Поради стомачен вирус викендов диетата отиде во неповрат, само бистра супа се јадеше. Почнав од вчера пак. Искрено од вирусот или не знам од што не можам да ги јадам цели оброци па ги цепкам, на 3 пати бар, знам не е по правило ама додека дојдам на свое мора така. Денес скроб, би му дошло 2/90, пак, компир и пржена тиквичка и модар патлиџан на грил. Најтежок ден за на работа ми е скробен, иначе ќе се јаде скроб во рибен ресторан денес за вечера, леле мори мајко! Малку турбулентни денови имам, презафатена со работа, ама се трудам да пазам, а почнав од вчера и пак со тренинг. Од одмор наваму - 1.5кг. Се осеќам подослабено, по алишта.
@AngelOfArh Се си мислам ќе почнам да те дружам Кето не е за мене. Не сум љубител на месо и мрсно. Јас сум по овошјето, по салатите.. А таму го мерам патлиџанот, за да му гу избројам јаглехидратите Овошје-нема. Смути-нема Уште 5-6кг сакам да намалам, мислам да почнам од 1ви... еден месец доволно ќе биде.
У друштво е поинтересно! Денес ми е јх ден, 3/90, гевречиња за ручек и мислам дека ќе се потрудам вечерата да не биде нешто тешко и благо, можеби дури и место бладо да јадам некоја фурнаринка.
Јас ја почнав и издржав само неколку дена. не знам што е проблемот со мене ама ми се јади а овошјето слабо ме држи до ручек плус имам само 5-6 кг за симнување и си велам пак од 1 сеп да почнам барем месец или да вежбам. ми сметаат мн овие вишок кг посебно зашто стомакот ми е само 2 кг а сум слаба.
Пажња пажња... Рецепт за недосаден ориз за скробен ден! Денес ми е 6ти ден (6/90) и планирам овој ориз да ми претрпе многу верзии зошто од бременоста имам некоја одбивност од класично ориз тавче. Мислам дека тој беше првиот оброк кој го направив откако дознав дека сум бремена и ми замириса толку лошо што за навек го исклучив од мозок. Си варите ориз како за сутлијаш ама без млеко нели, 1:3 и го миете со ладна вода низ решетка. Пржите на масло малку кромидче, пиперче, морков, печурка и откако ќе се испржи (по ред додавав зеленлуциве, печурки на крај) го додавате оризот сварен измиен и исцеден и зачинувате. За недиеталци може грилано месо или морски плодови. Планирам да додадам некогаш грашок, леќа сварена или уште некој скроб, нели се меша до 20%. Супер ми дојде.
Следниот пат и тиквичка додади, не знаеш каков вкус дава. Го мразев скробен ден пошто ми се гади од компири, ориз, грав итн, ама оривчево со тиквичка баш ми се свиѓаше, само тоа јадев.
Терам нешто случно на ун еден овошен па еден протеински па пак овошен па скроб па овошен само јх не терам тиме дуе да не има некој искуство со ваков решим?
Овошјето те дуе повеќе. Јас познавам една жена што без овошен повторување само овие 3 дена ослабе 45 кила. 9/90 протеински доручек - две праски ручек - салата и стекче вечера - салата и стекче Лебот го баталив, супа никако не пропив, за 1 недела 2 кила манав и не е вода пошто таа со еден режим претходно ја исфрлив. И се зезнав за сите пари, си купив облека за вежбање и изгледа ќе ми биде за брзо голема. Оу јеа!
оо ангел јас два пати по 30дена ја имам терано ун не ми делува не симнував ни грам а се придржавав малце е за мене овошен еднаш на 4дена за мојот организмам ти викам затоа решив преку еден овошен недела дена -3кг
Хелоу диеталки. Мене ме има па ме нема, па као цело времетерам шема ун, арно ама, периодов ем седечка работа, ем колегијална солидарност да ручам со нив јадам без врска, па се некој повод има каде некој части пици, торти, кока коли и вагата страшни бројки покажува, гардеробата за поголем број плачи... Еве од денес решив да терам истрајно, коректно до максимум 2 некратини и кафе без млеко и шеќер 3 варени јајца и варен ѓеврек до вечер уште 2 јајца и салата ќе се јади
Да, варен, место леб. На работа немам опција парче леб, секако не сум по леб а денес немав салата и само јајца без ништо не ми одеа па затоа
Ама ѓеврекот не е леб, не го зимај. Поаено без леб. Ѓеврек не е леб. Јас веќе 9ти ден само еднаш јадев леб, не сум каснала.
Се мислам дали и јас да почнам да ве дружам.Симнав околу 8 килограми од нејадење благо,леб,газирано... Ама пак ми здосади секој ден да рамислувам што да јадам а вака на ун барем знам денеска ова утре она...Имам околу 10-12 килограми за симнување ја имам и порано држено ун така да не мине тешка.Ајде од утре се дружиме.
Женски јас денес се онесвестив малку. Ви се случило? Гладна не сум, ме боли глава ама не страшно. Вчера на скробниот мајка му расплакав. Ич не ми се јадеше. Ама па бев и во село и немав избор на јадење и гнетев леб, колку што немам изедено 10 дена изедов вчера па си викам ај ова светено не е страшно 11/90 ЈХ ден доручек 2 праски ручек 2 ѓеврека вечера 1 ред црно чоколадо, парче торта со капини и топка сладолед
Жени 9ти ден ми е а немам симнато ни грам. Ви се има случено? Пред циклус бев кога ја почнав дали има врска? Генерално строго по правилата ја држам, почнувам да мислам да не не ми одговара овој начин на исхрана
Чекај Монке, рано е. Јас првиот пат кога ја држев дури по 6тиот месец во рок од неколку дена наеднаш симнав 30 килограми. Не се откажувај и батали вагање засега . Јас ден трети Вчера нектарини, тавче ориз со лимон + салата. Каков иштав ми правеа дечките со чоколадни наполитанки ама издржав Си тргнав неколку за денес, ме чекаат. Појадок банана, ручек 2 кифли
извии бубале ама ова просто е невозможно да држиш ун 6месеци да не симнеш ништо и у рок од неколку дена да симнеш 30 кг мислам дека е лудо