Носијата, ората, музиката од зурлу и тапани се дел од Македонскиот народен фолклор и секоја им чест за изведбата. Скроз небитно дали ви се допаѓа отварањето или не, некој добро го организирал ова. Па погледете само колку симетрично се наредени играорците. Погледете како сето тоа изгледа скоцкано без ниту една грешка. Е мене лично ми пречеа пластичните ланчиња на девојките, стварно не знам кој им рекол да стават толку пластика на градите.
како може да не ви се допаднал воведниот дел со играорците, не знам мене пак што ми стана, солзи ми навираа, еден момент си реков фала му на бога што не сум иселена странција, ќе го бацував телевизорот, прекрасно беа синхронизирани, секоја чест
Супер Купот помина беспрекорно и сите ние треба да се гордееме што успеавме да организираме таков светски настан. Само да исполниш критериуми за да добиеш организација за вакво нешто е успех сам по себе. Но, на маргините на Супер Купот и стадионот во Скопје, се наметнува едно друго прашање - што се случувало со стадионите во другите градови на Македонија додека се градела Телеком Арената? Сликите се погубни. Од една страна најмодерен стадион по светски стандарди во Скопје, а стотина километри подалеку, во истата држава руини, пасишта и змијарници наместо стадиони. На сликите се стадионите во Прилеп и Битола. Тоа не се стадиони на некои екипи од трета лига, туку стадиони на едни од најтрофејните македонски фудбалски клубови после Вардар: Победа и Пелистер. Споредбата се наметнува како нужна за да се разбере што правела државата од осамостојувањето до денес и особено последните 12 години, кога за сметка на главниот град уништила се останато. Тука лежи и одговорот зошто немаме фудбалска, ракометна и кошаркарска лига од каде ќе се црпат таленти и ќе се гради репрезентација, туку само приватни клубови со прескапи увезени спортисти и инцидентни успеси. Затоа новата власт треба конечно да се одважи и под итно да го прекине трендот на агресивна централизација која ја глода не само Македонија туку и во корен го уништува Скопје.
Не си проверил. Стадионите во Прилеп и Битола моментално детално се реновираат, но и тоа е погрешно. Дали државата Шпанија ги гради стадионите на Реал или Барса или приватните сопственици?
Aко големите градови освен Скопје се на вакво ниво, тогаш да не спомнуваме други помали места... @Jacques луѓето не се криви, а и не ги интересира (зошто би ги интересирало Криви се политичарите, оти им ги зедоа парите на луѓето од помалите места и од функционални градови ги претворија во касаби преполни со старци. Тоа е на ранг на геноцид. А вака како со стадионите е и со сите останати нешта: регионални патишта, јавен превоз, болници, културни знаменитости, национални паркови, и се друго кое државата има обврска да го штити и негува... Во Скопје и треба да се најпретставителните објекти во државата, главен град, центар на се и сешто, тука доаѓаат дипломатите и сето тоа е ок, ама не значи дека на сметка на тоа треба се останато да се убие во поим.
Аууу орото наше традиционално било сељачко?! Ви се молам!!!! Знаете што е сељачко? Сељачко е тоа што најпосетувани настани во државава ни се концерти од комшиски певаљки кои патем како што читам погоре се обидоа да го посерат настанов и да се самопрогласат за побитни. Сељачко е што овозможивме еден Јоксимович да биде првиот балкански пејач што го наполнил градски со соло концерт. Сељачко е што во ист ден наместо да се пости Галичник и да се негува традицијата на галичката свадба, каде што не е срамота да се игра тешкото, каде што секоја година доаѓаат стотици странци од цел свет да ја видат манифестацијата и да научат нешто за нашава култура, ние полниме настан од типот на Пивофест каде истата вечер главна атракција е некоја мега турбофолк селска ѕвезда од типот на Лукас и Цеца. ... Многу сељачки работи не обележуваат како народ, ама за нас тоа е океј и го прифаќаме. Знам дека сакате сите да сте современи и не споредувате со високразвиените западно европски земји ама дај малку свртете се наоколу и погледнете каде всушност живеете и ценете се малку себеси и своето.
Супер беше, и кој што и да каже не е важно. Убаво се претставивме. Како само синхронизирано играа, па знамето. Но, мене ми е многу жал за британскиот фан на кого скопски таксист му дрпнал на сила паричник со 400 евра. Тоа треба да се осуди и казни. Отказ, и затвор бре. Јас не знам како уште не го најдоа таксистот, по такси компанија лесно би го нашле, освен ако избегал и се крие некаде. Е тоа е срамота. Инаку, можеше да се направи нешто за туризмот, да поделат флаери макар пред арената со податоци за Матка, Милениумски крст, Водно...
За да беа сите народи во Македонија застапени на отворањето на Суперкупот, требаше да се направи манифестација со аеродром и народ како се качува на авион и си заминува од земјава. Доста веќе ги потхранувате луѓето со национализам. Секоја фамилија од секоја националност има барем една роднина која фатила џаде затоа што тука нема леб. И наместо да се фатите за „лебот“, вие се фаќате за орото.