Здраво и јас планирам да ја почнам оваа диета.јајцата ќе може ли пржени да бидат или само варени треба?
Девојки ај молам за одговор Салата со цвекло морков и марула ќе можели.. зеленчук се јадели ли на пр тиквичка модар патлиџан да искомбинирам со месо.. денес ние прв ден сабајле се напив млака вода со лимон и една банана изедов.сега за ручек се мислам што.
Може да бидат пржени и но на нелеплива тава со една лажица масло. Може. Сите тие се неутрални намирници.
Ти благодарам многу чекав одговор е сега на пр појадокот ми беше во 10 ручекот во колку да ми биде јас уште не сум јадела не сум мн гладна..вечерата точно 18 треба така
На протеински ден времето помеѓу оброците треба да биде барем 4 часа, на скробен и ЈХ по 3 часа, а на овошен по 2. Нема одредено во колку часот треба да ти се оброците, си ги прилагодуваш како ти одговара. Само треба да се придржуваш на времето помеѓу ручек и вечера. А за времето помеѓу појадок и ручек не сум сигурна ама мислам дека треба 2 часа да е.
Девојки вие што одите 3 смена на работа како издржувате, како ви е распоредот и дали користите плус некој додаток во исхрана?(витамини,суплементи)
Индивидуално е кај секој различно.Кајмене без физичка активност не функционира баш најдобро.А со физичка активност повторно е бавно за разлика со некој други што слабеат и по 10кг во месец но во просек слабеам 3-5кг месечно.Почнувам од понеделник но колку ке издржам незнам бидејќи работам во три смени
Решена од денес на диетата да бидам па како почетник дајте предлози за почеток и редоследот како да биде секој совет добредојден.
Повратник после многу години на диетава. Денес втор ден, скробен 2/90 доручек : 2 праски ручек : салата од црвен грав вечера : салата од црвен грав Вчера почнав со појадок јаболки, ручек пилешко и вечера јајца. Ме интересира бистрата супа, само во протеиски ден беше? Или зеленчукова и во скробен? Уште не сум зела а ќе земам секако, првите 4 дена да се привикнам и ќе терам после. Првиот пат најмногу имав ефект од диетава, ама овој пат и вежбам убав тренинг, појак, па ќе видиме.
Има еден зелен микс од Кам, плус патлиџан сецкам и додавам конзерва грав или пченка. Денес беше грав. Гледам во вид на салата да е за да изедам повеќе зеленило од главното.
Neli sto jades za rucek treba da e i za vecera? Primer rucek meso i vecera meso, ne smee da se mesa Inaku i jas pocnuvam od denes i se nadevam ke isteram do kraj 1/90 D: dve kruski R fisfingeri przeni na malku maslinovo, kriska leb i salata V pola od rucek (so kriska leb bev mnogu gladna)
Абе ај јас ја утнав со ручекот и вечерата, ама ти со фишфингериве? Шала на страна, фишфингер не ти е протеин, да знаеш, и баш ти е мешање на протеин со јх. Исфрли ги од диетава.
@AngelOfArh Јас јадев бистра супа во протеински, а зеленчукова супа со неутрални намирници во скробен и овошен (витамински) меѓу оброци, за да ме држи сита. Имав многу добар резултат овој пат. Тебе те читам стално нешто почнуваш диети, а не довршуваш. Не си наоѓај изговор, ако сакаш да ги мавнеш тие вишок килограми сфати го ова озбилно,не за друго, за здравјето! Морам да те карам и јас бев вака, почни денес па прекини, па пак почни .. итн итн.
Јас сум ти цел живот на диета, во теорија се знам, што како е, ама никако во пракса. Ги симнав 10те закоравени кила од бременост, сега одам даље со оние од пред тоа.
@AngelOfArh И јас сум, затоа I feel you sista’ Колку имаш за симнување, секако ако не е тајна? Нели, колку повеќе кг толку побрзо се симнуваат. Ова во пракса-јас го потврдив дека е така И сега пазам со друга диета секако,и одам надолу... и никогаш нема да дозволам да се вратам на тие килограми,никогаш!
20 имам за симнување, за да останам бремена со второ, па после јово на ново. Не можам на оваа килажа, не сакам, да останам бремена со второ.