Со овошните најмногу се слабее. Подобро изеди ореви, бадеми, лешници, урми одколку друго нешто. Јас овошните ги држам строго без грешки. Денес ми е протеински, си правам топено сирење со печурки и домати. Прашање е може кашкавал?
Денес 9/90 Протеински ден 10% Д: турско и една праска со сила ја изедов да не бидам без ич Р: две варени јајца, шопска и една чаша јогурт сега пред работа ке испијам В: шопска салата ке е пак
Не ги јадев/пиев истовремено, јадев кај 12:30, а јогурт сега пијам, морам некако да се држам сита до 6 часот инаку ке припаднам. А и во првиот пост пишува дека ако се конзумира сирење, млеко на јајцата/месото да им се преполови количината.
9 Протеини Д:Суви сливи Р:Пиперки со урда,салата и јогурт В:Од истото @Carolin. Со јајцата се пие супа, доколку е само шопска тогаш е јогуртот. Вака и јајца и сирење + јогурт е грешка. Подобро салата направи си и ќе издржиш до 6.
Зголеми на јајца и салата па и леб уште едно парче убаво да се најадеш. пиперка жива држи ситост. јас сега ќе јадам салата зелка цвекло, три јајца и едно парче леб.
Вчера ми беше протеински ден, денеска требаше скробен нооо јас го утнав каснав пица Не ми е јасно дали утре треба да продолжам со скробен или одам дирек на јх?
21/90 протеински ден Банана кафе. Ручекот топено сирење со печурки, домат и кашкавал од горе бидејќи не знаев дека не треба. Салата од печени пиперки со магдонос и лукче. 2 кришки интегрален леб. Вечера. Немав салата и каснав 1 кришка и од ручекот. За утре ставив гравче да се кисни.
Дечки да прашам, само во овошен ден е дозволено да имаш ужина или може и во другите денови? Јас досега само во овошен ја практикував.
Во овошен може да се јаде на 2 часа. А во другите денови не е дозволено. Ама некои јадат една овошка 2 часа пред ручек. Ако не те држи сита јади. Мене кафето ме држи сита.
Јас со кг исто сум -4 како што бев и на 10 ти ден. Малку се разочарав мислев дека ќе бидам барем уште -2 Ама затоа во обем многу имам намалено. Се тешам де
Орхидеа имаш супер резултат. јас воопшто немам намалено ни во обем а денес ми е 7 ден. имам и грешки ненамерни и намерни може до тоа е. колку имаш сега и со колку почна кг ?
Јх ден Д:Кајсии и покасно еден ред чоколадо ( не можам да дочекам за чоколадо ) Р:Интегрални кифли ми се во само план во комбинација со ова ама не знам дали може ова ?? Посна паштета од зеленчук Само тоа имам, а на работа сум. Или да си истрпам до дома па со нешто друго да ги комбинирам кифливе В:Сладолед и чоколадо вчера јадев смоки и денес не можам да се совземам,што од киселини што од подуеност таман ќе симнам убаво кг и ме јаде црвот за стрволишта одма, затоа со години и се мачам со диети