УГД или УКИМ?

Дискусија во 'Образование' започната од GirlRose, 19 ноември 2018.

?

Подобар универзитет?

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј"-Скопје

    68 глас(а)
    62,4%
  2. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

    41 глас(а)
    37,6%
  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Кај виде споредба?Само кажав дека било кој да дојде од објективно појак и реномиран универзитет и да ми каже дека вложува повеќе од мене, нема да се лутам зашто знам дека има нешто што се вика критериуми и можеби е вистина тоа.
    Уствари дискутираме за разлики на форум, ако ви е страв да кажете дека некаде се положува полесно а некаде потешко и некаде примаат послаби ученици а некаде појаки ученици, тоа е ваш проблем зашто патите од тоа никој да не навредите и да не ви се налутат.Не е така?
    А реков , ако некој индивидулно учи и знае нема да биде навреден од ова затоа што е свесен за своите способности.Не и викам на Роуз или на било кој што учи таму, а, ти ништо не знаеш зашто не си на уким.
    И кој тука може да кажува за секој еден студент на универзитетите?Никој.
    Секако дека сѐ што збориме е генерализација, ама генерализациите произлегуваат од искуството низ годините и даваат една општа слика што секако дека не важи исто за секој поединечен студент.
     
    На Lady D ❤️, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Критериумите, обемот и квалитетот се различни.
    УКИМ е највисоко рангиран кај нас со причина.
    Она што го "расипува" се врски и мито. Но оние кои не завршиле на тој начин се поинаква приказна.
    И нема љутиш луѓе, ако студирате на УГД, така сте се одлучиле, терајте си, ваша одлука, за вас е супер, ок е ама не ги споредувајте и не го потценувајт УКИМ.
    Мои блиски завршија таму (не медицина) и смешки беше материјалот.
     
    На Lady D ❤️, Glowy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.603
    Пол:
    Женски
    Величењето на УКИМ од студенти на овој универзитет и бранењето на УГД од студенти на тој универзитет, паѓа веднаш во вода кога ја согледуваме реалната слика за тоа какво ни е образованиево и колку сме „нјадобри“ споредени со светските универзитети. Универзитетиве (сите не само овие два) се далеку за некој да ги брани, а уште подалеку од величење.

    Зошто војната секогаш мора да е меѓу медицинари УКИМ vs. медицинари УГД? Само медицина факултет има на универзитетиве, па само со тоа ќе се споредува? Еден факултет е репрезентација за целиот универзитет? Зошто никогаш не се спореди пример правен УКИМ со од УГД или УКЛО? Или ние медициниариве светци сме? Мразам кога се величи медицината, доаѓа како да другиве професии се од втор ред. Секоја професија е убава на свој начин, секоја си е тешка на свој начин, секој факултет си е тежок на свој начин, секој си има своја вредност. Секогаш на секој човек се' тој што прави тоа му е најтешко, релативна работа е. Секој факултет бара учење.

    Во однос на кадрите кои излегуваат, тоа зависи од човекот. На секој универзитет има и студенти кои пленат со знаење и стручност, а има и онакви со што се колку да завршат, има и со врски, секаков тип, зависи на кој ќе наидеш. Еден нестручен не значи дека сите се такви, а и еден стручен не значи дека сите се сјајни.

    Споредбиве на медицинскиве факултети се лоши, буквално рекла-казала муабети, можам само за УКИМ да кажам дека доста од работите напишани не се точни, ама нема да ги наведам, затоа што не сакам да го бранам, а исто сметам дека се' што е напишано са УГД не значи дека е вистина или лага.
     
    На Ambrosia, Dream-Girl, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Темава е угд и уким, ако ти се дискутира за медицински факултет повели на друга тема.Зошто постојано го спомнуваш и ти е трн во око?:^)
     
    На Lady D ❤️ и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Па не видов у последните 5 страни нешто друго да се дискутира? Ти за правен да не збореше?

    Ова сега што го врати е од што буквално немаш што да ми кажеш на тоа погоре, али океј секое мислење е добредојдено, форум е. :D

    @Glowy , свака част,
    [​IMG]
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    По пишаново човек да помисли само медицина е под УКИМ.
    Нон стоп споредби со медицина, да ни беше толку сјајна медицинава колку што ја правите далеку ќе бевме стигнати.
    Според вас најјаките студенти на медицина се запишуваат и пак здравствово за никаде ни е.
    Џабе се фалите реално, не сте во право.
     
