дека таму не учат, на секој факултет мора да се учи. Ама сепак разликата е гооолема меѓу некој што завршил во Скопје и некој во Штип или бугарија.може сите доктори во Бугарија што завршиле не се како тој јас кај што бев, ама веќе никогаш не би идела кај некој што завршил во Бугарија или Штип.

    Вака, јас потенцирав во Македонија како е. Инаку фармацијата е доста интересна доколку се работи во производство на лекови или истражувања. Ама 99%од фармацевтите во Македонија го работат тоа што јас го кажав.
     
    Последна измена од модератор: 9 септември 2019
    На Lady D ❤️ и Lolli им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    И во Штип има доста квалитетни студенти на општа,само проблемот е што одма по завршување заминуваат во странство.
    Искуството и знаењето го прават докторот доктор или фармацевтот фармацевт.Не знам што ќе ти смене дали е учил на УГД или УКИМ.Но,тоа е твое лично мислење и го поштувам.
    Океј е.
    Само ме занима:
    Во постот е потенцирано дека нема никогаш да отидеш на лекар кај некој кој е завршил на УГД или во Бугарија.
    Зошто?
    Инаку,ептен сме оф топик и би му препорачала на модераторот да ги премести мислењата во соодветна тема.
    Јас имам отворена една,едно време,но немаше никаков одговор таму.
    https://forum.femina.mk/threads/УГД-или-УКИМ.29612/
    А,мислам дека дискусијава е баш за таму :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    За жал фармацијата е многу потценета на овие простори. Веќе кажав дека е интересна и перспективна наука, за производство на лекови или истражувања. Ама во Македонија сите велат зашто ќе запишуваш тоа, ќе продаваш лекови. Ништо друго.

    Имам објаснето зашто не би идела кај такви доктори.
    Познавам студенти од медицина што студираат во Скопје и студенти на медицина што студираат во Штип и самите студенти од Скопје велат дека построго е во Скопје и дека повеќе професорите бараат.
    Јас од лично искуство кажав зошто нема да идам.
     
    Последна измена од модератор: 9 септември 2019
    На Lady D ❤️ и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    4.468
    Пол:
    Женски
    А како знаеш каде студирал секој доктор?
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.047
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Па самиот доктор се пофали дека има завршено во Бугарија. А за вториот кадешто бев ми го препорачаа негови пријатели што го знаат приватно и тие потенцираа дека завршил во Скопје.
    Важно е колку студентот се труди. Ама сепак дека се работи за здравје не би ризикувала.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.666
    Ја видов темата за медицински УКИМ-УГД, па да искоментирам.

    Јас студирам ОМ при УКИМ. Имав школски со 2, 3ки во основно, средно и се запишаа ОМ при УГД. Искрено, жал ми е за тие што ќе ги лечат. Не сакам да навредам никој, но логика, способност за поврзување, учење нешта НУЛА имаа. А си тераат на право, испит не паѓаат во Штип.

    На пракса бев во Итна, и таму беше докторка во Штип што завршила. Не знаење притисок со манжетна на рака уствари на кој крвен сад се мери :drunk: Мојата прва комшика в зграда заврши општа во Штип, не знае што е ПТСД. :drunk:

    Друг пример: Проф. Трајков по имунологија предаваше и во Штип и во Скопје. Една колешка се префрли од Штип во Скопје, со положен испит по имунологија во Штип. Професорот и го поништи, фактички сам се поништи себе. Рече дека да се полага имунологија во Штип и Скопје не е воопшто исто.

    Друга работа - Кај нас на една катедра има по мин 7 професори, уште толко асистенти. Таму еден ист професор предава два, три предмети. Како?:x

    Друг факт - Многу што немаа просек за медицина во Скопје, се запишаа во Штип. = слаби ученици/студенти

    Велите дека се учи медицина кога ќе почнеш да работиш. Како па да не. Немај ти основа никаква, тикви зелени ќе се надградуваш.

    Така да, мое мислење е дека споредба меѓу овие два универзитети не ни треба да се прави, апсурдно е. Им даваат 5 регуларни сесии да полагаат, плус казнени. Кај нас 3 одвај, и на тие се тресеме како пилци.

