1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УГД или УКИМ?

Дискусија во 'Образование' започната од GirlRose, 19 ноември 2018.

?

Подобар универзитет?

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј"-Скопје

    68 глас(а)
    62,4%
  2. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

    41 глас(а)
    37,6%
  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    И те како е битна хигиената која ќе ја одржуваш на факс, па посебно за медицински лица.
    Зашто на некои тоа си им станува навика, па после и како доктори нема да мијат раце пред да прегледаат пациент, па да не се чудите ако пациентот си излезе фино лепо без збор да ви каже.

    Леле, леле што направи ти со знаењево и информацииве за сите факултети.
    Абе растур. :D

    Медицина најтешко.
    Само вие највеќе учите, вас ви е најтешко, вие имате најмалку сесии, само вие не сте наспани, само кај вас професорите паѓаат по куп студенти, на вашиот факс има највисоки критериуми, вашите вежби се најнапорни.
    Еве поради ова нема да ве биде за квалитетни доктори едно 70 посто од тие што ќе завршите.
    Затоа што сте си со господов комплекс и имате нула однос со пациенти.
    Али битно доктУрка си нели. :D
     
    На Fallen.Angel, Tan4ence, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Не се работи исто. На Клиника докторите глава не можат да дигнат бидејќи од Штип и за пукната коска ги праќаат во Скопје, и овие не можат да ги вратат. Потоа биле изреволтирани.. Па како нема да бидат, за иста плата работат, а цела Македонија овде доаѓа. Ќе ти се дерат демек ти си крив што нема место на клиника.

    Девојче тебе од мала ако не те научиле дома на хигиена и раце миење, на факултет тешко дека тоа ќе те учат. Од таму до таму го носиш муабетов.

    За другово е излишно да коментирам, бидејќи не студираш медицина очигледно.
     
    Последна измена од модератор: 27 август 2020
    На Angie1432, ElenaOfRivendell, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Da site doktori istoto ke go rabotat, ama od iskustvo ne bi idela kaj doktor shto zavrshil na ugd nikad vishe, mi napravi pogolem zdravstven problem so negovoto znaenje, od toa shto imaat po 50 str od predmet
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Не реков каде-колку се работи туку без разлика на кој факултет ќе дипломираш, истата професија ќе ја работите. Е сега после кој, како и каде ќе се снајде за работа е друга приказна
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Немам намера да се докажувам искрено.
    Добро, во право сте за се.
    Мислев добра дискусија ќе поттикнам, ама не.
    Проблемот бил број страници и слично.
    Има други факсови освен медицински, ама добро.
    Буквално се коментира на слепо.
    Учеме и тука, немаме условни, немаме паѓање година за еден предмет, имаме книги што се над 100 страници (знам, шок ви е).
    Има послаби што се запишуваат, ама може ќе се разучат (имам личен, близок пример).
    Професорите се доста строги, бараат знаење. Не се пушта на лепе очи (не знам кој ве лаже тоа).
    Сесиите се тие.
    Нема положување колоквиум. Мораш на испит, макар и со 70 поени да си.
    Со 42 имаш услов, од 52 е 6ка.
    Предност е тоа што професорите влегуваат во пресред, секогаш враќаат на мејл (задолжително е).
    Асистентите се макисмално посветени и многу може да се научи од нив.

    За УКИМ не можам да се дрзнам да коментирам пошто личен контакт не сум имала, не знам како е. Не сум се префрлувала па да знам и за двата.
     
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    А кога одиш на преглед прво прашуваш на кој факултет дипломирал? Е ова прв пат го слушам али океј, можеби постои и ова.
     
  7. Hristina7991

    Hristina7991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Зошто јас не сум ги сретнала тие скрипти од 15-20 страни по ниеден предмет во 4 години еве не ми е јасно:?: Моментално имам за учење 500 страни по еден предмет, скратен материјал нема. Сите муабети ви се од некое сосема трето лице, јас слушнав вака, јас слушнав така, не сте студирале тука. Како можете да тврдите со толкава сигурност дека имате поголемо знаење? Тоа никој не го докажал. Никој не може да го потценува мојот вложен труд и моето стекнато знаење, и да ми кажува дека сум учела по 20 страни и дека не знам да измерам притисок или не ги знам коските на раката. Сите муабети ви се без врска, тоа е факт. Еден ден и тие од УГД ќе ви бидат колеги, ќе работите заедно. И? Ќе соработувате или ќе се докажувате кој е подобар?
     
