Kako prvo br na strani ne go spomnav kako kriterium, am sepak ne e isto da uchish anatomija1 400str i skripta skrteno na 150 str Za pros i cons prochiraaj si vo prethodnite postovi, ne izdignuvam, nitu omalovazhuvam fakultet ama faktite se fakti
Можеш да отвориш резултати кога ќе има конечни листи (може и има веќе, не сум сигурна) и од двата универзитето, и да видиш првиот и последниот примен на УКИМ колку поени има, и првиот и последниот примен на УГД колку има. Па ќе ти биде појасно. За запишување на УКИМ и 0.02 се важни, додека на УГД е друга песна. Таму и со 70,60 поени се запишуваат. А на УКИМ и со 97 е знак прашалник. Затоа не би рекла дека слаб ученик се запишува на Медицина во Скопје. И да, можно е многу лесно да за завлече години иако е добар, т.е. одличен ученик. Верувај, со време посветено на учење медицина и годините на студирање, 3 други факултети ќе завршиш (ги исклучувам електро и фармација). Сум седела 5 години во студентски, и низ читални цело време. Гледав како и колку учат од другите факултети (зборувам за УКИМ). Искрено, гледав и тие при УГД во Скопје на бизнис и нешто бла бла што студираат - е тие се смешки во боја. Бетер од ФОН.
Не го спомнуваш како критериум, ама не е исто било. Добро ајде. Читам и доаѓам до некаков филинг на болка. На УКИМ сјајно е? Јас како што знам не. Уште одете со лист хартии пријави, уште се влечете со индекси, уште ви бараат оригинали книги, уште терате со опрема од на Тито времето. Слабите ќе се слаби, одма ги елиминираат. До 6та година дали 50 ќе завршат. Ете тука лежат, учат за пет коски и паѓаат 10ки од небо. Прелесно е.
Бубење? Па кој факултет е само со пракса без бубење? Ама финтата е да ги разбираш работите, и тоа бубањето да го поврзуваш и запамтиш. Ако мислиш дека медицина е бубење, гадно се лажиш. Бидејќи се е поврзано, секој предмет, секој процес,секое едно делче. За да знаеш да поставиш дијагноза, треба многу работи да поврзиш и склопиш. Со бубење тоа не бидува, па ако сакаш и на глава да се вртиш.
А сакаш да ми кажеш дека сите со 97 поени се утепале од учење во средно? Абе ајде, и ја коа матурирав прв избор ми беше медицина па уште денот на упис ми стана јасно со какви ќе си имам работа ако ме примат. И бтв, последниот у приватна квота тогаш беше со 88-89 поени.
Тоа што го пишуваш се административни работи кои никако не влијаат врз тоа колку ќе се бара да биде минималното знаење на студентот за да може да се смета за положен. Многу негативни страни има и на УКИМ. Никој не рече дека е прелесно, но потенциравме дека е полесно во однос на УКИМ.
Ете те читам. Докторка си, златна диплома имаш од УКИМ. Имаш знаење и од бизнис факсот. И ете, според намената на темата (на која и беше целта), немаш нешто лошо да кажеш за факсот твој? Ете пример, лошо е што имавте лешови од пред 50 години? @Just.do.it епа тоа и е намената. Знаете ли колку е грдо кога ќе прочита човек работи за универзитет на кој не стапнале. Ете, немам ниедна врска. Учам максимално, полагаме сите заедно. Имам книга што ја учеме и е 300 страници, на УКИМ истиот предмет е 150. Не го гледам како критериум тоа ама ич. Ставаат петки на големо и тука. Не ми е намерата да ве убедувам, ама темата скроз забега во спротивен правец.
Koga ke bidesh doktor nitu eden pacient nema da go interesira toa kako si prijavuval ispiti, nitu dali imash elektronski indeks i sl, tuku tvoeto znaenje Ovie raboti koi gi kazha ti nikako ne pridonesuvat za tvoeto medicinsko znaenje i za toa ne bi trebalo da gi gledash kako kriteriumi pri upis na fakultet
Која е таа книга, по кој предмет? Инаку секако дека имам, никаде не е совршено. Но зборуваме за квалитетот на знаењето, кадарот. Утре, кога ќе ти дојде пациент, нема да биде важно дали си седела на предавање на клупа стара 5 години или 5 месеци. Туку ќе биде битно знаењето кое си го стекнал. Инаку како негативни страни на факултет би ги издвоила: вц-то, амфитеатрите - одредени, не сите, гужвите низ клиника, собирање потписи. Но, како што реков, ова не е битно воопшто за знаењето како лекар. Едит: Некаде имаше некој напишано дека не терале да купуваме книги на ново демек. Нема блага веза. Никогаш не сум купила освен ако не сум сакала самата.
