Центарот за рангирање на универзитетите во светот (CWUR) од Обединетите Арапски Емирати објавува глобални рангирања на универзитетите кои го мерат квалитетот на образованието. На листата за 2020/2021 година може да се види дека најдобрите универзитети во светот се во САД. Дури 8 од првите 10 најдобри се од САД, а два од Велика Британија. Од Македонија на листата се најде само Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и тоа на далечното 1.917 место со вкупно 66,1 поени. Минатата година УКИМ беше на 1.816 место, што значи дека бележи пад од дури 101 место. Во споредба со најдобрите универзитети од регионот, УКИМ е најлошо рангиран. Од Грција на листата има 12 универзитети, а најдобро рангиран е Националниот и Каподистрјасов универзитет во Атина, кој се најде на 267. место. Овој универзитет е и најдобро рангиран од сите универзитети во регионот. Од Србија на листата има четири универзитети, а најдобро рангиран е Универзитетот во Белград, кој се најде на 346. место. Љубљанскиот универзитет, пак, се најде на 384. место и е најдобро рангирана високообразовна институција од Словенија. Универзитетот во Загреб е еден од четирите хрватски универзитети што се најдоа на листата и е најдобро рангиран меѓу нив со тоа што се наоѓа на 517. место. Универзитетот во Софија е најдобро рангиран бугарски универзитет и тој се најде на 868. место. Албанија, Косово и Босна и Херцеговина немаат универзитети рангирани на оваа листа. Прв на листата е „Харвард“, потоа следува Технолошкиот институт во Масачусетс, попознат како МИТ, а на третото место се најде „Стенфорд“. Сите овие три универзитети се од САД. На четвртото и петтото место се најдоа британските „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Извор: https://www.fakulteti.mk/mobile/news/10062020/ukim-padna-za-101-mesto-na-rangiranjeto-na-cwur Според мене и ова дури ни е многу. Колку пропусти има, колку работи треба да се подобрат ехе... Светлосни години се пред нас голем дел од факултетите во другите земји...
Јас искрено не знам ни што бара УКИМ на листата? Кај може да го споредите со Харвард или со некој универзитет во поразвиена држава? Па и универзитетот во Софија е многу подобар. Ќе речат Бугарија бетер од Македонија, ама повеќе вложиле во образование од нас. Кај нас скоро ништо не се инвестира во образовниот систем и затоа само ќе пропаѓа.
Шта речи, високото образование све повеќе го губи квалитетот. Дали е до наставната програма, студентите или професорите не знам, можеби од све по малку. Реформи у образованието мора да бидат оче наш за сите следни влади што ќе дојдат. Со ова темпо ќе вадиме неука и неспособна младина со непризната диплома секаде низ светов.
Нерелвантни се тие рангирања, барем не доволно. Не е само до квалитетот на образованието. Најмногу поени и онака се добиваат од публикации, трудови и учества на конференции, а државата наша нема ништо од тоа. За високо рангирање на една од овие листи, тоа е примарно. Кај нас не знам ни дали има простор за публикации. Осакатени се и професорите, и да сакаат не може да се најде универзитетот наш високо на некоја листа. Или пракса, лаборатории опремени... Што беше тоа?
Овие рангирања на универзитетите во светот главно го поддржуваат т.н. "The Swimmer's Body Illusion", каде се помешуваат фактори на селекција со резултати, како илузијата која луѓето ја имаат дека само напорно тренирање е доволно за да се стекнат со тело на професионален пливач, кога во реалноста причината поради која одредени луѓе се професионални пливачи е бидејќи имаат одреден тип на тело, односно како нивните тела се дизајнирани се фактор за селекција, а не резултатот на нивните постигнувања. Мнозинството луѓе сметаат дека Harvard и останатите Ivy League универзитети се најдобрите универзитети во светот, но се поставува дилемата дали тие навистина се најдобрите универзитети или само ги одбираат најдобрите студенти независно од влијанието на универзитетот. Самиот факт што многу успешни луѓе студирале на Harvard не секогаш гарантира дека истиот е најдобриот универзитет во светот, односно заслугата на успехот на тие луѓе се препишува на репутацијата на универзитетот, а не на интелигенцијата на студентите кои студирале таму. Самата оваа вест го манифестира обратниот ефект на т.н. "The Swimmer's Body Illusion", односно дека студентите кои студираат во УКИМ ќе се перцепираат самите и ќе бидат перцепирани од страна на другите како неквалитетни само поради репутацијата на универзитетот, а не поради нивната интелигенција и интелектуални капацитети.
