69ти ден од УН диетата за 21ден ја завршувам оваа диета и се префрлам овде сега за сега ми оде супер и задоволна сум од добиените резултати . Поздрав диеталки
Ја држев диетата 3 месеци ама онака релакс не многу строго ослабев околу 10 кила.Сега сум на одржување до Велигден. денес д.2 јаболки р.тавче гравче со салата,маслинки,лебче,малку ајвар в.малку гравче со салата
Јас сум веќе 2 ден на УН одржување Завршив со ун диетата ослабев 13кг ... Ако има некој активен за во оваа тема би ве замолила да пишете за да имам поголема мотивација или па да споделете некое ваше искуство Ова ми е првпат да сум на Ун одржување и се надевам дека се ќе биде во ред и ќе намалам уште некое килце
Женски јас ги заршив 90 дена уште пред некоја недела.. сега исто си продолжив со режимот.., но како што гледам има и одржување.. кажете ми подетално.. пошо мислам дека повторно почнувам да се дебелам, два три дена не извежбав и мислам дека во стомакот и струкот полека се вракам + сакам да намалам уште некое килце