    Но трудот се исплаќа :muscle:
     
    На Lady D ❤️, Glowy, S.W.A.G и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа како вие студентите на УКИМ малку повеќе да се преценувате и се чувствувате супериорни, извини ама со кое право си правиш вакви сопствени неразумни проценки кога не си студирала таму и немаш лично искуство? Епа еве ти ја реалноста: такви "доктори" што не знаат основни работи има и од УКИМ за жал, можеби дури и повеќе од кај вас. Второ, од УГД јас лично познавам дипломирани доктори со огромно знаење, дел од нив работат во странство, а дел од нив ми се асистенти. Тие слаби ученици што се запишуваат на УГД, или ќе почнат да учат на факултет, или заглавуваат и си квадрираат по неколку години. Ако некој бил слаб ученик во средно, не значи дека ќе биде слаб студент. Мене лично, во овие 4 години на ниеден испит не ме пуштиле без да покажам знаење, дури ни по најлесните поневажни предмети. И, имаме 3 регуларни сесии плус 1 до 2 казнени. Значи нареден пат пред да ги омаловажуваш студентите и докторите од Штип, информирај се малку повеќе, и покажи малку почит бидејќи независно на кој универзитет завршиле ќе ти бидат колеги, а во медицината секогаш треба да има почит и соработка помеѓу колегите, ова е ЕДНО ОД ОСНОВНИТЕ НЕШТА што треба да ги знаеш ако студираш општа медицина.
     
    На sweetdesires7xo, Beauty161, Fallen.Angel и 4 други им се допаѓа ова.
  11. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Jaс студирам на Природно-математичкиот факултет при УКИМ, ама гласав за УГД и ќе наведам неколку причини и ставови зошто мислам така!

    Ќе започнам со медицина. Во посоледно време само читам како се јадете меѓусебно за кој факултет е подобар и стварно нема врска. И двата факултети не се баш најдобри и да тие во странство нудат поквалитетно студирање, но ете нема секој услови да си замине па уписале медицина тука. Доколку некој ја учи медицината од чиста љубов тогаш убаво за него, доколку ја учи за да си обезбеди добра работа тогаш е негов проблем. Никој не е подобар еден од друг, медицина си е медицина!

    Ај сега за ПМФ да кажам нешто. Ние на овој факултет немаме услови за изведување на експерименти, буквално лабораторите ни се за никаде, обновени биле последен пат кога Тито бил жив! Имаше протести во ноември (мислам) минатата година поради овие причини. На УГД лабораторите се нови, чисти, значи работат како што треба!

    Како разултат од пандемијата, УГД се покажа како најдобар за реализирање на наставата. Одамна беше воспоставено е-учење и лесна транзиција имаа професорите и стидентите. УКИМ не дејствуваше навреме и имавме пропустени часови, до сесија кога дојде стварно беше хаотично. На мој другарки од разни факултети им беше многу тешко, професорите им крателе бодови, ги испопагале од глупи причи, значи катастрофа.

    Да можев ќе си отидев комотно на бизнис логистика, ама ете на пола пат сум пред дипломирање.
     
    На Fallen.Angel, Hellobeautiful, Leat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.666
    Не си правам сопствени проценки. Изнесувам факти. Го прескокна делот за професорот, и нековата изјава дека полагање предмет на Медицински на УГД, не е исто како полагање предмет на УКИМ.

    Друга случка што ми текна е од кога полагав е задолжителен државен после 2ра, што е укинат сега. Еден од УГД (името му го знам, но нема да го кажам тука) рече дека на испит анатомија, професорот им рекол "имате 6ка без да ве испрашувам. Кој сака да го испрашувам, ќе биде за повисока оцена. " Тоа знаете кога ќе се случи на анатомија овде во Скопје. Кога ќе роди баба дете искрено... Башка што професорот предавал и хистологија и патологија ако не се лажам, или физиологија беше, така некако. Тие утре нема да знаат кои коски се на раце, или деловите на колонот, или било што, што е недозволиво и тажно.

