браво Aнгелце ,се се мозе кога се сака бас размислував на оваа тема усте некои 10 дена и јас заврсувам со одрзуванјето и се цудам како понатаму,си мислев да видам по нет дали има несто за после одрзуванјето со постигнативе резултати сум презадоволна и никако не ми се ризикува несто да се промени.овој резим на исхрана го усоврсивме и мене не би ми сметало или одново да поцнам со диетата..или да го продолзам одрзуванјето,само незнам колку е здраво,незнам за диетата на ирена ама јас си мислам ако не пронајдеме некое ресение да продолзам со ваквото комбиниранје,мозе само со малку поинаков редослед,мислам дека скарлет заврси со одрзуванјето на нова година па ако го процита ова нема да е лосо да сподели искуство како и оди после ова?
Денес завршувам и со одржувањето, последен овошен ден ми е денес, јадев сабајле три јаболка, после јадев марула салата и до вечер планирам да си направам уште два пати марула салата и толку па од утре почнувам со турбо ун, а после незнам што да правам Ќе размислам до тогаш дали да се префрлам на диетата иренна или пак да продолжам со ун ќе видам. Вие до каде сте ве нема нешто
Ангел не изгуби ли доволно? Се плашиш да не ги вратиш? Јас планирам после Одржување да продолжам со овошје за појадок уште 91 ден, имам некаде прочитано дека така треба и сум си врзала во крпче тоа, ќе си терам така, се разбира ќе се трудам да не мешам врсти на храна но нема да ги држам деновите така по ред, а и овошен ќе се трудам еднаш неделно евентуално месечно или нешто слично, ќе видиме се умам и Месечевата да ја продолжам, не знам, на триста ума сум, ама си имам доста јас додека дојде крајот мој, тек сум на 58ми ден од Ун. Инаку ТурбоУн јас си ги држам во диетава, сега баш ми заврши пред Водениот првиот циклус ТурбоУн, исто и пред 3тиот Воден ќе држам ТурбоУн.
Јас сум задоволна со килажата, него страв ми е да не ги вратам, стрвна сум си јас и ако немам некој режим како до сега за да се придржувам, незнам кај ќе ми биде крајот, а и склона сум си на дебелеење, мислам дека и воздухот што го дишам веднаш се зафаќа за мене само што јадам малце повеќе количински и оп на вагата кг плус, па со овошниот после го симнам, и јас сум на триста ума што како понатаму
Реков јас, еднаш на диета, цел живот на диета, среќа што сите го сфативме ова како начин на исхрана па така ќе тераме некако, некогаш построго некогаш поопуштено.
еве и јас сум на крајот до усте само 5 дена бидна диетата бидна одрзуванјето се помина во најдобар ред,постигнатото супер ама искрено и мене ми е страв да прекинам само на тоа мислам како понатаму...еднас си мислам да ја поцнам пак диетата,после си велам ке продолзам со одрзуванје т.е.немесанје на намирници овие неколку дена ја разгледував диетата на ирена ама да ви казам некако не ми се оди на ризик или сто знам..благо е благо а јас ненаситна на благо мислам подобро ке ми биде вака да си пазам еднас неделно,циста совест...мозе некогас ке правам некоја``ненамерна``утка ама битно е да не се опустам..ке ве следам овде да видам васите мисленја па секако ке ве известам..
Знате како се одржува ?? Еднаш неделно обавезно витамински ден! Да се доручкува исклучливо овошје! Да се руча протеини со салата и доколку се конзумира леб нека биде црн Да се вечера салати! Еднаш или 2 пати месечно ВОДЕН ДЕН! - барем така ми пишува во книгата за диети.Има 3 подтипови на диети: многунискокалорични(500-900 кцал на ден), нискокалорични ( 1000-1500 кцал на ден) и среднокалорични ( од 1500 до 2000 кцал). Според сите калории што се примаат за време на 1 циклус Ун,јас пресметав дека добиваме околу 5000 калории за цел циклус 4 дена! тоа делено на 4 испада по 1200 калории на ден (ДОКОЛКУ ПРАВИЛНО СЕ ДРЖИ И ПРАВИЛНО СЕ ГОТВИ).Значи припаѓа во нискокалорични диети! Планот горе што е,важи за секоја диета што била држана за да се одржи виталност !
хелло тука сум тука,заврсив со одрзуванјето и некако како ми поцна редоследот оди пак како диетата знаци до денес јх знаци утре пак овосен ке терам..е после стварно незнам си мислам да истерам усте еден месец...искрено не ми е потребно повеке симнуванје ама од пусти страв на се сум подготвена веке бев ресена ви реков да продолзам без месанје ама ете така тргна....и сега незнам во краен слуцај да продолзам како во одрзуванјето...кај вас како е? до кај стигнавте?ајде ги оцекувам васите искуства па да се одлуцам
Сега после ТурбоУН 2х12 сум на 2ор ден одржување. Добро ми оди, истрењирана и навикната сум си, немам никакви проблеми. Овошје за појадок во последниве 4ри месеци, а можда и повеќе зошто и пред тоа јадев за појадок овошје ми стана навика и немам никаков проблем. Нападни на глад немам, цело време сум сита, не мешам намирници, имам забрзан метаболизам, полека, но сигурно слабеам, па што да барам повеке? Вчера вака ми помина денот: 1/Протеински Појадок: едно јаболко Ручек: едно парче стек + печурки Вечера: исто како за ручек.