Многу треба да се вложува во промени во образовниот модел на УКИМ, многу повеќе пракса, многу повеќе интеракција помеѓу студентите и професорите, многу помали ега и авторитети базирани само на стара слава. Сепак и треба многу повеќе финансии во областа на научно-истражувачката работа. Но да бидам најреална и сурово искрена треба на научниците и некорумпираните професори да им се даде простор за работа и делување, а не толку политиката да е длабоко навлезена во изборните процеси на ректори, декани и се останато. Убаво е да имаш политичка опредлеба, но само кога со партиска книшка и членство во партија одиш напред за сметка на недостаток на знаење е тоа е лошо. Тука тапкаме во место. Инаку овие ранг листи колку се и потребни толку и често се базираат на критериуми кои не може да бидат опфатени и реализирани еве од универзитети каде што извдвојувањето на финансии за новитети се минимум. Ај што нема издвеоено ресурси за ова, запрепастувачки е колку бавно и инфраструктурно се доопремуваат некои универзитети во склоп на УКИМ и тоа зборувам за немање пристап со санитарни јазли за одржување основна хигиена, не па за нешто покрупно и многу поважно за напредок во образовниот процес.
https://off.net.mk/nabrzinka/ukim-padna-za-100-mesta-na-listata-na-univerziteti-ostanatite-se-beter Повторно истото.
Партиски и со врски вработени професори и асистенти, доведуваат до ова. На функција само такви бутнаа, ете го исходот. Треба и да не нема на листата следна година, ни ова место не е заслужено. Дипломирав пред некоја година на УКИМ, дипломата за ништо не ми служи. Свој бизнис си отворив и правам повеќе пари отколку со тоа парче хартија од УКИМ. Тие што ми беа колеги и работат со струката, се жалат колку фалинки имаме во образованието и што се не сме научиле. Тие во странство што отидоа мораат да дополагаат и со право, кога тука е лошо образованието кој да ти ја признае дипломата. Учевме по стари застарени книги, од незаинтересирани професори со исклучок на 10%. Некаде ни книги немавме, учете од каде било, нема книга. Ги мрзи книга да напишат, не па некој научен труд да направат, па како да сме рангирани на повисоко место. Пак ќе кажам, секоја чест на тие 10% исклучоци кои се посветен кадар и со знаење.
Можеме и подоле.Можеме ние. Се дур се фаќаат врски за оценка, се даваар пари за оценка, се иде со бубици и испишани раце и нозе на факс..ништо не правиме.Да не се праиме цвеќиња дека само професорите се криви и абдали, кога и студентите се.Кај мене има супер професори, со книги, со супер презентации, супер објаснуваат, и џабе кога има дежурен мочко/мочла, шо решил цела прва година да ја помине со препис.Со онлајнов на сите им се заарни.Пола моја генерација во несвест испопадна кога рекоа со физичко да полагаме.Професорите и то ги заболе, плата лапаат, они си имаат диплома, нас кој не` шиша.А дека има дебили има и дебили, ама има и студенти дебили.Така шо треба прво од себе да почнеме ако сакаме да видиме промена.Ако ти (било кој де), седнеш и си научиш и не фаќаш врски, и другите го следат твојот пример, нема да постои врскаџиството на факс. А за тоа после факс, одамна е, и како ќе се искорени не знам.Само продужува и продужува..
Програмата не е добра, ништо практично не се учи само се бубааат глупости нормално дека ќе биде меѓу последните.
Ама и нема книги, нема развиток на литература. Барем немаше до пред 3-4 години. Се учи од книги од времето на Тито. Пракса слаба, теорија од книги од праисторијата, после слаби кадри, епа слаби кадри.
Честитки! Сите сфери од образованието се за никаде. И основно и средно и високо. Работа има, ко за се' друго, само нема кој да ја сработи. Сите се зафатени со корумпирање.
Тоа е се убаво. Сега ми текна јас кога одев на факс. Право бубав 2 недели. (За колоквиум обично се спремав у еден ден) очи ми испаднаа,раката ме болеше уште две од тетратки што испишан и памтам како денес седам пишувам а тој до мене си чита од телефон и си пишува. Професорот секако дека го виде виде дека видов дека го виде ми се насмеа и збор не рече. Колку само глупо се осетив во моментот неможам да ви објаснам. Као ја ќе бубам а тој до мене ќе свирка и на крај он мах поени ја мах поени. Браво.нормално дека продолжив со учење и нормално дека некои се свртеа кон препишување и не ги кривам. Дипломата не ми вреди и онака за ништо. Ни тоа што магистер упишав. Не вреди едноставно у земјава
Јас имав желба за магистратура да запишам. Среќа што на време видов колку е саат во Македонија и не потрошив уште време и пари на нешто бескорисно зошто пак ќе останев невработена. Убаво е образованието ама да си се запише човек на некој странски универзитет. Во моментов е подобро во Белград да студираш отколку тука.
Така е,во право си, не вреди ништо. И затоа и никад нема да се оправи е пошто сите одат кај што нешто вредат. Трудот и парите вложени во вложувања и телектуално овде во оваа земја не вреди ништо. Мито и корупција вредат се.