    Начинот на кој се одвиваат студиите, полагањата, и квалитетот на знаење кои ги има во УГД немаат никаква допирна точка со тоа дека јас утре нема да си ги почитувам колегите.
     
    На Lady D ❤️, Glowy, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Ова нема врска.
    Професорката анатомија веќе неколку години е таа и е престрога.
    Општа лани бутнала пола и повеќе пошто не знаеле прашање што го немало ни во книга.

    Жал ми е. Има само три редовни. И две казнени што се НА БАРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ.
    Не знам од кај ти се фактите, ама дефинитивно ти се погрешни
     
    Последна измена: 19 август 2020
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  14. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    Другарка ми студира таму, и можам да кажам дека муабетиве ти се рекла казала, и за професорите и за сесиите. Пред да треснеш и друга глупост, информирај се како е навистина.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Го прескокнав делот за професорот затоа што не знам кој е тој професор, и не коментирам за нешто што не знам туку само од сопственото искуство што го имам таму досега. Ниту анатомија сме положиле лесно, ниту хистологија и патологија, а најмалку физиологија. По сите овие предмети се различни професори, а по хистологија и патологија се тројца. Имам колеги кои во трета или четврта година се префрлија од скопје, па воопшто немаат повеќе знаење од нас, некои дури и помалку. Има една олеснителна околност, а тоа е дека кај нас нема условни предмети заради кои може да квадрираш година, ама далеку од тоа дека некој си положил анатомија без да знае коски на раце и слично. Од професорите кои предаваат денес, ниеден не пушта на испит така лесно, има испити на кои не те пуштаат најмалку 3 пати, и да си знаел доволно. Има испити на кои и да одговориш се, ќе ти пишат една 6ка или 7ка, значи има секакви професори како и кај вас. Медицината и материјата што треба да се научи е иста, и на УГД и на УКИМ и во цел свет, ако некој е навистина заинтересиран ќе ја научи секаде, без разлика на кој универзитет е. Тие што завршуваат без да знаат основни работи (а ги има и од УКИМ-со врски), одговорноста е нивна, сами ќе си одговараат за грешките понатаму. Има ученици кои во средно биле одлични заради тие врски, па успеале без проблем да се запишат на УКИМ, тие понатаму добри студенти ќе бидат? Значи не треба да се прават вакви споредби бидејќи и на двата универзитети има и одлични студенти, а ги има и тие не толку добрите.
     
    На Ambitious и Leat им се допаѓа ова.
  16. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Единствена замерка за УГД во споредба со УКИМ е критериумот , таму со 51 бод си положен а Скопје ни блиску до 6ка. Јас како иден студент мислам дека УКИМ е подобар од причина што знаеш дека 60 проценти од материјалот мора да ти е совладан за 6ка додека на УГД со 50 посто поминуваш и плус имаш повеќе сесии за полагање. Критериумот не е ист и затоа се дистанцираат овие два универзитети.

    Но за учењето има и квалитетни доктори од УГД и од УКИМ но има и лоши. Се зависи кој како си ја сфатил медицината , дали како животна професија или како материјална работа. На крај краева не е битен факултетот , Анатомија е Анатомија дали на УКИМ или УГД тој што сака да ја совлада ќе ја совлада :)
     
    На Lady D ❤️, GirlRose, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе.. Посебно се разочарав кога братучед ми ми извади „скрипти“ ако може да се наречат така од по 15-20 страни, слики од презентации и кажа дека од тоа учи и полага..
     
    На Lady D ❤️, LadyR, Glowy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    И на УКИМ е од 51 поен 6(шест).
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Кај нас е од 60 бода 6-ката.
    Он на медицински се упишува годинава, затоа така спореди. :)
     
    На Lady D ❤️, Glowy, Larson и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    4.666
    Еве од УКИМ.

    Screenshot_20200826_231820_com.google.android.apps.docs.jpg

    Оди па докажи им го ова на тие од Штип. Јас у средно повеќе материјал учев отколку тие на факултет таму.
     
    Последна измена од модератор: 27 август 2020
    На ElenaOfRivendell, S.W.A.G, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.