Јас не знам како ќе се исконтролирам да имам само еден оброк пошто вообичаено јадам сто пати во денот, еднсш салата па после месо па чорба па блашки ...
Хахаха е уште 100 кг да имав толку патент на уста ќе ставев.Да јадам црн леб една кришка,слатко јадам на јаглехидратен ден.Многу вода пијам и јас се чудев како брзо ги намалив одма ми се познава во лице,раце,стомак и нозе.Би сакала да бидам 53кг како порано што си бев.Фала ти многу.И ти ќе намалиш со кг биди малку поупорна,решителна ќе успееш.Помисли дека доаѓа летото па ќе си купиме убави купаќи така си се тешам јас
Се е навика Јади пример 3-4-5јаболка или кое било друго овошје (освен банана) се до ручекот (ако стануваш рано)нека има размак од 2 часа од овошјето до ручекот. Нормално, не одеднаш, туку разделени на пола саат-саат. Чорба смееш да јадеш измеѓу оброци но да биде напраена од неутрални зеленчуци : тиквица,морков,кромид,пашканат,брокула,карфиол .. малку маслиново и малку х.сол. Сум јадела вака и превкусна е Ова го пишува и во оригиналната книга, дека смее Иако не се практикува често од страна на диеталките, не е грешка. Благо на секои 4 дена јадеш во јх, со тек на време нема ниту “криза” а ниту желба да имаш за него, ти кажува искусен гнетач на 100грамски чоколади Мене вагата ми вели 79.5! Чао 8ка, да не се повториш!!! Тоа значи дека не сум гнетела толку деновиве
за јадење голема количина овошје до пладне и јас практикувам, само јас секое утро јадам и банана/и во вид на смути, и ефектот е ист - килограмите си одат.
И уствари се се сведува на немешањето намирници од различно потекло, а не од тоа дали овошките ќе бидат стрикно по 2 во пар или различни ..
Не знаев дека може . Прв ден Доручек една банана Ручек марула со кромидче и блитва со кромидче, пастрмка со лебче, супа со карфиол пашканат морков праз прокељ и бамња. Се тресам над јадењево мммм
Девојки пишувајте резултати малку да се мотивираме и да ја размрдаме темава Денеска сум си најсреќна 13 ден 77.9 (небитни тие 900 грама,двете седмици ме израдуваа) а старт 81.5 Значи преубаво се чувствувам! Не гладувам,стомакот не ми е подуван како обично. Столица редовна,КРИЗИ ЗА БЛАГО НЕМА! А бев луда по благо,немаше ден да помине без слаткиши. Самата помисла дека можам секој 4ти ден да јадам благо многу ми олеснува. Затоа е УН посебна,ја обожавам ❤
@josifova1000 Едвај чекам и јас две седмици да видам, последен пат бев толку пред бременост (76 бев уствари) Денес на мени: Д:Киви Р:Турлитава (компир,грашок,боранија и малку ориз) лепче и салата В:Или од ручекот ипи варен компир Зависи дали ќе ми остават од ручекот
све се сведува на колку се внесени калории и колку се потрошени калории. а оваа ун диета(undiet) ми изгледа бааги нездрав начин за промена на исхраната
Здраво девојки Од денес ви се приклучувам и сум со желба за минус 10 кг.Породена сум пред 4 месеци и мислам дека веќе можам на диета Кога јадете салати гледате тоа да е зелена салата или може било каква Со среќа на сите
Било каква, кога немам избор и од туршија сум јадела, но ептен ретко. Најдобро да е свежа, каква и да е. Јх ден Д:Крушки Р:Посна лазања со неутрален зеленчук В:Парче куглоф и темна чоколада
Денес ми е 10 ден, не се имам вагано бидејки планирам после 14 ден да се вагам. Но се чувствувам многу поубаво и полесно така да сигурно имам некое кило намалено
Да Јас ја правам со готово тесто на кое ставам доматно пире,сув модар патлиџан,кругови црвен патлиџан,печурки,маслинки,пиперка,кромид, сусам и оригано. Многу вкусна е.
Сакав да ве прашам дали некоја од вас што ја држи диетата имала проблем со менструалниот циклус? Имав прочитано дека од оваа диета може да се поремети циклусот , а мене еве ми касни, па затоа прашувам