    На Glowy, GirlRose, f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    За универзитетите зборев.Единствено нешто што го напишав за медицина беше првото мислење кое што ти го цитирав, зашто не беше точно од твој страна.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Ова не ти беше само за Медицина упатено? Дека ја за тие факти зборам, за тие што страни уназад се кажуваат од страна на твои колешки. Тогаш скроз сме се утнале, ти ако збориш општо за универзитетите а јас конкретно за Медицина како што и се збори од почеток на темава.
     
  9. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    32.556
    Пол:
    Женски
    Споредбата беше дека не треба да се лутат од УГД ако некој од Уким им рече дека се послаби, исто како ти што не би се лутела доколку некој од Харвард го каже тоа за Уким. Јас така го сфатив тоа. Како Уким да е светлосни години пред Угд, исто како што Харвард е пред Уким.
    И не не ми е страв да кажам дека секаде има врски и се препишува. Не знам од каде го зкалучи тоа. Проблемот е во тоа што се правиме "жртви" ние од Уким, како нас ни е претешко, немаме доволно сесии итн.
    Навредена сум само од некоректниот однос од поединци во темава кои ги омаловажуваат другите студенти. Истото се случуваше и во СДК.
    Кога веќе зборуваме генерално, факт е дека секаде има врски и се препишува. УКИМ не е сјаен во тој поглед, така што сите споредби за квалитетот паѓаат во вода.
    Жално е што како академски граѓани не правиме ништо за да промениме нешто кон подобро, туку први сме да си ископаме очи и да се гордееме со славата која Уким ја имал во минатото.
     
    На Glowy и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Не, баш имам што да кажам, еве сега гледам дека си едитирала.
    Не се исти условите на секој факултет, ниту бројот на предмети што ги влечат, имам две блиски другарки и на пмф и на феит, замисли, двата примери што си ги ставила.
    Ама, дали е темата за тоа? Не е, нема да продолжувам. :);)
     
    На Lady D ❤️ и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Па ние далеку сме веќе од темата и онака. Баш ме интересира што имаш да кажеш, поготово за ПМФ, слободно цитирај ме во соодветна тема ете за да не ја пуниме оваа ;).
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.889
    Пол:
    Женски
    Има врски и препишувања.Во тој поглед воопшто не е сјаен уким, ама тоа ни е проблем во секој сегмент од постоењето во државава, нели?
    Убаво реков, овие мислења се генерализации, не може за секој студент да важи истото, туку само е една општа слика.Скроз може да има и студенти од угд што вложуваат и знаат повеќе од некои од уким.Ама целосната слика ја дава мнозинството, секаде е така.
    И добро ај да не биде Харвард, нека биде факултет во Бугарија, може?Вајлда ја сфатив поентата до сега.

    Едит:кога спомна сесии, колку сесии има на угд?Сериозно ме интересира ова.
     
    Последна измена: 27 август 2020
    На Lady D ❤️ и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Има разлика меѓу послаби студенти и послаби факултети.
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.345
    Пол:
    Женски
    Јас сега почнувам трета година, до сега имам неколку пати само присуствувано на испит каде што некого фатиле како препишува и тоа било многу строго казнето со забрана за полагање и директно презапишување на предмет, а неколку пати и ќе му земат индекс, ќе запишат податоци и ќе речат ќе одлучиме што ќе правиме со професорките за понатака овој испит секако ви е невалиден.
    На секој факултет на УКИМ е различно ама сепак не не е дека сегде смее да се препишува.
     
    На Glowy, cresa-jagoda и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Не знам како никој од вас, на целава дискусија не се најде да каже дека УКИМ е доста корумпиран факултет.
    И дека не секогаш е толку многу битно знаењето, и големината на страниците на книгите.
     
    На beautys20, Glowy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да пишам, ич не сакам вакви дискусии и споредби, но сепак, решив да напишам.

