2/90 скробен. Дали може малку пуканки ако осеќаме глад или само зеленчук? Денот го поминувам добро но навечер имам кризи
Не може пуканки. Зголеми салата со неутрални намирници. Првите денови само ќе те фаќа криза потоа ќе се навикнеш.
И јас утнав на скробниот вчера, репете пинџур и сиренце јадев. Прегладнета бев. Туку, јогуртов ме мачи па според составот во јх ден повеќе одговара да се пие него ли во протеински, речиси и да нема протеини во него едит: Д:Праски Р: (жити ручекот во 11 саат, ќе огладнам 10 пати до вечер) пола баничка со месо и пола со урда, па и јогурт се напив УТКААААА В:Празна баничка и чоколадо осеќам дека ќе се прејадам денес! Ме утепаа киселини од баничкиве, ама пусти стрвен гз Јх ден дефинитвно не е за мене
Здраво, нова сум на форумов, а и првпат држам диета. Сакав само да ве поздравам. Утре ми е 8ми ден, овошен. Првиот овошен лесно поминав, се надевам и утре ќе биде така. Иначе, имав 80кг пред да започнам со диетава, а би сакала да стигнам до 65, но и со 70 би била задоволна. Се немам мерено откако почнав, а и не сакам засега. За утре планирам: Д:Банана и турско кафе Р:Лубеница, праски и јаболка, а може и некое суво овошје В:Краставици и домати. Помеѓу оброците на разлика од 2 саати јадам уште по некое овошје. Мислам дека не правам грешка, исправете ме ако грешам. Поздрав до сите.
Вчера ми беше јаглехидратен ден 19/90 Банана и 2 кафиња и потоа цел ден на патување немав избор за храна јадев една кифла со некаков намаз беше и со реков нема да јадам повеќе ама нозе ми се стресија за јадење, па каснав еден мал чизбургер од макдоналс и неколку компирчиња Вечерта 3 бисквити Орео и пола парче торта. 2 дена по ред со грешки. Денес овошен мора да го истерам без грешка. Ќе пишам вечер.
Денес овошен ден и го почнав со кафе и банана. убаво е што спијав само 2 часа па нема да мислам на јадење многу
35 ден јх Појадок овошје Ручек 2 перека со салата Вечера сладолед плус некое колаче ред чоколадо До сега -4.5 кила имаше и многу грешки
Вчера денот ми беше крш со јадење, бевме Охрид со дм, одсабајлето убаво турско и праски, после тоа седнавне на ручек и отиде цел ЈХ ден.. прв пат со грешки Дене овошен, јадев праски одсабајле имам лубеница, јаболка и вишни дома тоа ке се јаде денес. Сакав да прашам компот кога може да се јаде дали некој знае?
Сите сме грешеле вчера Неделно, простено ни е Овошен ден - 8ми Јагоди,киви,кајсии и банана Краставица,патлиџан и кромид за вечера
Денес потешко нешто ми оди со овошниов. Утре, 9ти ден, протеински. Планирано мени: Д: Две круши Р: Супа, салата, печена пастрмка и едно парче интегрален леб В: Салата и пола пастрмка. Се радувам на утрешниот ден премнооогу
20/90 овошен ден Успешно поминат Изедено 2 банана, јагодки и лубеница. Се чуствувам послаба штета што немам вага да се мерам. Баш ме интересира
Добро утро дами . Тука сум и јас. Вчера успешно поминат протеински, со три варени јајца и домати салата за ручек, и две јајца и салата за вечера. Денеска скробен, на мени ориз со зелка. Денес ми е 18ти ден, почнав со турбо од вчера. Инаку скоро 3кг сум минус до сега. Имајате убав ден, и не се откажувајте од најдобрата диета на светот
Тешко вчера овошниот ден. до 18ч добро беше но потоа кризи големи и покрај салатата каснав едно парче сирење салакис. дали е голема грешка ? денес 5 ден