Bravo devojko, veruvam deka ke uspees vo zivotot mnogu dobro razmisluvas, mesto da go barame problemot vo fakultetite da go pobarame vo sebe . Dzabe i na harvard da studiras koga gledas samo da polozis i da ja zemes 6kata.
Конкретно за медицинските факултети: Познавам многу студенти и доктори и од УКИМ и од УГД. Реално да зборуваме, на УГД има до некој степен пониски критериуми и за прием и при полагање ( се испозапишаа деца со по 70 поени, а за положен испит се рачуна од 51 поен нагоре, што не е случај на УКИМ), НО тоа не е пресудно за квалитетот на идниот лекар. Пред некое време бев со мајка ми на лекар. Докторката што беше на смена студирала на УГД. Девојката беше многу фина и љубезна. Ги направи сите испитувања што можеше и на детален и разбирлив начин објасни што е проблемот. Од друга страна, пред неколку години близок од фамилијата имаше карцином во терминален стадиум на кого му беше препишана палијативна нега. Секој ден го боцкаа тродони за да му се намалат болките. Некоја вечер викнале брза помош и докторот што бил на смена (на УКИМ студирал) се направил мангуп и одбил да му даде тродон и кажал чисто од принцип (демек кутриот да не стане зависник). Не се битни муабетиве, сакав само да кажам дека не е толку важна установата каде што се изучува нештото. (Инаку на УКИМ студирам, да не испаднат муабети од УГД сум и си го бранам универзитетот.) Најважна е желбата и амбицијата да се изучи материјалот. Особено во ера на компјутери и интернет каде што се ни е достапно.
Ќе дадам свое мислење Прво од искуство конкретно зборам за медицински факултет на УГД ВООПШТО не е лесно . Да можеби влегуваат студенти со ниски поени ама реални да бидеме во средно секој може да има 5ки , кој на кој е пријател/роднина/за 50-100 евра пишат оценки ! Матурата е цела препишување , па дури и професорите не чуваа во мое време да препишиме на матура ! Е сега има и ученици кои стварно си учат и оценките им се реални но тоа се мал број . Но да бидеме реални и на УКИМ последните години почнаа да примат студенти со ниски поени ( не е како порано , имаат конкуренција) Можеми на УГД било лесно првите години додека да се “прочуе “ НО СЕГА од искуство можам да кажам дека е навистина тешко и се бара знаење . Имаме многу нови и познати лекари од Скопски клиники , Систина, Филип 2 . Патологија учиме од книгата што и УКИМ учите , 3 професори имаме од Систина - нема врски , нема плаќање испити , бараат многу знаење. ( исто и хистологија 1 и 2 ) Со практични испити погодување препарати и хистологија и патологија ! Микро 1 и 2 исто си имаме професор кој несака ниту на брат да слушне за врски ЗНАЕЊЕ а материјалот е од книгите на УКИМ... Физиологија 1 и 2 имаме професор кој бара и влакно во јајцето - многу знаење на испит пот ќе ти тече , за 42 поени ќе се молиш да фатиш. Исто така интерни медицини , инфективно 1-2 Вело Маркоски ! Зборот ми е дека навистина имаме професионални и сериозни професори кои бараат многу знаење. Незнам како е на УКИМ дали учите од прашања , комбинации но кај нас тоа го нема, се знае редовно присуство од вежби и предавања ( па повеќето и не читаат дали сме таму ) , прв и втор колоквиум + практичен - собираш услов а ако немаш услов презапишуваш предмет ако пак фатиш услов си одиш на испит со материјалот од колоквиумите усно одговараш . Тешко е и си бара учење , зборот ми е немојте да го осудувате УГД и да мислите дека многу лесно се минува . Да не зборам за биофизика колку бара на испит и хумана генетика итн ... да не редам предмети сега И не заборавајте и на УКИМ и на УГД си има недостатоци, врски , плаќање испити , препишување . На крај секој од нас ќе стане некој и нешто , но само делата и успехот ќе зборат за нас .
Учење и нема друго решение ! Бара многу за испит не пушта никако додека не види дали го знаеш цел материјал совладано може да те држи и цел час ..