    На Ambitious и Ambrosia им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Па очигледно еден голем дел од вас не научиле дека раце треба да се мијат. :D
    За другото секако дека е излишно, па ти и додека го пишуваш ова листаш книга од 500 страни.
    Одмор се нема. :D
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Doktorot kaj shto bev(prijatel na moite) sam kazha deka zavrshi medicina na ugd, a kaj toj sega shto idam mi go imaat preporachano mn lugje i ima zavrsheno na ukim, a specijaliziral vo germanij, ova dosta lugje mi go potenciraa
     
    На ElenaOfRivendell, cresa-jagoda, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Епа следново:
    -Положување со 61 поен
    -Губење години за 1 предмет
    -Една купа услови
    -Строги професори
    -Книги со мин. 300 страни и нагоре
    -Барање знаење за 10ка за положување со 6ка

    Ако ова е лесно за факултет кој веќе е 6 години од старт, и ожво Скопје каде се' е поскапо во споредба со било кој град во Македонија, тогаш незнам што да ти кажам. Нека биде студирањето во Штип потешко, со отежнителни околности. ;)
     
    На glosipgirl, Angie1432, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    И јас отидов кај еден доктор, абе најпознат, најпаметен, дипломирал на УКИМ со висок просек, па специјализации и што ти не. И после прегледот уште толку ми се смачи животот. Така да не генерализирајте, и на двата факултета има такви што ги бива и такви што врска си немаат.
     
    На christinnn, f.girl и Glowy им се допаѓа ова.
  12. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Prestani so sarkazam da komentirash moi zdravstvsni problemi i iskustvo so nestruchen doktor koj ushte tolku se iskomplicira
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Девојко, 2 години бев у депресија ради мојот личен здравствен проблем. Нема сигурно да лажам колку да праам приказна тука. Не се врти светот околу тебе и вашиот драгоцен факултет.
     
    На Hristina7991 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    И?
    Вака ли се доктор станува?
    Со дипломата што ја имаш да си даваш право да вреѓаш и омаловажуваш една група цела.
    Не знам, на светиот факс нели те научиле да дискутираш правилно.
    Буквално се вртиме во круг.
    Добро докторке, ваљда и оние кои завршиле на УКИМ земјоделски не се достижни за твоето знаење и мачење.
     
    На The Drifter, Anna-Banana, Ambrosia и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    So mnogu sarkazam beshe napishano pa ne ne e ni chudo shto taka pomisliv
     
    На Volsebna lamba и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Не беше сарказам.True story e. И мене ми го препорачаа врвниот доктор од УКИМ. И не викам дека другите од УКИМ не ги бива, ама лично јас со моето искуство кај него, никогаш повеќе не би отишла на преглед па макар и животот да ми зависи од него. Исто како што и ти си имала лошо искуство со доктор од УГД, не значи дека сите од тој факултет не ги бива. А тоа што ти не им веруваш на тие доктори е твој личен избор поради лошо искуство, ама не е и факт.
     
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Кога навредив некој? Правам разлики, и истакнувам факти кои не се лага. Баш па и никаде земјоделски не спомнав. Ама кој си ја има мувата на капата ќе се пронајде низ некој муабет очигледно.

    Татко има има завршено на УКИМ земјоделски. Никогаш не сум го понижила, Боже мој.

    FYI:
    Screenshot_20200827_040310_com.android.chrome.jpg
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    Ок, само медицински е тежок, другите не се.
    Ај сите доктори ќе се правиме,оти ако си учел друг факултет исто како да не си завршил, другите учат од книги со 15 страни.
    Мислам, и јас студирам од областа на медицината,но некои работи навистина се претеруваат. Па сите имавме избор, никој не' не натера медицина да студираме.
    Сите си студираат тоа што им е по желба.
    И не, немате право да кажувате како вашиот факултет е најтежок а другите се боза. Одете поучете на ФИНКИ, на машински, и жалете се како само медицина е најтежок. Никој нема право да омаловажува туѓ труд. Не можат и не сакаат сите да се доктори фала богу. А камо и дел од тие што учат медицина да не го завршеа. Не се сите за доктори.
    Јас кога бев на пракса една жена вришти тука од болки пред раѓање а едно ,,докторче" седнато на стол со игричката во рака, и отпревртува очи и и вика ,, ај ај, не туку викај, не раѓаш само ти" и си замина во една соба каде што си се испружи на кревет.
     
    Последна измена: 27 август 2020
    На Anna-Banana, f.girl, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    7.275
    Значи сосема ја носите дискусијата во друг правец. Уште од старт студирање 6 и 4 години, не е исто. И тоа како некој се однесува како личност, нема врска со факултетот и знаењето. Не значи дека на крај нема да знае да ја породи или сл. И од аптекарките има дрски, и од програмерите има дрски. Ама не значи дека не знаат да програмираат.
     
    На Glossy-girl, Angie1432 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2018/09/Општа-медицина.pdf

    Извини, морав.
    Имало и со 68,4 поени примен кандитат. Или не се важи дека е од посебна квота?
    Во приватна квота последниот е со 89 поени. Ова е пред 2 години, не верувам да стандардот толку многу се издигнал за 1 година па со 97 поени да е последниот примен :D.

    Едит, уште ова: Каква врска има анкетава што си ја скриншотнала жити се :D.