Јaс кoгa прoчитaв oрo, мислев некoи вo публикa нaши земaле дa игрaaт, кo штo беше сo oнa вo WizzAir. Не сум гледaл oтвaрaњa нa некoи други вaкви мaнифестaции и не знaм кaкo oди сè тoa, нo oвa сo oрoвo не ми беше тaкa лoшo. Симбoличнo зa нaшиoт нaрoд, трaдицијa... Глуп мoмент ми беше штo немaме ни пејaчи, ни музикa, пa се пееше Sky Full Of Stars. А нaстрaнa тoa, идејaвa сo дечињaтa беше ствaрнo врвнa.
Не значи дека ако ни се допаднало ова, живееме во пештера и не сме гледале ништо од ваков тип во странство, мислам до каде одат осудиве и претпоставкиве, човек дали да се смее или чуди Воопшто не гледам фудбал, не сум по тој спорт, така што самиот натпревар не го гледав, ама отворањето ми се допадна, чак што више на самото „просто и заостанато“ оро имав многу убаво чувство, знаејќи дека што се вели пола свет го гледа тоа, не гледа нас, а потоа за дечињата и немам збор Се е прашање до вкус, и ако за некои од вас мора да е бомбастично со модерни кореографии и распеани ѕвезди (кои патем нешто многу не ги ни имаме) и конфети, не значи дека сите треба тоа да го сакаат
Вчера навистина беше интересно и преубаво си поминав. Мене се’ ми се допадна, а најмногу дечињата што на знаковен јазик изведоа популарна песна. Но, ако мене ми се допадна, не мора на сите да им се допадне. Не би рекла дека се одржува во заостанати земји кога од 1998-2012 се одржуваше во Монако. Добро, можеби Грузија е, ама Чешка, Велс, Норвешка и Естонија не се. А за Монако да не зборувам. Мене ме изреволтира постот на самопрогласената дива ЈК, но секако дека ќе има по некој љубоморен.
На ваков настан како овој вчера, без разлика дали е спортски или не, треба земјата домаќин да се покаже во најдобро светло. Македонија е земја со огромна традиција Викаш било старомодно? Требало нешто посовремено? Како што? Тресење газови на пример? Цел свет виде дека имаме млади луѓе кои негуваат традиција и за разлика од луѓево тука кои само знаат да јадат гомна, во светот тоа се цени. Со кој странец и да сум зборувала, сите кажувале дека се воодушевени од танците и енергијата и пораката која тие ја носат. Погледни го само сјајот во очите и насмевката која ја имаат играорциве. Тоа е радост, огромна чест да презентираш една земја пред цел свет правејќи нешто што го сакаш. Мене солзи ми дојдоа на очи поготово кога излезе детето со знамето. Многу моќен момент! Настанот беше преубав, секоја чест за организацијата и идејата пред се да се направи нешто вакво отколку да се избламираме со глупости
Тресење газови ? Кој рече ? Си гледал/а ваков спектакал во други земји ? Во штафетата што ја посочив тресење газови нема ... Би сакала вие дрините да гледате /присуствувате на вакви спектакли/манифестации па да сватите колку е назАдно ова , и ке сватите дека никаде нема газици освен во вашите мозоци.... Жално е што немаме пејач од ранг на Тоше Проески , па да беше се совршено ... Едит: Сепак тоа е твое мислење , но и јас си имам свое мислење , нема потреба од наметнување .
Шкoтскa сo гaјдите истo зaoстaнaтa е нели. Сигурнo стрaнците-гoсти, игрaчите и гледaчите кoгa гo видoa oрoтo рекoa -Леле кoј сељaчизaм. Сигурнo ги пoтсетувa нa некoјa свaдбa кaде пијaни чичкoвци и рaстресени стринки игрaaт бoси пa им дoјде пoд седиштa дa се скријaт oд срaм. Туку чекaј, тoa се твoи кoмплекси, не нивни. Нив мoже oтприликa дa им е сееднo или нештo нoвo и интереснo. Чистo се сoмневaм декa фејс пaлм зa oрoтo ќе нaпрaвaт кo штo прaвиш ти.
Од каде знаеш што мислат они? На кој спектакал во фудбал Шкотланџаните свиреа со гајдите ? Си гледала воопшто вакви ствари ? На пример Лига на шампиони 2017 во ракомет , кај што ВАрдар е шампион , гледаше ли ? Јас како што кажав ви посакувам да бидете дел од вакви ствари , светски манифестации па тек тогаш може да дискутираме. Незнам зошто ми го наметнувате тугото мислење
И Шкoтлaѓaните свиреa сo гaјди и вo Дaблин сo нaрoдни тaнци се oтвaрaше. Не мoрa дa oдaм зa дa видaм, oтвoри нa интернет.
Си ги испомешала брзините драга . Отворање манифестации и навивачи се два различни поими! Навивачите од шкотска и овде ни дојдоа со гајди и сукњи , како што и нашите нАвивачи одат како фаланга и со тапани и тоа е Ок , тие се навивачи . Отвори на гоогле Олимпијада Лондон или нА јутјуб , види го и отварањето и затворАњето , и ке бидеш водушевена
Орото многу ми се допадна. Како изгледаше одозгора, уууаааууу. Нека видат што е фолклор. Делот со знамето ме наежи.
