УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Јас јадев салати и маслинки и со куп грешки намалив 5 кг за 1 месец. Инаку во јх ден не јадев благо туку пола од ручек и ред црно чоколадо и побрзо се ослабнува без благо.
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    Овошен ден.

    Сабајле имав за појадок чиа семе со урми,сончоглед,кокосово масло и “сируп” од јагоди. Сирупот е всушност вода пд размрзнатите јагоди :D
    За ручек јагоди и банана, плус некоја урма за измеѓу.
    Вечера салата, или диња.

    Ако утнам ќе пишам :P
    Се надевам нема.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    Можеш мусака со тиквички или модар патлиџан во протеински.

    Во овошен ден ако почнеш со салата треба цел ден со салата да го тераш значи не се враќаш на овошје. Или можеш до пладне да јадеш овошје потоа салати. И во овошен ден салати се јадат само со лимон зачинети значи без сол без масло и киселина. И маслинки не се јадат бидејќи се солени.
    А во другите денови можеш за ручек и вечера да јадеш различни салати во неограничени количини.
     
  4. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека постои некој кој јаде салата само со лимон :D
    Многу ригорозни сте, и толку не бива.
    Јас си јадам салати нормално, со сол и маслиново.
    Некогаш и балсамико ставам.
    Денес и правев на ќерка ми ќофтенца од тиквичка, и каснав едно, упс грешка:wasntme:
    Ама намерна беше, многу беа вкусни.
    За ручек наместо бананата, си испеков пола тиквица и еден модар домат на грил тава,само со сол и оригано.
    До вечер значи само салата :)
     
  5. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    Јас не сум воопшто ригорозна :D само пишав како е правилно па сега на неа останува да си одбере како ќе јади.
    Инаку за салатата зачинета само со лимон важи само за овошниот ден за другите денови не.
     
  6. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    Знам, ама ај јади зелка само со лимон... уууу, ми шрипат забите од самата помисла :D
    Да,знам дека е по правило така, ама стварно правилава се ...
    Хималајска сол наместо обична,маслиново масло место сончогледово,лимон место оцет, и мислам дека е таман.
    Ем вкусно ем здраво.
     
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    Јас во овошен јадам само овошје и јаткасти и некоја урма многу заситува. Ама вчера овошниот го зафркнав.
    Многу ми е тешко дека за другиве дома готвам различно.
    Измачување ми е тоа, особено во овошен. Јас грешки правам многу и немам некој убави резултати.

    А и кафе со шеќер пијам, и вода не пијам доволно.
     
  8. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Ајде трета среќа , стопати почнав и зезнав ајде сега уште еднаш.
    1/90
     
  9. $@r@

    $@r@ Нов член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот.
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Протеински: банана, кафе и зелен чај; ручек потпечени модар патлиџан и тиквица со јајца и црн леб; вечера: без леб од ручекот. Скробен: кафе, зелен чај и диња, ручек зелка на тава со ориз и црн леб и салата. Вечера исто ручек без леб со маслинки. Јх: банана, кафе и зелен чај; ручек: интегрални шпагети со кечап, вечера исто и ред црно чоколадо. Овошен ден: урми, банана, диња и салата со патлиџан и краставица со маслиново и лимонов сок.
     
  11. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    Јас вчера трет овошен по ред како го завршувам со повраќање :(
    Глад ли е, од лубеницата ли е..
    Не знам, ама три овошни денови уназад со повраќање пред легнување сум.

    Денес протеини...
    Уште немам ни доручкувано...
    Мислам дека салата со кисело млеко и јогурт ќе ручам и вечерам, лошо ми е од синоќа и ништо друго не ми се јаде
     
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    35/90 Скробен ден
    Банана и кафе.
    Ручек: ориз со неутрални намирници, домат и домашно лебче.
    D1E793A0-F5C8-4466-90C1-2C2B74BC48C2.jpeg

    Вечерата ќе биде исто само без леб.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    Вчера ручав јајца, вечерав месо.
    Денес ручав грав, па си земав и две ќофтенца..
    Дојдов на работа си купив смоки и едни грисини што имаат скоро 400калории на 70грама.
    Свесно.
    Не знам дали да прекинам или да се заинатам да ги мавнам тие последни 3-4 килца.. ама не знам како:(
     
  14. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    36/90 јаглехидратен ден
    Пола банана и кафе
    Ручек: бев гладна а дома немаше избор што да се јади па ај ова малку пржено со мн малку масло.
    И после тоа ја утнав :bandit: бевме излезени и каснав од пицата на мажот ми.
    8F415ECC-C351-4420-A94F-1644DB4509C3.jpeg Не вечерам само нес кафе испив и ќе се потрудам малку црно чоколадо да изедам, благо нема.

    Салце воопшто ми се нема стопено освен задршката на течности и малку во обем. За овие денови е малку. Незнам дали тоа се должи на грешките или таков си ми е организмот.
    И многу бавен метаболизам имам.
    Тоа е. :doh:
     
  15. Cricket

    Cricket Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    Ден 1/90

    Денес ќе почнам да се придржувам на овој режим на исхрана. Прв пат ќе ми биде и се надевам нема да има многу грешки. Мислам дека немам многу за симнување, 167цм сум висока со 65-66кг амаа никако не можам да дојдам до точка каде што ќе речам е сега сум задоволна. Вака барем психата ќе ми биде помирна :)
    Па посакајте ми среќа и поправајте ме ако грешам некаде, па и карајте ме - нема лутиш:inlove:

    Кафето го испив, ќе јадам праски.
    Ручек мислам дека ќе биде некоја салата со кисело млеко, таман за времево :)
     
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    37/90 овошен ден
    Се надевам нема да го утнам :worried:
    Ќе пишам вечер.
     
  17. Cricket

    Cricket Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    946
    Пол:
    Женски
    И официјално 1/90
    Д: 2 праски
    Р: 3 многу малечки јајца (прв пат гледам такви (fingers)), едно парче сирење, кисели краставички и домат.
    Вечерата ќе биде чаша јогурт со мелен лен.

    Сакав да прашам за киселите краставички дали се дозволени?
     
  18. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    Си згрешила. Ако јадеш јајца требало супа да пиеш, без сирење.
    Ако јадеш сирење треба јогурт да испиеш и тоа само за ручек.
    За киселите краставички незнам. Но подобро е свежа салата. 854515C2-D1CE-4B4E-95E3-773039B82949.jpeg
     
    На Cricket му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.172
    Допаѓања:
    15.656
    Пол:
    Женски
    И денешниот овошен не беше овошен..
    И се откажувам, не ми оди веќе.
    Ќе пробам уште 5кг некако да ги симнам, ама не со ун, не можам овошниве :/
    Со среќа на сите
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.124
    Допаѓања:
    50.073
    Ти барем симна килограми, јас ништо само задршката на течности. На 10 ти ден кога се мерев бев -4 и вчера исто си беше на 37 ден :(
    Да ми помини одморот и од септември почнувам по мој режим, не ја држам веќе УН.

    38/90 Протеински ден
    Бев прегладнета сабајле кога станав и јадев леб и јогурт.
    Ручек една чаша таратор, тиквички пржени и сирење.
    Вечерата се прејадов пак од истото :( се понашам како да немам видно јадење ама пак многу ми фали јогурт и сирење.
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.