Здраво, јас сум нова на форумот и да ви се пофалам од денес сум на УН одржување. со диетата успејав на ослабам околу 11-12 кг и сум пресреќна денес 1/91 протеински доручек 2 јаболки ручек: стек, салата и супа вечера: стек и салата поздрав
До сега одржувањето добро ми оди со ситни грешки, ама малку се опуштив со газирани пијалоци поточно со кока-кола. Цела недела со гости и ајде и јас пиев со нив(не дека некој ме тераше со сила) ама сите пијат, а да се двојам не ми одеше некако, си пиев со помислата- нема да се здебелам од една чаша кока-кола. И така, не знам дали да продолжам да ги пишувам деновите како поминале, зошто не е многу активна темава и ќе треба само јас да пишувам, ако има некој што е на одржување друг - нека се јави! Заедно да ја полниме темава со постови. П.С ми се чини дека во текот на овие 15 дена од одржување имам ослабено минимум едно килце(затоа што почнаа да ме собираат некои фармерчиња што не ме собираа и на мојата среќа и нема крај).
Lux ти пишувај иако не е активна темава има некој кој ја прати па кога ќе стаса до одржување ке му бидат од полза искуствата и советите кои ќе ги пишете. И во одржување да си -1кг е само за пофалба браво
Иако темата не е многу активна, и јас ќе продолжам да пишувам. вчера 10/91 протеински доручек 2 јаболки ручек: риба, салата и супа вечера: риба и салата за денес 11/91 јаглехидрантен доручек 2 портокали ручек: макарони со доматен сос вечера: ќе видиме или парче торта или чоколадо. Ве молам доколку некој знае нека ми одговори дали смеам 12 дена пред водениот да ја воведам УН турбо диетата, сега кога сум на одржување. поздрав
Да се вмешам малку. Го привршувам вториов месец од одржувањево, уште 6-7 дена. И тука го прекинувам, почнувам еден месец со Аткинс. Потоа, здравје, планирам да си се вратам на режимот од УН, чисто како начин на исхрана, не диета. Не знам како, не знам зошто, ама за овие два месеци јас ослабнав уште 4 килограми чинам. Можеби затоа што сум активна во текот на целиот ден. Грешев на пати, во смисла на менување на денови, пример наместо скробен, јас протеински држев, затоа што не можев поинаку. Крајно задоволна сум од сегашнава килажа и изглед, кога ќе завршам со Аткинс ќе бидам и повеќе од тоа. Абе да си се заљубиш во себе . Ми треба затегнување, ама за тоа на пролет ќе размислувам.
Стигнав до 31 ден од одржувањето и морам да кажам дека метаболизмот ми е многу побрз. Се думав дали да продолжам со одржување или пак да јадам секој ден по малку протеини и скроб и на секои 6 дена јаглехидрати, ама не би сакала да мешам, па се решив дека одржувањето до крај ќе го терам, ама со многу поангажирано вежбање/тренирање т.е потење. И грешник сум морам да признаам, вчера ми беше овошен, ја комбинирав 3 дена во еден, ама пусти ПМС ме тера еднаш во месецот да направам таков прекршок од кој сум после најадена за цел месец и ми се чини и месец дена да не ставам храна в уста ќе издржам, не дека толку се прејадов вчера, туку од се по малку дека каснав и желбата за храна автоматски сама си се губи. Имам направено вкупно сигурно во 31 ден некои 5-6 прекршоци можда и + некое, ама не се разочарувам и негубам надеж дека и овие 2,5-3 кг ќе ги симнам со вежбање, зошто убедена сум дека ќе си дојдам на посакуваната килажа и посакуваниот изглед до крајот на Мај. Планот за нејадење на благо до 16.06.2013 или кој и да беше датумот, пропадна од причина што ради УН диетата морав да јадам(не дека некој сосила ме тераше) него поарно по малку него ли да се лишам скроз, да го одвикнам организмот и после и најмалата коцка чоколадо ќе ми се фати. Инаку, си стојам на тоа, а и така е дека роденденски торти и чоколади - немам вкусено 4ри месеци.
јас имам уште 1 месец од ун и сакам барем 2-3 недели ако не и повеќе да сум на одржувањето ама според редоследот...е сега ќе видиме за еден месец можи 5пати да се предомислем....
Ете ме тука од вчера сум на одржување си испринтав распоред и стартував со протеински вчера јадев колбаси за ручек (немаше ништо др во фрижидер)и зелка салата Почнав со теретана па таму утепав саат и пол ама вежбање мушки ззаедно со ММ Вечерав само салата зелка и некако не се осеќам гладна дури сега и помалце јадам Се надевам дека ќе симнам уште 2 кг со одржувањево и со вежбањево па и да не се симнат како кг бар сеху да изглеам хахах поздрав