Подобро да има ора, отколку да „пеат“ некои т.н. пеачи ко Викторија Лоба на пример, па да „пукне“ гласот на сред изведба и да се обрукаме за сите пари. Не сум ниту некоја играорка, ниту пак којзнае каков патриот, ама изведбата беше повеќе од прекрасна и тоа не можеме да го негираме никако. Од историјата не се бега, а и факт е дека народните танци се едно од нашите најголеми обележја. Сè што беше прикажано беше на ниво - домаќински и културно. Не сме ние USA за чирлидерки да скокаат натаму-наваму на песни од Ники Минаж.
Лоба беше еден од ликовите што го рекламираат Пепси пред Супер купот и баш со дм се смеевме, недај боже да и речат нешто да отпее, се побрукавме скроз. Џабе се јадат вафли, се си беше на место. Можеа малку повеќе да го промовираат туризмот и да направат финти околу тоа со цел да ги задржат подолго тука, но што е тука е, ваљда прелаз на влада, најмалку им беше на ум тоа. Ама и тур операторите (ако воопшто можат така да се наречат) самите воопшто не се потрудија да направат нешто околу тоа.
Леле дo Oлимпијaдa дoјде дa мешaш, aкo не дaј дa видиме Супербoлoт кaкo се oтвaрa и дa oдиме сите дa си легнеме.
Само по нешто да се плукало бе. Што е, срам да не ве фати што ќе речат другите оти сме се претставиле со носии. Оф бе, тие не се замараат како нас. Тоа е богатство што го имаме и треба да си го чуваме. Мене ми беше убаво и се осетив горда. Колкав труд само вложуваат играорците и на +40 и на -20, а ние не цениме.. Во ред може требаше да ни дозволат УЕФА мини концерт, па ќе бевме задоволни... ама и тогаш ќе се најдеше некој да плука.
Ајде и јас да пишам збор,два. Прво,многу ми се допадна ова отварањето.И јас не сум обожавател на фолклорот.Но,сепак тоа е дел од нашта култура и традиција (и навистина ми се допадна ).Дечките што играа се гледа дека се професионалци.Дека не се туку така одбрани.Сите до еден беа насмеани.Горди се што се присутни на некој убав настан.Што е реткост во последно време во државава. Второ,она со глувите дечиња.Голем респект.До оној што го организирал тоа и што овозможил да се запознаат со своите идоли.Срцето ми се стопли,искрено.Тие не треба да се гледаат како нешто што го грози општеството.И секако дека и на тие деца треба да им се овозможи шанса.И се гледа дека ептен беа радосни Трето,цените.Добро,бре.Македноче алчно на сите страни.Прифатливо е 10,20 денари повеќе од маркетите,ама ова??Страшно.Човек да се порадува дека нешто од светски рамки ќе се деси во Македонија,тие до пари да се докопат.Ненормална работа. И највеќе ми сметаше тоа што на социјалните мрежи сите се правеа тешки филозофи.Демек вака би требало да биде,онака. Не сум љубител на спортот,не гледав искрено.На YouTube го гледав отварањето. И доста со тоа било сељчизам.Тоа не е журка па да викнат ди џеј.Мечот се одигра во Македонија и треба да се покаже државата во вистинско светло.Тоа што сме.И со ова што го кажа членот погоре дека било сељачизам фолклорот,играорците што се?Секаде по светот се негува фолклорот,овде се плука.Фолклорот е уметност.Сељачизам е Ана Николиќ и Милица Тодорович.
Кога ви доаѓа гостин од странство и сака да му ја покажеш твојата култура и историја што му покажуваш? Историјата или пак рекламата на Gute Früchte? Се разбира, културата, историјата и фолклорот. Затоа не разбирам зошто е тоа лошо? Тие народни носии се дел од нашата култура а и исто така ја претставуваат нашата словенска историја зошто тие носии биле носени од нашите претци и се доста поврзани со нашето словенско потекло. За тоа во друга тема. Сè беше во нормални рамки. Дури и беше скромна претставата и тоа особено многу ми се допадна, немаше некои помпезни претстави и сл.
Штом ниту јас не успеав да најдам мана, нема мани. Се работеше за елитен настан, беше угостен кремот на фудбалот за ТВ пренос кој цел свет можеше да го гледа во живо, и прво УЕФА не би дозволила бламови, 100% биле примани детални инструкции како се да биде како по прирачник, во и околу стадионот. Е сега, навивачите којзнае што се не виделе низ град деновиве, ама гостите во луксузен карантин сигурно немале поплаки. Единствена критика до медиумите кои не знаеја да збогатат атмосфера, за веројатно, најубавиот вторник во Скопје. За љубител на фудбалот, ова е магија и живеење во град каде се одвива јак натпревар е посебно доживување, сон. Се мисли на неразвиени фудбалски средини, значи помали градови, како и места каде не се вложува многу во фудбалот. И секако, тоа не важеше во годините кога Монако беше домаќин на куповите.