Кога ќе си доктор утре нема да дојде пациент со болки и прва мисла да му е да се распраша каде си завршил. А, ова со пријавите беше аналогно на бројот на страници. Пошто гледам пребитно било. Од тие 400, 200 може да се само слики, ама те тоа болка било. А, да. И уште едно прашање. @Just.do.it @Lady D ❤️ @LadyR Ви има предавано професор од УГД или? Сакам да поттикнам вистинска дискусија, ама со факти искрено. Ете, има многу студенти се мислат дали тој или тој универзитет. @LadyR и те како се важни условите. Сепак медицина е во прашање. Медицина е гранка која следи најнови технологии и техники. Ете, јас имам информација дека уште се користи таму газиени ламби. Точно е?
Jas stvarno ne razbiram kako mozhe kako prednosti na fakultetot da pishuvate: novi klupi, nema fizichko prijavuvanje na ispiti, ima samo elektronski indeks Kako ovie raboti mene mi go zgolemuvaat znaenjeto?
Od lichno iskustvo nikogash ne bi odela kaj nekoj doktor shto ima zaavrsheno na ugd. Mi napravi pogolem zdravstven problem so negovoto pregolemo znaenje Zatoa e bitno kaj si zavrshil, zaradi ova: na ukim za da go polozhish predmetot minimalno znaenje treba da imash za 60poeni,a na ugd ni polovina od materijalot
Па да, го зголемуваат знаењето. Не е исто да се учи од 100 и од 300 страни, логичко размислување е дека во тие 200 страни има напишано повеќе и тоа директно е поврзано со количината на знаењето.
Леле луѓе, дај бидете малце реални. Може скрипта/книга од 150 страни да ги содржи најбитните работи што треба да се знаат. Сигурно книги од 300 страни не ги учите од буква до буква.
Ke ti objasnam simplificirano za da sfatish Vaka :ako vo nekoja kniga primer za egzekutivni funkcii imash 10 str, a vo dr za istata tema imash 50str, logichno deka ima povekje info vo povekje str koi ke treba da gi znaesh za ispit
Дај ве молам. Мене сестра со завршена виша на тој УКИМ 50 пати ми ја згрешна вената. Имав книга 500 страници. Погодете што? Беше практикум и книга во едно. И успат одговорете ми на прашањето, сте имале директен контакт со професор на УГД или ова е муабет: на сестра ми другарка братучетка сватоштина студираше на УГД. @LadyR докторите во Клинички Штип пола се со УКИМ. Ги препраќаат оти нема болница асална и ја градат новата веќе 10 години. Поголем дел имаат приватни ординации од тие што завршиле УГД.
Значи ако е така, според тебе треба цел клинички да го затворат. Знаеш низ колку клиники инвентарот не е од најнова технологија? Демек тие доктори со субспецијализации се будали? Или не сакаат да работат во ординација опремена по најнова технологија, или да оперираат во сали си најнова апаратура? Никој не спори дека хигиената не е битна, не само за на факултет, туку за било каде. Ова што зборуваш се работи кои не се поврзани со факултетот, туку со буџет, и министерство и разни оддели кои како и се' друго во Македонија не функционираат. И ако е толку стручен и спремен кадарот во Штип, зошто ги препраќаат за разноразни работи пациентите во Скопје? Што не ги лечат/оперираат таму? Тоа што често е исполнет капацитети во државна е баш поради таков "стручен" кадар што го има во Штип.
Фактот што од УКИМ одат во Штип професори да предаваат, а не обратно мислам дека сосема доволно зборува. Зошто би ми предавал некој од Штип, кога тука на една катедра има по 10 професори, и уште толку асистенти. Едит:Ги праќаат бидејќи ви фали кадар. На државна цело време вработуваат, никогаш немало вишок медицински кадар, па затоа да ги пратат во Штип.
Воопшто не е во ред. Сепак испаѓа дека го величате Медицински на УКИМ а го газите другиов. И на двата факултета има и добри и шклњ студенти. Стварно не ми е јасно зашто вака омаловажувате, учете секој за себе, што ве боли патика дали едните имаат 300 а другите 100 страни за учење на крајот пак сите истото ќе го работите, џабе се препукувате .