    На УГД на Медицински имам другар од средно, генерација пред мене, шо беше најдобар у генерација, заедно сме оделе по натпревари, високи поени имаше и отиде у Штип и е државна квота. Тогаш уште бев у средно и го прашав зашо така одлучил. Ми кажа дека пресудно било тоа шо сестра му што студира општа на УКИМ и стигнала до пиење антидепресиви поради цела тортура и стрес, па решил дека не вреди тоа да го истрпи, кога дипломата на крај е иста и он ќе биде доктор и она, само може психата нема да си ја уништи до толку.
    Збориме често, пример еве од прва ми рече хемија не му е положена, но не изгубил година и си е втора сега и слуша биохемија, додека на УКИМ не би можел да ги слуша на пример. Тешко било на УГД, но сепак гледајќи ја сестра му дур студира и себе си, вика дека он многу полесно и поубаво го проаѓал студентскиот живот баш поради тоа што нема таков притисок ко на УКИМ и услови. Инаку за учење учи и по пола предмети ко шо зборевме и слични т.е исти книги иаме. Хистологија на пример, од истите книги учиме, од нашата на УКИМ учеле.
    Исто и најдобар другар на дечко ми е на Медицински на УГД, 24/7 учи и имал 99 поени од средно. Викаат откако се запишал го немаат ни видено ко шо треба. 5та година е, последниот испит летово треба да го заврши. Задоволен е и вика дека не се кае ич што отишол таму иако на почетокот се двоумел да не згрешил поради омаловажување на дипломата на тие од УГД... Баш и муабет правиме онака и ми вика после сите примери во околина, сега по 5 години мисли дека паметно направил. Инаку планира да работи во Скопје откако ќе заврши. Би го земала за матичен, сигурна сум колку знае, многу ми има помагано за некои работи шо ми требало да се дообјаснат, дечкото има топ знаење.
    Според овие 2 примери што јас ги познавам единствено олеснително на УГД е тоа што е поевтино зашто од старт си у предност и со пониски поени пак да си државна квота и тоа што нема услови, па не си под толку стрес и тортура. И да тоа што им е електронски се и задоволни се од комуникација со професори.

    Јас сум на УКИМ нели. Вчера изгубив година само поради падната анатомија иако сите други 10+ предмети ми се положени од прва година. Го немам тој луксуз како другарот од УГД со паднат еден предмет кој кај нас е услов и може да те завлече, пак да успее да заврши во рок.
    И сега го сфатив што уствари сакаше да ми каже другаров шо е на УГД.
    Вистина е, исто и мене како на сестра му на другар ми, ми дојде се претешко, може да се каже и психата не ми е тоа шо беше, вистина е голема тортура и стрес целово искуство со студииве. Можеби да бев на УГД немаше ова да го доживеам, којзнае, но џабе од муабет што би било кога би било.
    Дали се каам шо сум се запишала? Дефинитивно не, пак ќе го одберев УКИМ зошто лично вака ми е поевтино, бар првава година ми беше зошто живеам 10мин со бус од факсот и не плаќам за превоз и кирија.
    Но, сега со тоа шо сум приватна квота и ќе плаќам за презапишан предмет и мене цената ќе ми се покачи и веќе не е толку евтино ни за мене. Ако западнам во тој круг на презапишување предмети, поклопување датуми за полагање предмети од прва и втора, пошо тука се има домино ефект, тој предмет влече тоа, па тоа, којзнае колку ќе ми испадне и мене.
    Е, сега некој вака ко мене, кај приватна квота (иако на УГД може би бил државна со истите поени нели), кај кирии, кај превоз, кај плаќање за презапишан предмет, е тек тогаш финансиите може да се голем проблем за некој и затоа избор да е УГД.
    После тоа шо и животот у Ск е поскап, а ако живееш у Штип или близина околу Штип, зошто да плаќаш кирии и превоз за УКИМ кога дипломата е иста нели. Ко ја шо го избрав УКИМ баш зошто ми е блиску.
    Исто не сум задоволна со тоа што на меил не сум добила одговор многу пати, не се достапни професорите, буквално на изработена семинарска да ти кажат како е не враќаат, не па нешто друго.
    И тоа што уште не е се електронски не ми се допаѓа ама ај, тоа е повеќе друг дел отколку студии ама ако се збори за УГД вс УКИМ и ова е недостаток.

    Не мислам дека само на Медицински на УКИМ се учи највеќе. Ова е тотално неточно. Можеби само делот со условите го прави малку потежок за нијанса Медицински. Друго ништо.
    Дечко ми на Машински се уби од учење, исто презапишал предмети, исто се мачи. Единствено може и него олеснително му е што баш со еден паднат предмет не губи година, но и таму влечат после за трета четврта и пак ако нешто подзаглавиш, може да ти се деси тој домино ефект и пак да не завршиш за 4г.
    А и да, може нема 400 страни анатомија ко нас, но и неговите 200 страни се претешки. Сум ги гледала книгите, треба да знаеш тие задачи и пресметки да ги сфатиш. Не е туку така.
    Да не зборам за архитектура и фармација. Исто и тие се 5г, а на архитектура и по 9 предмети во семестар имаат, претешко им е, од сабајле до вечер на факс се.
    На ПМФ исто. Толку слични предмети имаат со нас од медицина, се тоа е претежок материјал кој бара разбирање, а и они имаат и практично и усно. А и таму е доста тешко. Имам во фамилија дипломирани на ПМФ, кога зборат за факс, трауми имаат од одредени испити и по толку години. :rofl::rofl:

    Сигурна сум дека и на УГД е материјалот тој и истото е тотално за учење ко и на УКИМ на секој факс.
    А, најголемата вистина е дека и двата факултети се за никаде во глобала. Споредени со факултети во светот сме едно големо дно. :emo: Ние место да гледаме како да се подобриме, живи се јадеме дали УГД или УКИМ бил појше дно. :rofl:
    Држава сме во која со врски се штанцаат дипломи и на двата факсови, во која еден повик на чичо, тато, бате положува испити со 10ки, држава во која не важат за секој студент исти правила и се гледа чиво презиме имаш и фамилијата која ти е. Во држава кај шо предавањата ни се читање презентации ќе се убедуваме кај е подобро? :rofl:
    Се што може да направиме е да дадеме максимум од нас за да научиме и да гледаме што повеќе знаење да имаме со нас, без разлика дали сме на УГД или УКИМ, дали сме на медицина, електро, економски и не знам која струка. Дипломата ќе ја земеме кад тад и од двата факсови, но утре на пазарот треба да понудиме знаење. Поготово ако се насочи некој за странство, па таму не прашуваат дали си од УКИМ, УГД или Кембриџ туку што и колку знаеш.
    Мала земја сме дечки, да не се споредуваме и караме меѓу нас за џабе. Тој што нема врски и вистина со свој труд учи, ќе учи исто и во Пичковац, па и во Штип и во Скопје. Зошто знае дека утре мора да успее со знаење и труд. Поголем проблем е тоа што со врски денеска многу лесно се завршува секаде, а не тоа кој кај завршил. Исто гомно се и УКИМ и УГД.
    There I said it.
     
    На The Drifter, Anod10, Beauty161 и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Па пишав погоре. Но оние кои не поминале со мито и врски знаат која тежина ја држат овие факултети, колку услови трева да фатиш и слично
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.372
    Пол:
    Женски
    Пред да прочитам какви мислења имаат одредени студенти на медицина на УКИМ, стварно не мислев дека квалитетот на некој факултет се мери по тоа колку ќе ти го уништи менталното здравје додека студираш.
    Оти нели, баш е фино да паѓаш година и да плаќаш дополнително пари затоа што замисли, не си успеала да положиш условен предмет, а тоа што си положила се останато со високи оценки не е ич битно. Ако, така ви треба. Кој ви е крив што не си учите хе хе.
    Дел од вас на УКИМ, посебно на медицина, патите од некој Господов комплекс. Чим сте уште од сега вакви и гледате на останатите смртници од горе, можам да замислам какви луѓе ќе бидите кога ќе станите доктори. Оти колку шо е битно еден доктор да има знаење, исто толку е битно да биде човек со емпатија, а не самобендисано ѓубре какви шо се 80% од докторите.

    Јас сум на уким на правен, па ете никогаш не сум и јадела го*на на најдобрата другарка која е на правен на дисперзирани студии како јас знам повеќе од неа, пошто нејзиниот учебник е едвај 150стр, а мојот е 500. Ја гледам како полага, еден испит шо јас го спремам 3/4 недели таа ни 3 дена не го спрема, гледам дека не учат ни пола од тоа шо го учиме ние, ама па која сум јас да судам за тоа? Можи баш тие таквите ќе успеат да отворат адвокатска канцеларија, можеби ќе стекнат квалитетна пракса и ќе се изградат во успешни адвокати и судии. Реално од моето бубање на теорија теорија и само теорија, испревртени реченици на 1000 различни начини а иста смисла, па нема баш и некоја надеж. А скоро на сите факултети на УКИМ приоритетот им е квантитет наместо квалитет, колку повеќе материјал толку повеќе знаење, смешки.
    Наместо да се поддржуваме сите, било на УКИМ или УГД пошто во иста каша сме сите со нашиот кутар образовен систем, ние плукаме едни по други. А зошто? Си билдаме его, или?
    Луѓе кои завршуваат со врски и се стекнуваат со диплома без да имаат доволно знаење, имало од стално и ќе ги има. Пазете вие/ние лично да не сте едни од нив.
     
    На PreciousMetal28, Ambrosia, BeYourself и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Κолκу и да се трудат УГД ниκогаш ама, БАШ НИΚОГАШ нема да биде ни половината од она што е УΚИМ. Сеκогаш ќе биде втор универзитет. Нов и следбениκ. Ниκогаш нема да го има κвалитетот на сκопсκиот универзитет. Ниκогаш. Тоа е и во моите очи и други многумина.
     
  20. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    3.582
    Пол:
    Женски
    20200902_085549.jpg 20200902_085602.jpg
    Викаш? Има уште многу, ама овие ги најдов, не слушам нешто многу скандали од УГД. Ако е стар не значи дека е "врвен квачитет"!
     
    На lolitaspurgatory и Kimberly11 им се допаѓа ова.