Decki, jas sum 4 sredno, ucam vo edna od najteskite gimnazii vo drzavava, celo sredno si ucev no sepak na kraj ne bev so site 5ki duri vo prva bev i mnogu dobra (za malku ke bev odlicna prosek mi bese okolu 4,40). Sakam da se zapisam na medicina vo Skopje, no strav mi e deka nema da me primat poradi toa sto od drugi skoli (ne ponizuvam, sekade si ima deca sto ucat) so tri pati pomalku ucenje od mene zavrsuvaa so site 5ki, samo da vi kazam primer u vtora sredno na drugrka i resavav test matemtika i ona si izvadi petka, a jas so istoto znaenje izvadiv edvaj trojka. Ne e fer sprema nas ucenicite koj sme se zapisale vo pojakite skoli i ne sme zavrsile so site 5ki sega da ne mozeme da se zapiseme na faklutet kade sto sakame, a od drugi skoli, kade bukvalno zavrsuvale so site petki bidejki im bilo 100 pati polesno, da se zapisat. Jas, ziveam vo Skopje i prva opcija mi e medicinskiot fakultet vo Skopje poradi toa sto sekojdnevnoto patuvanje so Stip bi bilo iscrpuvacko a i pred se golem finansiski trosok. Zatoa sakam da prasam dali mozam da se prefralm od Stip vo Skopje, slusam mnogu taka pravele se prefrlale bez problem iako bilo zabraneto? Isto taka mnogu bi mi znacelo dokolku nekoj moze da mi kaze dali se dobivaat plus poeni od polozeni ispite po germanski jazik? Fala odnapred
Јас студирам медицина на УКИМ, и иако наводно е забрането префрлање, колку што знам, сепак имаше префрлени студенти од УГД кај нас. Распрашај се каква е процедурата.
Ја ре-активирам темата после 4 години ама јас просто не можам да се воздржам. Нема да коментирам за тежината на факултетите затоа што изминатиот испитен рок учев од 10 до 12 саатс дневно за да ја постигнам количината на материјал. Се убив од учење. 2 саатс пред дс заспијам се вртев во креветот и си ги раскажував научените лекции за тој ден, немав мира. Кој како си го сфати факултетот така ќе си го студира, имам примери на колеги кои со прст не мрднуваат па затоа сега веќе се отпишани а имам и примери каде луѓето дупло повеќе од мене учат. Имено, сакам да го искоментирам карактерот на одредени луѓе кои што верувам дека сега ,после 4 години од последно пишување,се горди доктори на УКИМ и дека си ја работат професионално работата но, ни еднс диплома нема да ви го испере карактерот и гледањето на луѓе од високо ниво и понижување на истите. “Јас учев повеќе во средно отколку тие на УГД” - јас завршив средно медицина и интерно не тераше да учиме од факултетски скрипти од по 300 страни. И што сега? Целата памет на светот сум ја испила? Мојата братучетка која ми е како сестра студира на УКИМ. Во ни еден момент не е покажала вакво понашање спрема било кој ( пола од другарките и се медицина УГД а другата половина УКИМ ) затоа што си ја знае сама сопствената вредност, нема потреба да мавта со дипломатс на луѓето пред очи за да докаже дека завршила на УКИМ и сега е демек најпаметна woww. Се надевам дека утре кога ќе ви дојдат студенти од УГД на пракса нема да се понашате со ваков мизерен став. Затоа што знам еден куп доктори кои прво плукаат врз тие од УГД па потоа им предаваат, никогаш не ми било јасно што точно го прави тоа понашање но, ете тоа биле сопствените комплекси. Ни една личност сигурна во себе нема да си дозволи на вакво ниско ниво да ѓи коменира нештата. Во ред е да искажеш мислење , сосема во ред, ама се знае на каков начин се прави тоа. Не може да се очекува сите да имаме исто мислење, крај краева слобода на избор, некој ако сака ќе оди на Марс, некој ако сака нема никаде да оди. Темата била отворена за најнормална дискусија,а не за вреѓање и за суптилно омаловожување на другите. Мајка ми е прав пример - доктор кој што и доваѓаат студенти од секаде, вели дека студентите се секаде исти , некои послаби , некои капацитет. Темава ја слулајно најдов при пребарување на лупата за да прашам нешто во врска со еден предмет и ме заинтересира оваа тема и немав никаква намера за одговори , но после прочитаното едноставно морав да напишам нешто.