УЕФА Лига на нации 2026/27

Дискусија во 'Спорт' започната од DS10, 25 септември 2026 во 18:35.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    5.590
    Пол:
    Машки
    IMG_0412.jpeg
    Вчера започна петтото издание на УЕФА Лигата на нации. За последен пат е поделено на 4 лиги, А, Б, Ц и Д, бидејќи веќе од следното издание во 2028, лигата Д нема да постои. Поделба во лиги:
    IMG_0535.jpeg

    Титулата ќе ја брани Португалија која во јуни претходната година ја совлада Шпанија по серија пенали во финалето во Германија. Македонија по одличната сезона во 2024, сега за прв пат ќе игра во лигата Б, што самото по себе е голем успех за репрезентацијата. Во група сме со Шкотска, Швајцарија и Словенија, и според букмејкерите ни се предвидува последно место и бараж за опстанок во Б/пад во Ц.

    Распоред на натпревари на Македонија:
    26.09 Македонија - Швајцарија
    29.09 Словенија - Македонија
    03.10 Македонија - Шкотска
    06.10 Швајцарија - Македонија
    13.11 Шкотска - Македонија
    16.11 Македонија - Словенија

    Можеме да направиме изненадување во ваква група?