Почнав со 84 сега сум 80. Се мерев на 10ти ден и бев -4 и вчера на 22 ден се мерев и исто сум -4. Немам никаква подршка од никој. Имам маж што и по едно прасе за ручек да јади не се дебели и е слаб и само ми вели касни си ова касни си она и ме нервира, не ме сваќа дека сакам да ослабам, за него сум супер да не сум се мачела со диети Плус пешачам скоро секој ден по 1 км секако а некогаш и повеќе. Пред 2 дена 5 км изодив. Цел ден сум на нозе низ дома со дете. Немам некој огромни грешки правено, повеќето се од незнаење. И така си се искажав.
Од денес почнувам и јас. Крајно време е озбилно да си ја фатам работата. За појадок ова утро кафе без шеќер и две праски. Се надевам ќе издржам до крај. Би се задоволила и со -6 до 7 кг, но многу посреќна би била доколку биде -10. Со лесно нека ми е..
@mKdevojce Во турбо Ун не е секој трети ден овошен? 12 Овошен ден Кајсии и една праска до сега Јагоди,малини и цреши ручек Кајсии и суви сливи до вечера Евентуално може да ги сменам кајсиите со една краставица вечер
За почеток салата и чаша јогурт баланс. Не бев во можност да готвам. До сега издржав без да каснам нешто иако ме фаќаа кризи. Се напив само незасладен зелен чај и многу вода. За вечера исто само половина
@mKdevojce Да да, ја знам табелата, но дека имаше пишано дека ти бил трети ден од турбо а протеински ден.. затоа прашав Можеби грешка во пишувањето имаш направено. И јас сум во план од 17ти ден да ја стартувам.
Поздрав девојки, јас држам уште ама немам време да пиќувам, ди ги сменив деновите зошто нема да издржам на работа со овошје и ке каснам што не треба затоа денес терав протеински иако требаше овошен, утре ке го држам, денес на мени риба, супа и салата патлижан и краставица, вечера ке е салата.
Сега гледам дека ми е грешка, 4ти ден ми било од турбо вчера . Инаку, денес ми е по ред Јх, ама го сменив со скробен затоа што денес сум слободна а на работа не можам леќа да носам, а одамна сакам леќичка .
Јас имав неуспешен овошен Цел ден овошје, и сега се најадов ориз, просто никогаш не можам да му одолеам Ај, од утре со нови сили. Едвај чекам лубенициве да поефтинат, тогаш со душа ќе го чекам овошниот
13 Протеински Д:Кајсии Р:Свинска вешалица и салата В:Пак свинско месо(домашно) и салата Уште ми е криво што го зезнав овошниот вчера, и ем знаев дека ќе кукам ем се накркав ориз Уште овој круг и почнувам турбо ун, сакам почесто овошни, да го “исперам” гревот. Вака во место стојам, таман ќе видам пола кило минус, одма го надокнадувам
Ако некогаш ви дојде тешко и ве фати криза, потсетете се зошто сте почнале и каде сакате да стигнете. Во тие моменти повторете си ја реченицата "Најлесно е да се откажеш." И продолжете понатаму одлучно. #малкумотивација
15 Јх Д;Банана и пол (и 6-7крекери :/ ) Р:Парче пица В:Гранола бар и сладолед Вчера грешев ко што најавив, за два дена стартувам турбо ко што најавив исто Стагнирам, дојдов до 75 и тука застанав.
15ти Јх ден Д: Лубеница Р:Две варени гевречиња и ајвар (ако има останато некоја тегла, ако не, така) За вечера сеуште не знам, ама изгледа ќе биде некое торте и ред црно чоколадо.. не го заборавам никако. Сакам да се мерам, си изгледам некако ослабена
Денес 15 ден Скробен, ама зошто си ги сменив деновите и место да продолжам со скробен после овошен јас пак држев протеински вчера (доручекот го преспав, за ручек бевме во кафана јадев стек, салата и печурки вечерта испив едно нес ) сепак сум -2кг вчера се мерев Вака ако придолжам за месец 4кг тамн ке ми се, што е најважно не сум гладна воопшто и имав мали грешки плус тоа Денес: Д: кафе и две праски Р: 2 варени компири и салата од цвекло морков зелка и краставица. В: пола од ручекот