За жал. Во сите сфери само мито и корупција. Затоа тонеме, во градинка Жена од Султана се пушта, на факултети мито за испити. Вечнадае!
Не е ни до професорите, не е ни до студентите. Едноставно цело образование ни е отидено у к****. Од основно, па до факултет. Ја разбирам потребата на студентите за барање полесен начин на завршување. Ја да се трудам, да кинам нерви од учење, да не мрднам од дома, за некој друг да ја има истата диплома со мене со врски или препишување? Па никој не е глуп, кој има можност за снаоѓање ќе се снајде. Ги разбирам и професорите што кренале раце. Еден дел од професорите се бифши студенти од овие горе, а добрите професори кренале раце зошто нема фидбек и заинтересираност. Не е секој за на факултет, ама ги сфаќам сите што се запишуваат, кога веќе се завршува и електро, и медицина, и архитектура со врски и препишување, секој може да заврши правен или економски. Зошто да не? Од старт сите мораме да имаме сите 5ки во основно, средно, без никаква основа сме. А и оние ретките што стварно учеле цел живот, и заслужено ги добиле оценките, немаат основа затоа што материјалот, програмата на учење е УЖАС. Врти-сучи, исто ти се фаќа. Секој треба да тргне од себе да, ама кога гледаш дека со поштена работа во државава ништо не постигнуваш, ќе си фатиш и ти врски, ќе си пишуваш и ти по раце и клупи. Господ нека ни е на помош со вакви кадри(се вклучувам и лично јас тука, да не ме сфатите погрешно).
Да ви кажам една работа со пример уште од основно. Тие деца што учеа уште тогаш, учеа и во средно и на факс и денес најголем дел од нив се успешни. Нека не ве лаже тоа ,,зошто учам,, Можете да ме нападнете со коментари одма, ама тоа е мое мислење. Оразованието не е само бубање. Се градиш и како личност, учиш што е обврска, што е дисциплина и работна навика и учиш што те влече повеќе. А тоа се особини кои во животот те менуваат сакал или не. И да си на дното баш тие ќе те извлечат да си го најдеш патот, порано или подоцна. Успехот е избор ама и нешто што треба да се заслужи и бара години труд. Не ни е државата крива секогаш, малце сме си и мрзливи. А за УКИМ заслужено паѓа и дај боже и да го снема од листата може малце ќе се свестат и професори и ректори и декани. Фалат приемни за на факултет прво, построги критериуми и фали пракса. И по можност воведување на повеќе реално потребни предмети и укинување на непотребни предмети, 70% од тоа што се учи е тотално непотребно. Уствари има цели катедри непотребни на некои од факултетиве, пошто треба професори некои да земаат плата. За професорите исто така треба да има начини на селекција која не подразбираат партиски и роднински врски. Има професори кои се прекрасни, ама има и некои се губат мислат господ за брада го фатиле со тоа што се професори. Не може секој да си прави што сака на факултет пошто е професор и е од позициија на моќ. И ред други работи треба да се сменат што сите знаеме дека треба ама џабе знаеме. А дека има и студентни за нигде, отсекогаш имало. Разликата е што тие порано не завршуваа или ретко, а сега завршуваат скоро сите. Професориве не смеат на некои деца да им кажат ни а ни б како што некој и кажа погоре, ама тоа е така зашто и професорите имаат деца па треба и на нивниве деца утре некој да им се најде. И така услуга за услуга се вртиме во круг, цело општество ни е такво. А тие без врски ги јадат фрустрациите од професорите и за овие првиве, е тоа е уште полошо. И некако не знам дали ми се чини ама колку понови генерации идат толку поглупи се... Ама пак си стојам на тоа, треба да се учи, за себе пред се, не за син му на Стојко што е со врски на факс.
Па на пример да се вложуваат пари во истражувања и наука нема да паѓаме толку надоле....по тоа најмногу ги оценуваат.